Ристо Петрески
Ристо Војдинов Петрески (1921 во Требеништа, Охридско — 21 февруари 1944 во Ореше, Велешко) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиРисто Војдинов Петрески е роден во 1921 година во селото Требеништа. Се занимавал со земјоделство. Во движењето се приклучува меѓу првите од ова село. Доброволно стапува во редовите на НОБ на 8 септември 1943 година, во составот на Првиот македонски баталјон Мирче Ацев. Како борец на Првата македонско-косовска ударна бригада учествува во Богомилскиот поход и кај местото Ореше загинува на 21 февруари 1944 година.[1]