Романова порта (Цариград)
Романовата порта односно Петта воена порта, или пак позната како порта на Свети Роман се наоѓа на местото каде според преданието загинал последниот византиски цар Константин XI Палеолог (1449—1453) во борбата против Османлиите[1] во денешен Истанбул, Турција. Портата се наоѓа меѓу 65 и 66 кула. Портата претставува едноставен премин преку внатрешниот ѕид, кој е зацврстен со една квадратна кула која се наоѓа на нејзината десна страна. Портата е висока 26,5 метри и е втора по големина по Златната порта[2].
Романова порта | |
---|---|
Поглед кон портата | |
Општи податоци | |
Град | Истанбул |
Земја | Турција |
Денеска, во Турција е позната како Кучум порта или портата на нападот кое го означува навлгувањето на Османлиите токму низ оваа порта на 29 мај 1453 година[3]. Иако во времето на византиската ера низ неа не можело да се излезе надвор од градот, во времето на османлискиот период ѕидините биле запоставени, така што денеска низ неа поминува една асфалтна улица која претставува спореден излез од стариот град. Покрај портата е поставена една спомен плоча на кој пишува дека Османлиите го зазеле градот преку оваа порта.
Наводи
уреди- ↑ van Millingen 1899, стр. 89
- ↑ Runciman 1990, стр. 91
- ↑ van Millingen 1899, стр. 80–81