Рига (регион)

(Пренасочено од Ришки регион)

Регионот Рига или Ришки регион (латвиски: Rīgas reģions), официјално Ришки плански регион (латвиски: Rīgas plānošanas reģions)е еден од петте плански региони на Латвија, кој се наоѓа во централниот дел на државата. Овој регион ја зазема територијата околу главниот град Рига покрај бреговите на Ришкиот Залив. Овој регион бил основан на 12 октомври 2006 година и се заснова на новосоздадената регионална повелба на владата од 25 март 2003.[1] Ришкиот регион зазема површина од 10.132 км2, каде живеат околу 1.098.523 жители и е најголем регион во државата.

Карта на Ришкиот регион во рамките на Латвија.

Население

уреди

Скоро половина од латвиското население живее во Ришкиот регион, што го прави најголем регион во Балтичките држави со население од 1,098,523 жители во 2009 година[2] и густина на население од 303 жители на км2.[3]

Наводи

уреди
  1. „ABOUT THE TERRITORY OF RIGA PLANNING REGION“. Riga Planning Region. Посетено на 2010-01-03.
  2. „RESIDENT POPULATION BY REGION, CITY AND DISTRICT AT THE BEGINNING OF THE YEAR“. Centrālās statistikas pārvaldes datu bāzes (Central Statistics Authority database). Посетено на 2010-01-03. Adding the numbers of "Riga" and "Pieriga" Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „ADMINISTRATIVE DIVISION AND POPULATION DENSITY BY REGION, CITY AND DISTRICT“. Centrālās statistikas pārvaldes datu bāzes (Central Statistics Authority database). Посетено на 2010-01-03. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди