"Рип Ван Винкл" е краток расказ напишан од американскиот автор Вашингтон Ирвинг, објавен во 1819 година. Овој расказ е напишан додека Ирвинг живее во Бирмингем, Англија, и е дел од збирката насловена „Скица“, составена од Џефри Крејон. Иако приказната е сместена во Њуjорк, во областа Катски, Ирвинг подоцна изјавува „кога ја напишав приказната, го немав посетено Катски“."[1]

Statue of Rip van Winkle in Irvington, New York, not far from "Sunnyside", the home of Washington Irving

Содржина

уреди

Приказната за Рип Ван Винкл е во периодот по американската револуционерна војна. Во мало пријатно селце во подножјето на планините Катски, во областа Њуjорк живее љубезниот Рип Ван Винкл, колонијален англиско-американски селанец со холандско потекло. Рип е дружељубив и донекаде испоснички човек кој ужива во самостојни активности во дивината, но и сите во градот го сакаат, особено децата на кои им раскажува приказни и им дава играчки. Тој, сепак, има тенденција да ја избегнува физичката работа, за што неговата сопруга (госпоѓа Ван Винкл) го кара. На неговата фарма доаѓа до безредие поради неговата мрзеливост. Еден есенски ден, Рип, побегнува од додевањето на својата сопруга и лута низ планините со своето куче наречен Волк. Слушајќи дека некој го вика, Рип се врти и здогледува еден човек, облечен во стари холандски алишта. Човекот бара помош од Рип. Без да проговорат, двајцата одат до амфитеатарот кој изгледа како дупка, и таму Рип го открива изворот на претходно слушнатата врева: група од девет брадести и богато-облечени мажи молчат и играат игра. Никој не зборува, а Рип не прашува кои се тие и како го знаат неговото име. Тој само дискретно почнува да пие од нивниот алкохол и заспива. Се буди под нејасни околности: утро е, неговиот пиштол ‘рѓосал, брадата му пораснала до земја и неговото куче го нема. Рип се враќа во своето село и не препознава никого од жителите. Распрашувајќи се, тој дознава дека неговата жена е почината и дека неговите блиски пријатели загинале во војната или се преселиле. Тој веднаш запаѓа во неволја тврдејќи дека му е лојален на кралот Џорџ Трети не знаејќи дека се наоѓа во периодот на американската револуција и дека позитивниот приказ за Џорџ Трети е заменет со Џорџ Вашингтон. Рип Ван Винкл е вознемирен и поради фактот што запознава човек кој го носи неговото име (всушност, тоа е неговиот син кој е сега веќе пораснат). Луѓето кои живеат во селото му кажуваат дека Рип Ван Винкл си заминал од селото пред дваесет години. Еден постар жител го препознава Рип и го води кај неговата ќерка која е сега веќе возрасна. Рип продолжува со неговото вообичаено безделничење и неговата приказна е сериозно сфатена од холандските доселеници, сопружници, кои откако ќе ја ислушаат ја посакувааат неговата судбина.

Ликови

уреди
  • Рип Ван Винкл – папучар маж кој чувствува одбивност спрема профитабилниот труд
  • Г-ѓа Ван Винкл – сопругата на Ван Винкл која е кавгаџика
  • Рип – синот на Рип Ван Винкл
  • Џудит Гардениер – ќерката на Рип Ван Винкл
  • Дерик Ван Бумел – локален училиштен директор, а подоцна член на Конгресот
  • Николас Ведер – сопственик на локалната гостилница
  • Господин Дулитл – сопственик на хотел
  • Волк - верното куче на Рип

Духот на Хенри Хјустон и неговата група – духови кои го делат пурпурниот магичен ликер заедно со Рип Ван Винкл

Состав и историја на издаваштвото

уреди
 
The first installment of The Sketch Book of Geoffrey Crayon included "Rip Van Winkle".

