Рамница крај Овер

Предел крај Овер (оригинален наслов: Ebene bei Auvers) — слика работена во масло на платно создадена во 1890, од Винсент ван Гог. Таа е трајно изложена во Нова пинакотека во Минхен, Германија[1].

Предел крај Овер
Германски: Ebene bei Auvers
Импресионистички полиња и небо
Творец Винсент ван Гог
Година 1890
Димензии 73.5 см × 92.0 см
Место Нова пинакотека, Минхен, Германија

Сликата е создавана со брзи, снажни потези, со густо нанесена боја. Некои ја сместуваат во постимпресионистичкиот стил, но како и во сите негови дела, тој е автентичен, оригинален, тешко дека може да биде сместен така лесно и компаративно во некаков стил, тој е секогаш оригинален и не припаѓа на ниедна школа, правец, влијание. Неговите пораки се директни, снажни, емотивни и духовно длабоки[2].

Наводи

уреди
  1. „Vincent Van Gogh's“. Архивирано од изворникот на 2020-10-30. Посетено на 2020-10-26.
  2. EBENE BEI AUVERS