Религија во Гамбија

Религија во Гамбија (2012)[1]
Религија процент
Муслимани
  
95,7 %
Римокатолици
  
4,2 %
Останати
  
0,2 %

Религијата во Гамбија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Постојат поголем број на религиозни групи, а најголеми се исламот и христијанството. Околу 95.7% од населението се муслимани а 4.2% се христијани според ''CIA factbook''.

Членовите 17, 25, 32, 33 и 212 од Уставот гарантираат за заштита при слободата на религија[2]. Член 60 од Уставот забранува формирање политички партии кои се формираат врз религиозна основа[2].

Ислам

уреди
 
Џамија во Гамбија
 
Црква во Гамбија

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот, додека има и верници од редот Тиџанија и Кадирија[3]. Суфиските редови се молат заедно во заеднички џамии[3].

Христијанство

уреди

Се проценува дека 4,2% од населението е христијанско, а помалку од 1% ја имаат старата традиционална религија. Христијанската заедница, која се наоѓа главно во западниот и јужниот дел на земјата, е претежно римокатоличка, но исто така има и неколку протестантски групи, вклучувајќи ги и англиканците, Методистите, Баптистите, Адвентистите итн.[3]

Останати

уреди

Во земјата постои и мала група следбеници на бахајството и на хиндуизмот[3].

Права

уреди

Мешаните бракови меѓу муслиманите и христијаните се честа појава.[3]. Во некои области, исламот и христијанството се практикуваат со африканската традиционална религија[3]. Постојат неколку атеисти во земјата[3].

Наводи

уреди
  1. „Africa :: GABON“. CIA The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2008-12-10. Посетено на 2017-06-29.
  2. 2,0 2,1 „Gambia's Constitution of 1996 with Amendments through 2004“ (PDF). Constitute Project. Посетено на 25 May 2016.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 International Religious Freedom Report 2007: Gambia. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.