Расипан телефон – друштвена игра која особено им е омилена на децата[1]. Нејзиното потекло не е познато. Минималниот број на играчи е 3, а може да биде и стотина. Вообичаеното времетраење на една игра е минута до две за пет до десет играчи.

Расипан телефон
Играчи три или повеќе
Време на подготовка нема
Времетрање на играта одредено од играчите
Комплексност на правилата мала
Стратешка длабочина мала
Случаен елемент среден
Потребна вештина зборување, слушање

Опис

уреди

Играта расипан телефон се состои од брзо пренесување од уста на уво од играч до играч во низата на израз или реченица кој го смислува првиот играч. Последниот играч треба гласно да го изговори тоа што го слушнал.

Се споредува изговореното со почетната верзија. Заради брзината, евентуални артикулативни грешки, изговорот, конфузијата меѓу зборовите и гласовите, крајната реченица може да биде сосема поинаква од почетната.

Интересноста на играта расте со бројот на учесници и сложеноста на пораката.

Правила

уреди

Секој учесник му ја предава реченицата на својот сосед без притоа да биде слушнат од останатите и не смее да ја повторува доколку соседот не ја слушнал добро.

Цел на играта

уреди

Да се пренесе пораката усно од првиот до последниот учесник и притоа да се зачува интегралноста на пораката.

Поставеност

уреди

Потребно е само да се направи низа од играчите.

Одвивање

уреди

Играчите се поставуваат еден до друг. Првиот измислува реченица и му ја шепнува на вториот без притоа да го слушнат останатите, овој пак на третиот и така до последниот играч, кој пак гласно ја соопштува пораката што ја слушнал.

Крај на играта и победник

уреди

Еден круг од играта завршува кога пораката ќе стигне до последниот играч.

Нема поединечни победници. Победата е колективна. Групата победува доколку последниот играч ја соопшти почетната порака.

Наводи

уреди