Граѓаните на Стариот Рим обично имале три имиња[1]:

  • 1 - личното име (PRAENōMEN), при што имало само 18 лични имиња;
  • 2 - име на родот (NOMEN GENTīLE) кое го одредувало потеклото;
  • 3 - прекар или когномен (COGNōMEN).

Кога се користеле заедно со името на родот и/или со прекарот, личните имиња се обележувале со точка: Marcus Tullius Cicero = M.Tullius Cicero.

Освен што го одредувале потеклото, имињата на родот однапред ја означувале и припадноста кон некој сталеж. На пример, членовите од родот Tullius му припаѓале на витешкиот сталеж и ниеден припадник од овој род не стигнал до државничка функција, сè до Цицерон. Од друга страна, Римјаните од родот Iulius, на кој му припаѓал славниот Цезар, однапред биле предодредени како патриции.

Прекарот се однесувал на огранок од родот или на воените заслуги. Некои Римјани ги определувале и двете работи, па покрај своето име ставале двоен прекар.

Поради малубројноста на имињата, често се случувало таткото и синот да се викаат потполно исто. Така, на пример, предмалку споменатото име Marcus Tullius Cicero му припаѓало и на таткото, славниот римски оратор, но и на неговиот син.

Жените ги добивале имињата според својот род. Ќерката на Цицерон се викала Tullia, жена му Terentia, а снаата Pomponia, што значи дека припаѓала на родот Помпејци.

Наводи

уреди
  1. Roman Nomenclature Архивирано на 12 јануари 2011 г. анг.