Родоски пешачки мост

Родоскиот пешачки мостстарогрчки лаковен мост во градот Родос, Грција. Датира од 4 век п.н.е. или раниот хеленистички период, скромната структура го претставува најстариот познат грчки мост со вусоарски лак.[1]

Родоски пешачки мост
ПреминуваCulvert без име
МестоРодос, Грција
Особености
ВидЛаковен мост
(најраниот познат грчки вистински лаковен мост)
Материјалпороски варовник
Вкуп. должина2.8 м
Ширинаок. 8 м
Најдолг распон2.8 м
Распони1
Историја
Завршен4 век п.н.е.
Местоположба
Карта

Изградба и местоположба

уреди

Родоскиот пешачки мост бил откриен во 1966–67 година во близина на источното пристаниште на градот Родос, Акандискиот Заливот. Таму вештачки канал од 2,15 м длабочина, се движел напоредно со ѕидините на античкиот град, разделени со улица широка 11 м. Страничните ѕидови на каналот биле изработени од најмалку четири слоја поросни варовнички блокови, истиот материјал користен и за лакот.[2]

Речиси во средината, каналот го поминува 8 м широк лак од камења во облик на клин кој служел како пешачки мост. Заоблениот отвор има единечен распон од 2,8 м, исто со ширината на каналот. Неговиот изненадувачки низок пораст, од редот од 1 до 3−4, му дава изглед на сегментален, па дури и повеќецентричен лак, од кој тој е единствениот познат пример во грчката архитектура.[3]

Иако се тврди дека пешачкиот мост останал единствениот своден мост во грчкиот свет,[4] има - дискутабилни - докази за уште најмалку три грчки вистински лаковни мостови од предримското време.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Galliazzo 1995; Boyd 1978
  2. Galliazzo 1995
  3. Galliazzo 1995; only known instance: Boyd 1978
  4. Boyd 1978
  5. Galliazzo 1995, contested by Briegleb 1971

 

Извори

уреди
  • Boyd, Thomas D. (1978), „The Arch and the Vault in Greek Architecture“, American Journal of Archaeology, 82 (1): 83–100 (91), doi:10.2307/503797, JSTOR 503797
  • Briegleb, Jochen (1971), „Die vorrömischen Steinbrücken des Altertums“, Technikgeschichte, 38 (3): 255–260
  • Galliazzo, Vittorio (1995), I ponti romani, Vol. 1, Treviso: Edizioni Canova, стр. 36, 39f, ISBN 88-85066-66-6

Дополнителна книжевност

уреди
  • Bougia, Polyxeni (1996), „Ancient Bridges in Greece and Coastal Asia Minor“, Дисертација, Пенсилвански универзитет

Надворешни врски

уреди