Рамина
(Пренасочено од Рамина (Велешка населба))
Рамина е маало во градот Велес на левата страна на реката Вардар. Сместено е во горниот дел на истоимениот рид Рамина, во непосредната близина на црквата Свети Спас. Најголем дел од населението се Македонци, а во помала мера живеат и Роми. Оваа населба е позната по проблемот кој го има со свлечиштето и лизгањето на земјата кое често ги оштетува куќите на жителите[1].