Роза Ана Гаравоља
Роза Ана Гаравоља (родена Магно; 8 март 1933 - 22 ноември 2016 година)[2] била италијанска милијардерка, сопственик на 51% од Групо Кампари.
Роза Ана Гаравоља | |
---|---|
Роден(а) | Роза Ана Магно 8 март 1933[1] |
Починал(а) | 22 ноември 2016 |
Националност | Италијанка |
Познат(а) по | Сопственик на 51% од Групо Кампари |
Сопружник | Доменико Гаравоља (починат) |
Деца | 3, вклучувајќи Лука Гаравоља |
Поседувала 51% од Групо Кампари, најголемиот производител на алкохолни пијалоци во Италија и шести по големина во светот.[2][3] Во мај 2015 година, нејзиното нето богатство било проценето на 3,2 милијарди долари.[3]
Таа ги наследила своите акции во Кампари од нејзиниот покоен сопруг Доменико. Имале три деца Лука Гаравоља, Алесандра Гаравоља и Мадалена Гаравоља. Лука Гаравоља е претседател на Групо Кампари.[3]
Смрт
уредиПочинала на 22 ноември 2016 година, на 83-годишна возраст, а било објавено дека нејзиниот син Лука Гаравоља, претседателот на Кампари „сега ќе ја преземе контролата над Аликрос, кој поседува 51 отсто од капиталот на Кампари и уште поголем дел од гласачките права“.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Società quotate Trevisan SpA“ (италијански). Commissione Nazionale per le Società e la Borsa.
- ↑ 2,0 2,1 Foroohar, Kambiz (6 March 2013). „Hidden Billionaire Garavoglia Pouring Campari Fortune“. Bloomberg. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Rosa Anna Magno Garavoglia“. Forbes. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ Reuters Editorial (22 November 2016). „Campari chairman takes control of main shareholder after mother dies“. Reuters. Посетено на 27 December 2016.