Ракувач со уметност

Ракувач со уметност, понекогаш е наречен и уметнички подготвувач, — обучен поединец кој работи директно со предмети во музеи, уметнички галерии и разни други места, вклучувајќи приватни колекционери, корпоративни уметнички колекции, јавни уметнички колекции и разни други институции. Ракувачите со уметност работат во координација со регистратори, менаџери на колекции, конзерватори-реставратори, дизајнери на изложби и кустоси, меѓу другото, за да се осигураат дека предметите се безбедно ракувани и се води грижа за нив. Честопати тие се одговорни за пакување и распакување на уметничките дела, инсталирање и деинсталирање на уметничките дела на изложби и пренесување на уметноста низ музејот и просторите за складирање. Тие се составен дел од грижата за музејот и колекциите.[1]

Ракувач со уметност пакува уметничко дело во гајба.

Преглед на одговорности

уреди

Одговорностите на ракувачите и подготвувачите на уметноста се разликуваат од институција до институција и до предметите за кои тие с одговорни. Ракувачи со уметност може да се вработат во музеи, уметнички галерии, кај приватни колекционери, за складирање уметнички дела или во уметнички транспортни компании. Некои работат со полно работно време, додека други работат со скратено работно време или работат под договор за еден или за повеќе музеи. Во зависност од големината и опсегот на институцијата, некои музеи ќе имаат тим на ракувачи со уметност за целиот музеј, додека други музеи може да имаат постојани тимови на ракувачи со уметничките дела посветени на одредени музејски одделенија.

Основни одговорности

уреди

Ракувачите и подготвувачите на уметничките дела се пред сè одговорни за обезбедување на безбедноста на артефактите и уметничките дела. За делата што се изнесуваат надвор од галерија или музеј, ракувачите со уметност мора внимателно да ги пакуваат предметите во гајби со соодветни материјали за да ги заштитат од оштетување додека истите се во транзит. Некои објекти може да бараат прилагодени кутии или прилагодени сандаци што ракувачите со уметност и подготвувачите може да ги конструираат на локацијата. Слично на тоа, кога предметите влегуваат во галерија или музеј, ракувачите со уметност мора внимателно да ги отпакуваат предметите, обрнувајќи притоа големо внимание на тоа како тие првично биле спакувани и распоредени во нивниот контејнер или скалдиште. Ракувачите и подготвувачите на уметност исто така товараат и истоваруваат гајби од камиони со уметнички дела. Кога се товараат гајбите и пакетите во камион за уметнички транспорт, ракувачите со уметност и подготвувачите мора да бидат сигурни дека ги прицврстуваат гајбите и пакетите на ѕидовите и подот на просторот за складирање на камионот за да спречат какво било движење за време на транзитот. Ракувачите со уметност може да дејствуваат и како придружувачи, придружувајќи го предметот за време на неговиот транспорт и да бидат присутни при неговото распакување на определената дестинацијата. Понекогаш ракувачите и подготвувачите на уметност се одговорни и за самата подготовка на документи за пакување и испорака.[2]

Клучна улога на ракувачите и подготвувачите на уметност им е доделена е подготовка на предмети за изложување во галерии. Ова може да вклучува и испраќање на предмети за конзервација, врамување и монтажа на предмети и етикетирање на уметничките предмети и артефакти. Ракувачите и подготвувачите на уметност исто така може да бидат одговорни и за работа со изложбениот тим за подготовка на галериските простори за предметите. Тие се и поединците кои физички ги инсталираат и деинсталираат уметничките дела и артефактите во галериите или изложбените простории.

Како функционален дел од тимот за управување со колекција и изложби, ракувачите со уметност и подготвувачите понекогаш можат да бидат одговорни и за самото фотографирање на предмети и пишување извештаи за нивната состојбата. Општата грижа за колекциите, како што се следење на условите на просториите за складирање и превентивна конзервација во просторите за складирање на уметнички дела, се исто така многу важни приоритети за ракувачите и подготвувачите на уметноста.

Знаења и вештини

уреди
 
Двајца ракувачи со уметност распакуваат уметничко дело во уметничкиот музеј Сабадел

Ракувачите со уметност мора да имаат солидни познавања за тоа како безбедно и ефикасно да ракуваат со предметите кои им се доверени. Тие мора да ги проучат и знаат материјалите што ги сочинуваат предметите со кои работат и како овие материјали може да реагираат со материјалите за инсталација или за пакување. Корисно е за ракувачите со уметност да бидат просторно ориентирани, добри во математика и да поседуваат вештини за решавање проблеми. Ракувачите со уметност мора да планираат и да го соопштат својот план за акција со остатокот од тимот пред да започнат била каква активност.

