Раиса Василевна Бељаева (руски: Раиса Васильевна Беляева ; 25 декември 1912 – 19 јули 1943 година) била една од првите руски женски борбени пилоти. Таа се борела заедно со Лидија Литвјак и била заслужна за до три воздушни победи. Таа загинала во борба, од непознати причини, во 1943 година.

Ран живот

уреди

Бељаева учела на технички институт за кожари во Киров. По дипломирањето, таа ја замолила својата стара пријателка Олга Јамшчикова, инструктор по летање во Ленинград, да ја научи да лета. Бељаева наскоро се покажала како ентузијастичка и неуморна. Пред војната, таа собрала повеќе од 1.000 часа лет и сто скокови со падобран, поучувајќи стотици падобранци. Таа, исто така, учествувала на многу воздушни шоуа над аеродромот Тушино, во близина на Москва.

Воена кариера

уреди

Учествувала во битката за Сталинград и летала како пилот за придружба на Никита Хрушчов.

Белјаеја загинала во несреќа на 19 јули 1943 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Pennington, Reina (2003). Amazons to Fighter Pilots - A Biographical Dictionary of Military Women (Volume Two). Westport, Connecticut: Greenwood Press. стр. 522–523. ISBN 0-313-32708-4.

Библиографија

уреди