Sabina785
Р.Македонија
Република Македонија е земја сместена во централниот дел на Балканскиот Полуостров во Југоисточна Европа. Таа е една од земјите
наследнички на поранешната Југославија која што во 1991 година ја прогласи нејзината независност. Во 1993 стана член на Обединетите
Нации но како резултат на спорот со Грција поради името била бримена под привремена референца поранешна Југословенска Република
Македонија, понекогаш скратено како ПЈРМ.
Република Македонија на копно се граничи со Косово на северозапад, Србија на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на
запад.
Главниот град на државата е Скопје со 506.926 жители според пописот од 2002 година. Други градови се Битола, Куманово, Прилеп,
Тетово, Охрид, Велес, Штип. Кочани, гостивар и Струмица. Има повеќе од 50 езера и 16 планинине повисоки од 2000 метри (6526 стапки)
Македонија е членка на ОН и на Советот на Европа. Од декември 2005 година таа е исто така кандидат за членстовото во Европската
унија и има поднесено барање за членство во НАТО.
Античка историја на територијата
Во античко време , поголемиот дел од територијата на Република Македонија бил вклучен во Кралството Пајонија кое било населено со
Пајонци, народ со тракиско потекло. ИСто така вкличени се и делови од античка Илирија и Дарданија населени со различни илириски
народи, а Линкестис и Пелагонија биле населени од страна на грчките племијња на Молзијците. Ниту една од овие немале фиксна
граница, понекогаш биле покорени од македонските кралеви но понекогаш се отцепувала. Sabina785 (разговор) 23:50, 24 јануари 2011 (CET)
Во 336 п.н.е Филип Втори Македонски ја освоил Горна Македонија, вклучувајќи го и северниот и јужниот дел на Пајонија кои и сега се
наоѓаат во рамките на Република Македонија. Римјаните го вклучуваат најголемиот дел од подрачјето на сегашната Република во нивната
провинција м ни најсеверниот дел ле`ел во Мезија. Во времето на Диоклецијан тие беа поделени а подрачјето на сегашната Република
Македонија било поделено помеѓу Македонија Салутерис и Мезија
Средновековниот период
Во текор на 580г, византиската литература е доказ за словенските рации на византиските територии во регионот на Македонија ,
потпомогнати од Аварите или Бугарите, Според историските податоци постои документ дека околу 680 г, група на Бугари, Словени и
Бизантијци предводени од Бугарот наречен Кубер се населиле во регионот на Керамиска рамнина концентрирани на градот на Битола.
Владеењето на Персијан очигледно се совпаѓа со продолжување на бугарската контрола врз словенските племиња во и околу Македонија.
Околу 9тиот век за време на владеењето на цар Борис од Бугарија, словенските ннароди кои се населиле во регионот на Македонија
христијанството го прифатиле како своја религија. Во 1014г царот Василиј Втори конечно ги победи армиите на Цар Самоил од Бугарија
и од 1018г Византијците за прв пат од 7 век ја вратиле контролата на Македонија (како и на целиот Балкан)
Сепак до крајот на 12 век, поради падот на Византија , за регионот се бореа различни политички субјекти, вклучувајќи ја кратката
окупација на Норманите во 1080г.
Во почетокот на 13 век бугарското царство повторно оживеа и доби контрола на регионот. Се соочува со политички проблеми и
империјата пропаѓа со тоа што во почетокот на 14 век, регионот уште еднаш дојде под византиска контрола.
Во 14 век стана дел од српската империја кои се сметале како ослободители на нивните словенски народи од византискиот деспотизам.
Скопје стана град на империјата на цар Стефан Душан.
Со смртта на Душан дојде слаб наследник и борбата помеѓу благородниците уште еднаш го поделија Балканот. Ова се совпадна со
влегувањето на Османлиите во Европа. Кралството на Прилем е едно од кратковечните држави што настанаа по распадот на Српската
империја до 14 век. Без силна балканаска моќ да го брани христијанството централниот Балкан паднал под турско владеење и останал
под него за 5 векови.
Националното будење
Османлиското владеење во регионот се смета за грубо владеење, Со почетокот на бугарската преродба во 18 век многу од преродбениците
биле од тој регион вклучувајѓи ги и Браќата Миладиновци, Рајко Жинзифов, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и други. Епархиите на
Скопје, Дебар, Битола, Охрид, Велес и Струмица гласале за влез на бугарската егзархија откако била формирана во 1870. Кон крајот на
19 век почнаа да се појавуваат неколкуте движења чија цел била да се создаде автономна Македонија ја опфати целокупната територија
на Македонија, најраниот револуционерен комитет од нив бил бугарско-македонскиот адрианополски комитет, подоцна трансформиран во
СМОРО.