Образование

уреди

Ракувачите на уметност им пристапуваат на своите кариери од различни позадини, вклучувајќи студиски уметности, историја на уметност, дизајн или продукција. Многу ракувачи со уметност се самите уметници. Диплома за средно образование и диплома за додипломски студии обично се потребни за ракувачи со уметност.[3] Некои ракувачи со уметност може исто така да имаат академски студии за студиска уметност, историја на уметност, хуманитарни науки или музејски студии. Специјализираното познавање на хемијата може да биде позитивно и корисно за разбирање на потенцијалните хемиски интеракции помеѓу предметите и материјалите за пакување или складирање на умретничките дела и артефактите.

Додека повеќето ракувачи со уметност се стекнуваат со професионално искуство на работното место, некои институции почнуваат да нудат програми за обука, како што е програмата за сертификати на Советот за уметност во Бронкс.[4]

Со доволно искуство, ракувачите со уметност може да работат до титулите на виш ракувач со уметност, уметнички подготвувач, регистратор, менаџер на колекции итн.

Професионални организации

уреди

PACCIN е Информативна мрежа за подготовка, ракување со уметност и збирки. Претставува професионален поткомитет на Американската алијанса на музеи. Веб-страницата содржи сервис со листа, форуми и статии за поврзување на објектно ориентирани музејски професионалци и споделување на различни ресурси. Организацијата организира и обуки,семинари и работилници низ целата земја.[5]

Меѓународната конвенција на транспортери за изложби и ликовни уметности претставува мрежа на транспортни компании за ликовна уметност од целиот свет. Тие функционираат како мрежа за поврзување на транспортните компании за ликовна уметност заедно во дијалог и за обезбедување општи информации на заедницата за уметничкиот транспорт.[6][7]

Етички грижи и контроверзии

уреди

Како и со секоја друга позиција, ракувачите и подготвувачите на уметноста мора да се придржуваат до етички кодекс. Слично на Етичкиот кодекс на Американскиот институт за конзервација, истакнува дека ракувачите со уметност се чуварите на историски и уметнички предмети и мора да бидат одговорни и да ги почитуваат сите културни добра и да и даваат приоритет на безбедноста на предметите.[8]

Тема на контроверзност во полето на ракување со уметност е правичниот третман на ракувачите со уметност. Некои ракувачи со уметност сакаат да бидат претставени од синдикати со цел да преговараат за условите и да се залагаат за подобри плати и подобри работни услови. Раководителите на уметноста на Сотби биле претставени од Teamsters Local 814. По заклучувањето, на синдикалните ракувачи со уметност им се давало покачување од еден процент годишно, повисока почетна саатница и истите работнички бенефиции што ги имале претходно.[9]

Наводи

уреди
  1. Schlatter, N. E. (2008). Jobs Focused on Objects and/or Exhibitions. Museum careers: a practical guide for novices and students (pp. 70-71). Walnut Creek, CA: Left Coast Press.
  2. Dorfman, Betsy. (July 2, 2009). What is an "art handler"? Fine Art Shipping Blog. Retrieved April 22, 2014 from: http://www.fineartship.com/2009/07/what-is-an-art-handler/.
  3. Glaser, J. R., & Zenetou, A. A. (1996). Museum Professional Positions: Qualifications, Duties, and Responsibilities. Museums: a place to work : planning museum careers (pp. 97-119). London: Routledge.
  4. Bronx Council on the Arts. (2013). http://www.bronxarts.org/bcadc_art_handlers.asp Архивирано на 3 август 2014 г..
  5. Preparation, Art Handling, Collections Care Information Network. http://www.paccin.org/content.php.
  6. International Convention of Exhibition and Fine Art Transporters http://www.icefat.org/
  7. „Fine art shipping“. Friday, 4 October 2019
  8. American Institute of Conservation. (1994). "Code of Ethics." http://www.conservation-us.org/about-us/core-documents/code-of-ethics#.U1cyJijhJXU
  9. Halperin, Julia and Shane Ferro. (June 1, 2012). Sotheby's Ends its Art Handler Lockout Concluding a 10 Month Battle that Galvanized the Art World- Retrieved March 15, 2014, from http://www.blouinartinfo.com/news/story/806822/sothebys-ends-its-art-handler-lockout-concluding-a-10-month.

Надворешни врски

уреди