Ресавица е река која се наоѓа во централниот дел на Србија и припаѓа на сливот на Црното Море.

Долга е 28,5 километри, што ја прави најдолгата притока на реката Ресава. Се влева во неа во Стевњачко-дворишко поле и на устието гради голем седиментен слив, каде што се дели во неколку ракави. Приливот го зголемува протокот на реката Ресава за околу 1 м³/с.[1] Реката Ресавица е лева притока на Ресава. На неа во 1982 година е основана Хидрометеоролошката станица „Ресавица“ која е во 1991 година, престанала да работи. Растојанието на станицата од устието било 13,6 км. Површината на речниот слив е 103,8 км².[2]

Од десната страна на реката се наоѓа Пештера Ресава, која важи за една од најпосетуваните пештери во Србија. Во близина на реката има и два рудници: Сењски рудник и Рудникот Ресавица. Поминува и покрај истоимената населба Ресавица.

Литература

уреди

Љиљана Гавриловиќ, Душан Дукиќ, „Реки на Србија“, 2014 година, Институт за учебници, Белград

Наводи

уреди
  1. „Gde je Resavica ?“. www.map.in.rs (српски). Посетено на 11 јануари 2023.
  2. „U Srbiji postoji pravi rečni raj, ušuškan u dubokoj šumi: Kada zavirite iza gustog drveća, pojave se spektakularni vodopadi i kanjoni (FOTO)“. Telegraf.rs (српски). 10 јули 2018. Посетено на 11 јануари 2023.

Надворешни врски

уреди