Самит на Г-20 во Вашингтон во 2008

Самитот на Г-20 на водачите на финансиските пазари и на светската економија се одржа на 14-15 ноември 2008 година во Вашингтон. На овој самит се постигна општ договор помеѓу членките на Г-20 за тоа како да соработуваат во клучните области, со цел да се зајакне економскиот раст, да се справи со финансиската криза, и да се постави основата за реформи за да се избегнат слични кризи во иднина. Самитот произлезе од иницијативата покрената од страна на претседателот на Франција и Европската унија, Никола Саркози и британскиот премиер, Гордон Браун. Во врска со министрите за финансии на Г-7 на 11 октомври 2008 година, претседателот на Обединетите Држави, Џорџ Буш изјави дека на следниот состанок на Г-20 од големо значење ќе биде изнаоѓањето на решенија за економската криза. Бидејќи многу економисти и политичари повикаа на нов Бретон Вудс систем (Bretton Woods system) (парично управување кое беше создадено по Втората светска војна) со кој ќе се преконструира светската финансиска структура, состанокот понекогаш се опишува од страна на медиумите како Бретон Вудс II.

Прелиминарна историја

уреди

Бретон Вудс II е неформална ознака за системот на валутни односи кои се развиле во текот на 2000-тите години. Како што е опишано од страна на политичкиот економист Даниел Дрезнер (Daniel Drezner), "Со овој систем, САД водат сметка за масивниот дефицит на тековната сметка да биде извор за зголемување на извозот за другите земји. За финансирање на овој дефицит, централните банки, особено оние на Тихоокеанскиот Рим (Pacific Rim), купуваат долари и доларски деноминирани средства. Идејата на "оживеан Бретон Вудс систем" беше претставена во документот на Дули(Dooley ), Фолкертс-Ланда(Folkerts-Landau ) и Гарбер (Garber) од 2003 година , во кој е опишан како систем во пораст по завршувањето на Студената војна, без право на избор од земјите, главно во Азија, [која] што ја избра истата периферна повоена стратегија како и Европа и Јапонија, намалувајќи ја вредноста на девизниот курс, управувајќи со доста големи девизни интервенции, наметнувајќи контрола, акумулирајќи резерви, и поттикнувајќи го извозот, преку испраќање на стоки за конкурентнате централни земји. Во 2005 година, Рубини (Roubini) и Сетсер(Setser) сметаа дека системот е неодржлив: Доколку САД пред да ја исцрпат подготвеноста на светските централни банки да продолжат и понатаму да ги зголемуваат нивните доларски резерви, не преземат политички чекори за да ги намалат потребите од надворешно финансирање– и доколку останатиот дел од светот не преземе чекори за намалување на зависността од неодржливо проширување во домашната побарувачка за поддржување на својот сопствен пораст во САД - ризикот од тешко приземјување на САД како и на глобалната економија ќе расте. Основните црти на тешко приземјување можат лесно да се предвидат: драстичен пад на вредноста на американскиот долар, брзо зголемување на долгорочните каматни стапки во САД и остар пад на цената на ризичните средства вклучувајќи ги акциите и становите. Приспособувањето на цената на средствата ќе доведе до тежок економски застој во САД, како и до намалување на увозот во САД кој влијае на економскиот застој на САД и на падот на доларот , што пак ќе доведе до глобален економски застој,а можеби и до целосна рецесија.

Финансиската криза од 2007година

уреди

На 26 септември 2008година, францускиот претседателНикола Саркози, во моментов, исто така и актуелен претседателот на Европската унија,изјави: "Ние мора одново да размислиме за финансискиот систем, како во Бретон Вудс." На 13 октомври 2008година, британскиот премиер Гордон Браун изјави дека светските водачи треба да се согласат на нов економски систем. "Мора да создадеме нов Бретон Вудс, да изградиме нова меѓународна финансиска архитектура за годините што следуваат”. Меѓутоа, Браунoвиот приод е поразличен од оригиналниот Бретон Вудс систем, и го нагласува продолжувањето на глобализацијата и на слободната трговија, што е спротивно на враќањето кон фиксен девизен курс. Меѓу Браун и Саркози постоеле несогласувања околу неуспешноста на "англосаксонскиот" неодмерен пазарен модел. Италијанскиот министер за економија Џулио Тремонти (Giulio Tremonti) изјави дека Италија ќе го искористи своето предавање со Г- 7 во 2009 година за да притисне постигнување на "Нов Бретон Вудс." Тој се сомневаше во можноста на САД за справување со светскатата финансиска криза од 2008 година, и укажа на тоа дека доларот како основа валута на Бретон Вудс системот може да биде заменет. [11] [12] [13] На 20 октомври 2008 година, за италијанскиот дневен весник Corriere della Sera, Тремонти изјави дека предлозите за нов Бретон Вудс биле излагани многу години пред тоа од страна на американскиот политички активист Линдон Ларуш( Lyndon LaRouche).