Во 1905 година таа била преименувана во Внатрешно македонска Адрианополова Револуционерна Организација (ВМАРО) и по Првата светска
војна организацијата била поделена на Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (ВМРО) и на внатрешно тракијска
Револуционерна Организација (ВТРО).
На почетокот на организацијата не биле прогласени сите етички идентитети, таа беше и официјално отворена за обединување на сите ,
беа незадоволни елементите во Македонија и регионот Адријанопол, без оглед на нивнат анационалност. Мнозинството на членовите сепак
беа македонски Бугари. ВО 1903 година, ВМРО го организираше Илинденското востание против Османлиите кое по некои првични успеси,
вклучувајќи го и формирањето на Крушевската Република беше задушено со многу губења на животи.
Востанието и формирањето на Крушевската Република се сметаат за камен-темелник и предвеслик на конечното формирање на македонска
држава.
Кралството на Србија и Југославија
Границите на Балканот по Првата и Втората балканска војна. По двете Балкански војни 1912 и 1913 и на распадот на Отоманската
империја, поголемиот дел од нејзините европски територии биле поделени помеѓу Грција, Бугарија и Србија. Територијата на
современата македонска држава тогаш била именувана како Јужна Србија. По првата светска војна, Србија станува дел од Кралството на
Србите, Хрватите и Словенците. Во 1292 година Кралството било официјално преименувано во Кралството Југославија и бил поделен на
провинции наречени бановини. Јужниот дел на Србија вклучуваќи го и она што сега е Република Македонија стана познат како Вардраска
Бановина на кралството Југославија. Концептот Обединета Македонија, бил искористен од страна на Внатрешната Македонска
Револуционерна Организација (ВМРО) и во 1920-1934 нејзините лидери како Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Михајлов ја
промовираше идејата со цел да се ослободат териториите окупирани од Србија и Грција и за создаваше самостојна и обединета
Македонија за сите Македонци, без разлика на религијата и етничката припадност. Бугарскара влада на Александар Малинов во 1918
година, по првата светска војна се понуди да ја даде Принска Македонија за таа немаена, но Големите Сили не ја прифатија оваа идеја
затоа што Србија и Грција биле спротивставени. ВМРО потоа почна бунтовничка војна во Вардарската бановина заедно со ММТРО
(македонска младинска тајна револуционерна организација) која исто така спроведе герилски напади против српски административни и
воени официјални лица. Во 1923 година во Штип паравоената организација наречена Унија против бугарските бандити беше формирана од
страна на српските четници и ВМРО отпадниците и МФО членовите да се спротивстават на ВМРО и ММТРО.
Југословенска Република Македонија во Втората светска војна
Во текот на Втората светска војна Југославија била окупирана од страна на Силите на Оската од 1941-1945. Вардарската Бановина била
поделена помеѓу Бугарија и Албанија под италијанска окупација. Бугарските акциони комисии биле формирани го подготвија регионот за
новата бугарска администрација и армија. Комисиите повеќето се формирани од поранешните членови на ВМРО но некои биле комунисти
како Панки Брашнаров, Страхил Гогов, и Методи Шаратов. Шаратов како лидер на комунистите од Вардарска Македонија не сакаше да
започне воена акција протув бугарската војска. Бугарските власти под германскиот притисок беа одговорни за собирањето
идепортацијата на над 7 илјади Евреи во Скопје и Битола. Строгото владеење на окупаторските сили потикнаа голем број Македонци за
подршка на комунистичките партизански движења на отпорот на Јосип Броз Тито по 1943 година , по што следеше Народноослободителната
војна, кога германските сили беа протерано надвор од Македонија до крајот на 1944 година. Во Вардарска Македонија по бугарскиор
државен удар во 1944 година, бугарските војници опкружени со германските сили се бореа за враќањето на старите граници на Бугарија.
Во септември 1944 три бугарски војски (околу 455.000 вкупно на број) влегоа во Југославија, се преселија од Софија до Ниш и Скопје
со стратешка задача за блокирање на германските сили при повлекувањето од Грција. Јужна и источна Србија и Македонија биле
ослободени во рок од еден месец. По Втората светска војна Бугарската влада во 1945 година повторно понуди да ја даде Присинска
Македонија на Обединета Македонија.
