Рибочистачка
Рибочистачка или урокотори (јапонски: 鱗取 или うろことり; во превод „отстранувач на лушпа“) — прибор за готвење кој главно се користи во јапонската кујна за отстранување на лушпата од кожата на рибата пред готвење. Алтернативно, лушпата може да се отстрани со нож, но така е потешко и има повисок ризик од засекување на кожата на рибата (особено доколку истата е помала), а исто така постои и повисок ризик за повреда при сечење. Рибочистачката се користи на начин на кој неколкупати се повлекува низ кожата на рибата од опашката до главата сè додека не се отстрани лушпата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Краткая энциклопедия домашнего хозяйства / под ред. А. И. Ревина. — М.: Советская энциклопедия, 1960. — Т. 2. — С. 543. — 770 с.
Надворешни врски
уреди- Бовед во чистење на риба Архивирано на 31 јули 2017 г. — мрежно место на производител на риба (германски)