Ропство (Коле Неделковски)

„Ропство“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски, дел од неговата збирка „Молскавици“, објавена во 1940 година во Софија.

Анализа на песната

уреди

Песната е напишана под големо влијание на македонската народна поезија. Така, по примерот на народните песни, таа е прикажана во форма на разговор меѓу мајката и синот. Притоа, мајката му кажува на синот дека „иде силен екот“ кој „мира не ни дава“, а тоа е „тиранот гладен“, кој „кај што мине — чума мори / кај што седне — земја пишти“.[1]

Наводи

уреди
  1. Тодор Димитровски, „Коле Неделковски (1912 — 1941)“, во: Коле Неделковски, Песни. Македонска книга, Скопје, 1967, стр. 8.