Романтизам (архитектура)

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Романтизмот и класицизмот претставуваат два вида еклектицизам, кои се сметаат за спротивни еден на друг. Романтизмот во архитектурата се темели на слично движење во литературата, кое проповеда враќање на националното и природата. Тоа се смета за капитулација пред современите трендови и барања за решавање на судирот меѓу уметноста и техниката (потреба од кохезија).

Brama Rzymska in Puławy, Poland

И покрај тоа што романтизмот се смета за силно движење, пред сè духовно, тој се спровел раситнето во градителството. Објектите се пренатрупани со наводно живописни мотиви: надѕидоци, кули, доксати, фигуративна и орнаментна пластика итн.

Појава

уреди

Романтизмот се појавува во XIX век, во Европа.

Главни одлики

уреди

Романтизмот означува ослободување од математичко-симетричниот поредок на нештата. Симетричноста се смета за несфатлива и одбивна, како за архитектите така и за уметниците. Затоа, тие и не се враќаат кон класиката која има строга композиција, туку кон стиловите како романика, готика или некои други правци, кои ги сметаат за поживописни, а припаѓаат кон средновековието.

Романтизмот во модерната

уреди

Правецот се смета дека бил присутен во модерната, но и денес, во вид на поединечна појава, наречена како личен романтизам, поврзан со судирот на рационалните потреби и новостите од технологијата. Современиот романтизам се спроведува преку собирање на современи мотиви и нивна употреба без логична и функционална потреба за истите. Така се појавува и историзмот во неколкуте постмодернистички правци. Тој заговара поединечен избор на историски фрагменти и нивна некритичка примена, со цел-симболизам.

Галерија

уреди

Извори

уреди

„100 години МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА големите движења и мајстори„ Михаил Токарев [1] Архивирано на 5 мај 2016 г.