Рендсбуршки мост
Рендсбуршки мост (германски: Rendsburger Hochbrücke, службено Eisenbahnhochbrücke Rendsburg) — железнички вијадукт на железничката линија Нојминстер—Фленсбург, кој исто така служи и како фериботски мост. Мостот го поминува Килскиот Канал кај градот Рендсбург во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Поседуван е од страна на државата Германија преку Сојузната агенција за вода и пловидба, која исто така го поседува и раководи со каналот. Мостот е знаменитост на градот Рендсбург и еден од најзначајните технички споменици во Германија.
Рендсбуршки мост Rendsburger Hochbrücke | |
---|---|
Поглед на Рендсбуршкиот мост | |
Координати | 54°17′36.94″N 9°40′58.45″E / 54.2935944° СГШ; 9.6829028° ИГД |
Носи | Железница Нојминстер-Фленсбург |
Преминува | Килски Канал |
Место | Рендсбург и Остеренфелд, Германија |
Официјален назив | Eisenbahnhochbrücke Rendsburg |
Особености | |
Вид | носечки мост |
Материјал | челик |
Вкуп. должина | 2.486 метри |
Висина | 68 метри |
Најдолг распон | 140 метри |
Носачи во вода | нема |
Натпростор | 42 метри |
Историја | |
Проектант | Фридрих Фос |
Почнат | 1911 |
Завршен | 1913 |
Отворен | 1 октомври 1913[1] |
Местоположба | |
На 22 септември 2013 година бил прогласен за историска знаменитост на инженерството во Германија од страна на сојузната комора на инженери.[2] Мостот ја носел титулата најдолг железнички мост во Германија 99 години, пред да биде надминат од два нови моста на новоизградената железничка линија Ерфурт—Лајпциг/Хале.
Историја
уредиКилскиот Канал (тогаш „Канал Цар Вилхелм“) бил изграден помеѓу 1887 година и 1895 година поминувајќи низ веќе постоечките сообраќајни врски, вклучувајќи ја и железничката линија помеѓу Нојминстер и Фленсбург, за која биле изграден два паралелни вртечки мостови. Во 1907 година било одлучено да се прошири каналот и поради тоа проширување морале да се отстранат главните пречки.[3]
Главните железнички линии имале предност пред бродовите на каналот и бродовите морале да чекаат додека да помине возот, губејќи по половина час. Ова било сметано за главна пречна бидејќи бродовите не можеле да се поминат еден со друг на одредените областа на каналот, поради што се создавала гужва на самиот канал. Морнарицата особено притискала за одвојување на сообраќајот, бидејќи мостот ги забавува пловилата за неколку часа.
Со цел да се дозволи железничката линија да помине над каналот, новиот мост морал да има висина од 42 метри над каналот. Постоечките пруги поминувале над каналот само на 7 метри, поради што пругите морале да бидат подигнати за околу 36,5 метри, вклучувајќи дополнителни 1,5 метри за набивање на долните носачи. Предвидениот максимален наклон од 1:150 (еден метар во височина на 150 метри растојание) предизвикал изградба на насипи и мостови од околу 5,5 километри на секоја страна.[3]
Проект и изградба
уредиМостот бил изграден во периодот 1911-1913 година по проект на Фридрих Фос (1872–1953) и ги заменил поранешните вртечки мостови.[4]
Челичниот вијадукт има должина од 2.486 метри и е надополнет со насипи, со кои целокупната должина на градбата е околу 7,5 километри. Главниот носечки мост е долг 317 метри, главниот распон му е 140 метри и се наоѓа на 42 метри над каналот.[4]
За да ја опслужува железничката станица во Рендсбург, која се наоѓа на 0 метри само неколку стотина метри од главниот мост, железничката линија прави круг од 360 степени во северниот дел на каналот.[4]
Вкупните трошоци на изградбата, вклучувајќи го преместувањето на железничките линии, но исклучувајќи ги трошоците поврзано со издигнувањето на станицата во Рендсбург, изнесувале 13,4 милиони марки (во денешни бројки околу 65,9 милиони евра). Оваа бројки вклучува 5,7 милиони марки за мостовите, 2,7 милиони марки за насипите и 1,3 милиони марки за премините и преместувањето на патишта.[3]
Историски слики
уреди-
Мостот во изградба во почетокот на 1913 година
-
Мостот неколку недели пред отворањето
-
Мостот во 1961 година
Фериботски мост
уредиФериботскиот мост (Schwebefähre), односно фериботот закачен за мостот, сообраќа секој ден на секои петнаесет минути. Растојанието од 125 метри го поминува за 1,5 минута и со тоа обезбедува најкраток пат помеѓу општината Остеренфелд и градот Рендсбург. Овој начин на превоз е особено корисен за учениците.[5]
Гондолата е 14 метри долга, шест метри широка и патува шест метри над каналот. Во поново време, капацитетот бил намален од шест на четири гондоли со цел да се зголеми големината и товарот на гондолите.[5]
Досега се случува само една несреќа во јануари 1993 година при бура. Празна гондола се откачила за време на ноќта, паднала во каналот и удрила во брод. За среќа и бродот и гондолата имале само помали оштетувања.[5]
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Висечкиот ферибот под мостот
-
Мостот во 1913 година, кога бил отворен
Наводи
уреди- ↑ „100 години Рендсбуршки мост со фериботот“. Град Рендсбург. Архивирано од изворникот на 2013-05-04. Посетено на 29 април 2013.
- ↑ „Титула за Рендсбуршкиот мост“. Landeszeitung (германски). 22 септември 2013. Посетено на 25 септември 2013.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Ф. Фос; Ј. Герс (1 октомври 1913). „Die Eisenbahnhochbrücke über den Kaiser-Wilhelm-Kanal und die Eisenbahnverlegung bei Rendsburg“ (PDF). Zentralblatt der Bauverwaltung (германски). стр. 509–512. Архивирано од изворникот (PDF; 2,3 МБ) на 2012-04-25. Посетено на 10 ноември 2011.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Structurae: Рендсбуршки мост (1913)“. structurae.de. Посетено на 25 јули 2010.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Белинг, Франк (2 ноември 2008). „The iron lady“. sueddeutsche.de (германски). Süddeutsche Zeitung. Посетено на 30 октомври 2011.
Надворешни врски
уреди„Рендсбуршки мост“ на Ризницата ? |
- Рендсбуршки мост на Structurae
- Официјална страница на градот Рендсбург за мостот Архивирано на 30 август 2014 г.
- Слики, информации и извештај за мостот[мртва врска]