Регулативата 2015/848 — правен документ донесен од Европскиот парламент и на Советот на Европската унија со кој се регулира постапката на стечај. Таа ги поставува правилата за постапките за прогласување несолвентност, банкрот, затворање на несолвентните фирми (преку ликвидација или стечај), како и судските активности поврзани со овие постапки. Регулативата се однесува на сите физички и правни лица, незваисно од формата на организација, кои ги исполнуваат условите наведени во неа.[1]

Опфат на Регулативата

уреди

Регулативата 2015/848 се однесува на јавните колективни постапки, вклучувајќи ги и привремените постапки кои се поврзани со законите во врска со несолвентноста. Во согласност со неа, во активностите на спасување на должникот, приспособување на долгот, реорганизација и ликвидација:[1]

  • на должникот целосно или делумно му се врши продажба на имотот при што се назначува стечаен управник,
  • имотот на должникот е предмет на контрола или надзор од страна на судот,
  • се дозволува привремен прекин на поединечната постапка за извршување од страна на судот со цел да се започнат преговори меѓу должникот и неговите доверители, под услов да бидат заштитени сите доверители, а ако не се постигне договор, тогаш се применува некоја од горенаведнеите две постапки.

Оваа Регулатива се однесува и на постапките за спасување на должникот во случај на нивно нарушено функционирање, а овие постапки може да започнат и во случај кога постои веројатност дека фирмата ќе западне во несолвентност. Целта на овие постапки за спасување е да се избегне несолвентноста на должникот или престанување на неговото работење. Колективните постапки кои ги покрива оваа регулатива треба да ги опфатат сите или повеќето доверители, но под услов со нив да не се засегнати правата на останатите доверители.[2]

Поважни одредби на Регулативата

уреди

Поважни одредби на Регулативата 2015/848 се следниве:[3]

  • Сите известувања за текот на стечајната постапка треба да се објавуваат преку електронска огласна страница
  • Поставување одредени услови за назначувањето, стручноста и усовршувањето на стечајните управници
  • Стечајниот управник има овластување да достави план за реорганизација на должникот

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Катерина Бошевска, Регулатива 2015/848 на Европскиот парламент и на Советот на Европската Унија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 58.
  2. Катерина Бошевска, Регулатива 2015/848 на Европскиот парламент и на Советот на Европската Унија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 58-59.
  3. Катерина Бошевска, Регулатива 2015/848 на Европскиот парламент и на Советот на Европската Унија, Економија и бизнис, година 22, број 265, септември 2020, стр. 61.