Водачите на Г-20 и делегатите на Самитот на Г-20 на водачите на финансиските пазари и на светската економија на 15 ноември 2008година( сабота) во зградата на Националниот музеј во Вашингтон.

Земји-Учеснички

уреди

Формулата е "Г-7 плус". При најавувањето на самитот, претседателот на САД, Џорџ Буш истакна дека Самитот ќе ги обедини индустриските земји-членки на Г-20 . Г-20 е основана со цел да одговори на финансиските превирања во периодот од 1997-99 година преку развојот на политики, кои "ќе промовираат меѓународна финансиска стабилност". Г-20 се состои од земји кои се сметаат за системски важни, но не вклучува повеќе од 170 влади (192 влади се членки на Обединетите нации). Првиот состанок на Г-20 водачите на финансиските пазари и на светската економија се одржа на 14-15 ноември 2008 година, во зградата на Националниот музеј во Вашингтон, Учесниците беа: Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Народна Република Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Република Кореја, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Европската унија (претставена од страна на Претседателот на Франција Никола Саркози, како претседател на Европскиот совет, како и од страна на Жозе Мануел Баросо, претседател на Европската комисија), Холандија (на која и е дозволено вонредно присуство), Шпанија (на која и е дозволено вонредно присуство), Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Форумот за финансиска стабилност. Иако холандскиот премиер Жан Питер Балкененд( Jan Peter Balkenende) пристигна во воздухопловната база Ендрјус вечерта на 14 ноември, тој веднаш по известувањето за смртта на неговиот татко се врати во Холандија;на негово место Холандија беше претставена од страна на државниот секретар Јан Кис де Јагер( Kees de Jager).

Предлози

уреди

Германската канцеларка Агела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози,изјавија дека "Бретон Вудс II," треба да придонесе за "вистинска,сеопфатна реформа на меѓународниот финансиски систем". Советот на Европската унија средбата ја гледа како "преземање на предвремени одлуки за транспарентност, глобалните регулаторни стандарди, надзор на граничните премини и управување со кризи, со цел да се избегне судир на интереси и да се создаде систем за рано предупредување, па да се создаде доверба меѓу штедачите и инвеститорите во секоја земја. "При најавувањето на состанокот, портпаролот на американскиот претседател Џорџ Буш рече дека "водачите ќе го разгледаат напредокот направен при решавањето на актуелната финансиска криза, заедничкото разбирање на причините за нејзиното настанување, и водачите ќе се договорат за заеднички принципи за реформирање на регулаторните и институционалните режими во светскиот финансиски сектор со цел да се избегне нејзино повторување ". Во говорот одржан во средината на октомври, премиерот на Велика Британија, Гордон Браун, постави неколку принципи. Тие вклучуваат транспарентност (меѓународно договорените сметководствени стандарди, пазарни стандарди за кредитено осигурување ), интегритет (кредитни агенции, извршни плати), одговорност (компетентност и стручност членовите на Управниот одбор), корисна банкарска пракса (заштита од шпекулации). При обраќањето кон водачите на Г-20, кинескиот претседател Џу Јинтао(Hu Jintao), наброја четири приоритети при реформирањето на меѓународниот финансиски систем: засилена меѓународна соработка во финансиската регулатива; унапредување на реформата за меѓународните финансиски институции, поттикнување на регионалната финансиска соработка, како и подобрување на меѓународниот валутен систем. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Чин Ганг(Qin Gang) рече дека договорот е "сеопфатен, позитивен и урамнотежен" .

Клучни достигнувања

уреди

Белата куќа објави дека самитот го постигна она што ќе биде декларација од Вашингтон. Петте клучни цели околу кои водачите се согласија беа:

  • постигнување на заедничко разбирање на основните причини за глобалната криза;
  • Преглед на преземените дејствија како и на оние што ќе се преземат во иднина од страна на земјите за справување со моменталнта криза и зајакнување на порастот;
  • постигнување согласност околу општите принципи за реформирање на нивните финансиски пазари;
  • отпочнување на акционен план за реализација на овие принципи и барања до министрите да се развијат понатамошни специфични препораки кои ќе бидат разгледани од страна на водачите на самитот што следува и
  • потврдување на посветеноста на принципите на слободниот пазар.

