Романса е еден вид на песна карактеристична за народната шпанска литература (Шпанска романса), кој ја користи истата метричка форма. Романсата е карактеристчна на усната традиција и станала популарна во XV век, кога за првпат се собирале и запишувале. Романсите главно се наративни поеми со различни теми, според различната тематика и според различниот вкус. Романсите се изведуваат со рецитирање, пеење или со мешање на претходните два метода.

Потекло

уреди

Зборот романса (Предлошка:Јез-ес) се појавил во почетоците на писменоста на кастиљски јазик, и сите јазици кои потекнуваат од латинскиот јазик[1]. Подоцна станала синоним за кастиљски јазик, или во уште потесна смисла, народен јазик. Во првата половина на XIII век, зборот започнува да означува состав во стих, песна, без оглед на темата, и метричката форма. Затоа означува долга, наративна песна која не се пее, туку се рецитита, а потоа епска песна, а потоа зборува за проза. Исто така, некои хиспанисти веруваат дека во XIV век збор (стара форма на зборот) е синоним за јуначка песна или кантарес де хест (Предлошка:Јез-ес). Во XV век, романсата добила вредност која ја задржила и до денес: епско-лирска песнасо утврен метрички облик.

Романсеро е име за збирка на романси, кои почнале да се печатат во XV век. Во почетокот, ова име слабо се користело. Подоцна почна да се користи не само во Шпанија, туку и во други држави како име за збирка на песни како шпански слични на шпанска романса.

Потеклото на романсата не многу утврдено. Се верува дека тие дошле од епски херојски песни (Предлошка:Јез-ес), но, сепак, не биле како посебна поетски творби, туку биле особено популарни делови од веќе постоечките епски херојски песни. Овие делови се резултат на неговата популарност, пеење или рецирирање одделно во сите слоеви на друштвото, додека не целосно се одделиле од првобитната целина и ја губеле своот епски карактер, и добибање на лирски елементи.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Павловић-Самуровић Љ. Солдатић Д. Шпанска књижевност. Нолит Београд, 1985. стр. 153-187