Раздавање на душата
„Раздавање на душата“ — збирка раскази на македонската писателка Цветанка Трпкова од 2023 година.
Содржина
уредиКнигата ги содржи следниве раскази:[1]
- Прозорец
- Врата место епилог
- Раздавање на душата
- Лудата Фанка од ушната школка
- Белег
- Во возот
- Шега со банани
- Фотографија
- Епитаф
- Човекот што потплукнуваше кога молчеше
- Човекот што среде улица си ги сакаше жената и старата девојка
- Цртеж на самотијата
- Низ реката, на брегот
- Балада за штрковите
- Најубавиот разговор
- Телефонски разговор
- Големото чистење
За делото
уредиЗбирката е објавена како 137. книга во едицијата „Магма“ на издавачката куќа Темплум. Сликата на корицата е дело на Будимка Поповска. Книгата, со обем од 122 страници и со димензии од 17 сантиметри, била испечатена во печатницата „Винсент“ во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4871-71-2.[2]