Родриго де Херес

шпански истражувач

Родриго де Херес (шпански: Rodrigo de Jerez) — шпанските член на екипажот кој отпловил кон Америка на бродот „Санта Марија“ како дел од првото патување на Кристофер Колумбо преку Атлантскиот Океан во 1492 година. Бил роден на во Ајамонте, мал град на југозападот на Шпанија. Се смета дека тој бил зпрвиот европски пушач.

Родриго де Херес

На 12 октомври 1492 година, екипажот првпат наишол на тутун на островот Сан Салвадор на Бахамите, познат кај домородците како Гуанахани. Домородците им подариле вредни „суви лисја кои шират необичен мирис“. Екипажот подоцна ги фрлил листовите.

Во ноември 1492 година, Херес и Луис де Торес првпат забележале домородци како пушат. Тие го барале царот на Кина, императорот Хонгџи, во Куба. Очигледно, домородците правеле ролни од лисја од палма и маис „на начин на мускета од хартија“ со тутун одвнатре. Едниот ќе ја запалел едната страна и ќе го „испиел“ чадот од другата.

Херес ја започнал навиката за пушење тутун. Кога се вратил во Европа во Ниња, ја вовел оваа навика во неговиот роден град Ајамонте. Чадот што го опкружувал ги исплашил неговите соседи: шпанската инквизиција го затворила поради неговите „ грешни и пеколни “ навики,[1] затоа што „само Ѓаволот можел да му даде на човек моќ да издишува чад од устата“. Кога бил ослободен седум години подоцна, пушењето тутун станало популарно.

Наводи

уреди
  1. „Rodrigo de Jerez, de eerste roker van Europa“. Historiek. Посетено на 25 November 2017.