Белата Куќа во "Fact Sheet" објави преглед на останатите клучни точки од состанокот, додека пак целосно резиме е дадено во Декларацијата на Самитот. И покрај оптимизмот изразен од многумина од присутните, набрзо се појавиле сомнежи за успехот на средбата како и за шансите за постигнување на сите зацртани цели. Управувачката Тројка со Г-20 за 2009 година, (Велика Британија, Бразил, Јужна Кореја) е обвинета за координирање на задачата која се однесува на содржината и начинот на спроведување на 47-те краткорочни и среднорочни цели до март 2009 година. Следен самитот се одржа на 2 април 2009 година во Лондон,

Реакции

уреди

Од Делегациите-учеснички

  • Бразилскиот претседател Луиз Инацио Лула де Силва( Luiz Inácio Lula da Silva)ја поздрави одлуката на самитот да им се даде шанса на економските сили во развој, како Бразил, Мексико, Русија, Кина и Индија при реструктуирањето на глобалната економија.

Кинескиот претседател Ху Џинтао наброја четири приоритети при реформирањето на меѓународниот финансиски систем: засилена меѓународна соработка во финансиската регулатива; унапредување на реформата за меѓународните финансиски институции, поттикнување на регионалната финансиска соработка, како и подобрување на меѓународниот валутен систем. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Чин Ганг(Qin Gang) рече дека договорот е "сеопфатен, позитивен и урамнотежен" .

  • По средбата, францускиот претседател Никола Саркози, изјави: "За првпат, различните земји како што се овие на овој Самит на Г-20 во САД постигнаа договор за принципите и постапките за акција,како и за амбициозниот акционен план”.
  • Германската канцеларка Ангела Меркер рече дека застојот во Доха рундата на глобални трговски разговори треба да биде надминат, така што пред заминувањето на претседателот Буш од функцијата во јануари би се постигнал основен договор.
  • Индискиот премиер Манмоан Синг( Manmohan Singh)го поздрави самитот и истакна дека "за првпат постоел вистински дијалог меѓу голем дел од развиените земји и економиите во развој" .Тој исто така додаде и дека самитот е "јасен показател дека урамнотежувањето на моќта е всушност префрлање во корист на економиите во развој ".
  • Претседателот на Јужна Кореја Ли Мјанг Бак(Lee Myung-bak), рече: "Г-20 нациите мора да го водат патот, при што застојот во Доха договор на СТО би се надминал што е можно побргу" Тој исто така го одржа воведниот говор на самитот на Г-20, во кој истакна дека Г-20 земјите мора да создадат "Постојана"декларација за трговија и инвестициски ограничувања.
  • Британскиот премиер Гордон Браун на прес-конференција изјави: "Ова се вонредни времиња, а тие бараат вонредни мерки". "Ако моето синоќешно чувство е вистинско, тогаш на следниот состанок ќе бидат донесени планови за детални реформи на меѓународните институции ", рече тој по состанокот.
  • Претседателот на САД, Џорџ Буш рече: "Ние ги приспособуваме нашите финансиски системи на реалноста на 21-от век" . ВОА известија дека по самитот Буш изјавил: "Нашите земји се согласија дека финансиските пазари мора да ги направиме потранспарентни и отчетни. Транспарентноста е многу важна, така што на инвеститорите и регулаторите ќе им биде овозможено да ја знаат вистината.
  • Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, беше задоволен од исходот на самитот: " Навистина може да се каже дека ова е историски самит. Јас сум многу, многу среќен. ". Тој додаде дека никој не очекуваше решение-чудо, нагласувајќи дека сега постои "јасен временски распоред 'за реформирање на светскиот финансиски систем. "Ова е почеток на еден процес, а не крај," објаснува тој.

Од печатот

уреди

Финансискиот печат генерално ги поздрави резултатите од самитот, но Financial Times привлече внимание со потребата од вистинска глобална соработка на амбициозната агенда, додека пак Wall Street Journal праша дали "регулаторното преземање на остри мерки од видот на високоризични заеми и инвестиции коешто го доведе светот во финансиски хаос " може да резултира со предизвикување на несакана кредитна криза. Business Week наброја голем број на тешки фундаментални прашања, кои министрите за финансии сега ќе мора да ги решат до крајот на март. Ова вклучува трговски тензии и протекционизам, потрошувачка, цени за домување, законски мерки и како да се постигне глобална координација. Hindu 's Business Линијата смета дека " многу добро да зборува безгрижноста при воспоставувањето новиот Бретон Вудс,но кога не постои прифаќање на светското посредништво од страна на западните идеи, потегот е осуден на пропаст- ab initio.

Слични напори

уреди

Постои "Интерактиен панел за светската финансиска криза" на ОН, основан од страна на Генералното собрание на ОН. Својот прв состанок го одржа на 30 октомври 2008 година, во Њујорк,а кој беше предводен од професорот Џозеф Стиглиц. Состанокот опфаќа слични области како оние опишани погоре, но вклучува поширок спектар на земји. Тој лобира на договор, кој ќе ги вклучува сите членки на ОН. Работата на панелот сега (јануари 2009) ја изведува "Комисијата од експерти за реформата на меѓународните финансиски системи", исто така, предводена од професорот Џозеф Стиглиц.