Рибарски брод (Гистав Курбе)
Рибарски брод ― слика од 1865 година на францускиот сликар Гистав Курбе. Изработена во масло на платно, сликата прикажува рибарски брод на плажа на француското крајбрежје во близина на Трувил. Моментално се наоѓа во збирката на Музејот на уметност Метрополитен, во Њујорк.
Творец | Гистав Курбе |
---|---|
Година | 1865 |
Материјал | Масло на платно |
Димензии | 64.8 см × 81.3 см |
Место | Метрополитен, Њујорк |
Делото било едно од низата од 35 слики во масло што Курбе ги направил брзо едноподруго во текот на есента 1865 година. За разлика од многу други морски слики од тоа време, чамецот е средина одлика на композицијата наместо помал елемент. Рибарски брод било првото дело на Курбе кое влегло во збирката на Метрополитен кога било купено во 1899 година.[1]
Наводи уреди
- ↑ „The Fishing Boat“. www.metmuseum.org. Посетено на 10 јануари 2023.