По неуспешниот деловен потфат со своите браќа, Ирвинг банкротира во 1818.[2] Разочаран, тој почнува да пишува од финансиски причини. Се соочува со тешкотии бидејќи нема идеја. Престојува во Бирмингем, Англија со сопругот на својата сестра, Хенри Ван Варт.[3] Двајцата си ги враќаат спомените, и во јуни 1818 година, Ирвинг добива инспирација од ваквите носталгични разговори.[4] Тој се заклучува во соба и пишува цела вечер без престан. Вели дека се чувствувал како човек што се буди од зимски сон. Тој и’ го претставува првобитниот план за „Рип Ван Винкл“ на фамилијата Ван Верт, за време на појадокот.[5] „Рип Ван Винкл“ е првата книга која Ирвинг ја предложил во делото „Книга со белешки од Џефри Крејон“. Ирвинг бара од својот брат Ебенезер да му помогне во издавањето во Америка. Како што Ирвинг напишал, „Ќе бидам многу нестрплив да слушнам за успехот на ова повторно појавување на книжевната сцена - Дали ќе биде успешно? Верувам дека сум во можност да редам понатамошни успеси“. 2000 копии биле направени и пуштени во продажба на 23ти јуни 1819 во Њујорк, Бостон, Балтимор, Филаделфија, издадени од Корнели Ван Ринкл и продавани по цена од 75 центи. Британското издание било објавено веднаш по Џон Милер, кој си замина од бизнисот веднаш потоа. Со помош на пријателот Валтер Скот, Ирвинг успеал да го убеди Џон Муреј да го преземе британското издаваштво на книгата „Скица“.[6]

Литературен претходник

уреди

Приказнава е слична со германската народна сказна „Петар Клаус“ од Ј. Ц. Ц. Нактигал чие дејство е сместено во германско село. Оваа приказна исто така е слична и со старата еврејска приказна за Хони Мигел кој заспива веднаш откако еден човек го прашува зошто сади расцутено дрво на кое обично му требаат 70 години да созрее, кога е речиси невозможно да имаш корист од плодот на дрвото. По овој разговор, тој заспива на земја и на чудесен начин е покриен со камења и останува така цели седумдесет години. Кога ќе се разбуди, тој сфаќа дека дрвото е целосно созреано, но и дека веќе има внук. Кога никој не му верува дека тој е всушност Хони, тој му се моли на Бога, а Господ го зема од овој свет. Приказната исто така наоѓа сличности и со онаа од трети век, кинеска приказна за Ранка, прераскажана од Лионел Гилес во „Галерија за бесмртници“, а и со јапонската „Урашима Таро“. Кај Оркнејските острови има слична стара фолклорна приказна поврзана со гробиштата на Салт Кнов, кој се наоѓа во непосредна близина на Прстенот на Бродгар. Еден пијан свирач на својот пат кон дома слуша музика од могила. Наоѓа пат до кулата каде што троловите прават забава. Тој останува и се забавува околу два часа, а потоа кога се враќа во Стенес, дознава дека поминале педесет години. Оркнејските ренџери веруваат дека ова е изворот на приказната на Вашингтон Ирвинг, затоа што неговиот татко потекнува од Оркадијан, од островот Шапинаси и најверојатно тој му ја раскажал приказната. И во Ирска има приказна за Нијамх и Оси, која опфаќа иста тематика. Осин се заљубува во преубавата Нимах и заминува со неа на неговиот снежно бел коњ за Тир На Ног - земјата на вечно младите. Поради тоа што му недостигаат фамилијата и пријателите, бара да ги посети. Нијамх му го позајмува својот коњ, предупредувајќи го никогаш да не го отседлува и тој патува назад во Ирска. Но, поминуваат триста години и неговото семејство и пријатели се веќе мртви. Некои мажи се обидуваат да подместат голем камен. Осин се протега обидувајќи се да им помогне, но паѓа и пред очите на луѓето, тој се претвора во старец. Друга ваква приказна напишал Диоген Лаертиј, епикурејски филозоф од почетокот на втората половина на третиот век, во својата книга „Животот, мислењето и гледиштата на познатите филозофи“. Приказната е во десеттата глава. Мудрецот Епименд спиел во пештера цели педесет и седум години. Но, за жал, тој остарел „онолку колку што спиел“. Според различните верзии, живеел 154,157 или 299 години.

  1. Pierre M. Irving, The Life and Letters of Washington Irving, G. P. Putnam's Sons, 1883, vol. 2, p. 176.
  2. Burstein, Andrew. The Original Knickerbocker: The Life of Washington Irving. New York: Basic Books, 2007: 117. ISBN 978-0-465-00853-7
  3. Jones, Brian Jay. Washington Irving: An American Original. New York: Arcade Books, 2008: 168. ISBN 978-1-55970-836-4
  4. Burstein, Andrew. The Original Knickerbocker: The Life of Washington Irving. New York: Basic Books, 2007: 125. ISBN 978-0-465-00853-7
  5. Jones, Brian Jay. Washington Irving: An American Original. New York: Arcade Books, 2008: 168–169. ISBN 978-1-55970-836-4
  6. Burstein, Andrew. The Original Knickerbocker: The Life of Washington Irving. New York: Basic Books, 2007: 149–150. ISBN 978-0-465-00853-7