Религија во Буркина Фасо
Религијата во Буркина Фасо е доминантна од страна на муслиманите со околу 60,5 % од вкупниот број на население. Поголемиот дел од муслиманите во Буркина Фасо се Маликиски Сунити, со длабоко влијание на суфизмот[1][2] Шиитската гранка на исламот, исто така има мало присуство во земјата. Голем број сунитски муслимани се членови на братствата на суфизмот, кои го следат движењето Тиџамија. Се проценува дека во земјата живеат 23,2% христијани (19,0% се католици, 4,2% се протестанти), 15,3% ја следат Африканската традиционална религија, 0,6% се припадници на други религии и 0,4% се нерелигиозни.[1][2] Денес постојат повеќе од 60 различни етнички групи во земјата[2].
Статистика
уредиСтатистиките за религија во Буркина Фасо се неточни, бидејќи исламот и христијанството често се практикуваат во тандем заедно со африканските традиционални религии. Според владините истражувања и пописот од 2006 година, 60,5% се припадници на исламот и поголемиот дел од оваа група припаѓаат на Сунитите. Значителен број на сунитските муслимани се идентификуваат како Тиџаниски суфисти. Исто така, Владата проценува дека околу 23,2% се христијани (19% се католици и 4,2% припадници на различни протестантски деноминации), 15,3% ги почитуваат традиционалните домородни верувања, 0,6% се со другите религии[1][2].
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Comité national du recensement (July 2008). „Recensement général de la population et de l'habitation de 2006“ (PDF). Conseil national de la statistique. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-21. Посетено на 20 January 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „International Religious Freedom Report 2010: Burkina Faso“. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor. November 17, 2010. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.