Руса седефка
Руса седефка (Polygonia egea) е пеперутка од семејството на шаренците.[1] Пеперугата живее во Јужна Европа, а ја има и во Македонија.
Руса седефка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Polygonia |
Вид: | Руса седефка |
Научен назив | |
Polygonia egea (Cramer, 1775) | |
Синоними | |
|
Опис
уредиВозрасните единки летаат од март до септември, во зависност од географската локација. Ларвите на пеперутки се хранат со растението Parietaria officinalis. Телото на пеперутката е темнокафено, а со иста боја се и антените. Горната страна на пеперутката е во кафеава боја. Внатрешноста на крилјата се исполнето со неправилни црни точки, а кон врвот на крилјата има темнокафени дамки. Самите крилја се забележителни по неправилната форма на рабовите. Покрај рабовите има темнокафена бордура. Долната страна наликува на исушен лист. Оваа страна е составена од различни нијанси на кафеава боја.[2]
Наводи
уреди- ↑ "Nymphalis Kluk, 1780" at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Stichel, H. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.