Социјалистичка Југославија
Македонија (темно црвена) беше една од републиките во рамките на Социјалистичка Југославија. Во 1944 година Антифашистичкото
собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) ја прогласи Народна Република Македонија како дел од Народна Федеративна
Република Југославија. АСНОМ остана влада до крајот на војната. Македонската азбука е кодифицирана од лингвисти на АСНОМ кои што
нивната азбука ја базираа врз азбуката на Вук Стефановиќ Караџиќ и на Крсте Петков-Мисирков.
Новата република стана една од шесте републики на југословенската федерација. По преименувањето на федерацијата како Социјалистичка
Федеративна Република Југославија во 1963 година, Народна Република Македонија исто така беше преименувана во Социјалистичка
република Македонија. За тоа време на граѓанската војна во Грција (1946-1949) македонските комунистички бунтовници ги подржаа
грчките комунисти. Од таму подоцна дојдоа многу бегалци во Социјалистичка Република Македонија. Државата го отфрли зборот
Социјалистичка од своето име во 1991 година кога мирно се оддлели од Југославија.
Прогласување независност
Земјата официјално го слави 8ми септември 1991 како ден на независноста, со усвојувањето на референдумот на независност од
Југославија, иако го легаризираше учеството во идната заедница на поранешните држави на Југославија. Годишнината од почетокот на
Илинденското востание (Денот на Свети Илија) на 2 август исто така широко се прославува на официјално ниво како Денот на
републиката. Во јануари 1992 Роберт Бадинтер како претседател на Арбитражната комисија на Мировната конференцја за поранешна
Југославија ЕК да ја признае земјата. Македонија остана во мир во текот на војните во Југославија од почетокот на 1990-тите.
Неколку мали промени за границата со Југолсавија беа договорени за решавање на проблемите со демаркациона линија меѓу двете земји.
Сепак тоа беше сериозно дестабилизирање за време од војната во Косово 1999 година кога околу 360.000 ачбански бегалци од Косово
најдоа прибежиште во земјата.
Иако по војната за кратко време заминаа , набрзо албанските радикали на двете страни на границата се кренаа на оружке во потрага
по автономија или независно0ст на албанските населени области на Македонија.
Албански бунт
Граѓанската војна се водеше помеѓу владата и бунтовниците на етничките Албанци , во главни во северниот и западниот дел на земјата
меѓу март и јуни 2001 година. Војната заврши со интервенција на силите на НАТО за следење на прекинот на огнот. Според условите на
Охридскиот договор, владата се согласи да пренесе поголема политичка моќ и културно признавање на албанското малцинство. Албанската
страна се согласи да се откаже од сепаратистичките барања и целосно да ги признае сите македонски институции. Исто така согласно со
овој договр , ОНА се разоружа и го предаде своето оружје на силите на НАТО.
Географија
Македонија има вкупна површина од 25.713 км2. Има околу 748 километри границите кои ги дели со Србија (62 километри или 39 милји)
на север, Косово (159 километри или 99 милји) на северозапад, бугарија (148км или 92 ми) на исток Грција (228 км или 142 ми) на југ
и Албанија (151 км или 94 ми) на запад.
Тоа е транзитен пат за испорака на стоки од грција , преку Балканот кон источна, западна и централна Европа и преку Бугарија на
исток. Тоа е дел од еден поголем регион кој исто така е познат како Македонија и го вклучува регионот на Северна Грција кој е
познат од истото име и покраината на Благоевград во југозападна Бугарија.
Топографија
Македонија е континентална земја која географски е јасно дефинирана со една централна долина формирана од реката Вардар, долж
границите со планински масиви. Теренот воглавно е солиден , сместен меѓу Шар Планина и Осогово кои ја опкружуваат долината на
реката Вардар. Три големи езера-Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро-лежат на јужните граници испресежени од границите со
Албанија и Грција. Охрид се смета за едно од најстарите езера и биотопи во светот. Регионот е сеизмички активен и е место на
разорни земјотреси во минатото, последниот во 1963 година кој го зафати скопје и бил тешко оштетен при што загинаа над 1000 лица.
Македонија исто така има и убави планини. Тие припаѓаат на две различни планински масивиЧ првиот е на Шар планина која продолжува
на запад кон Вардарско-пелагониската група на планини ( Баба Планина, Ниџе, Кожуф и Јакупица) исто така познат како Динарски венец.
Вториот венец е на Осоговско-Беласичкиот планински венец исто така познат како родопски венец. Планините кои припаѓаат на Шар
Планина и на западен Вардар/Пелагонија се помлади и повисоки од постарите планини што се дел од Осоговско-Беласичка група.
Клима
Македонија има преодна клима од медитеранска кон континентална. Летата се топли и суви а зимите се умерено ладни. Просечни годишни
врнежи движат од 1700мм (66,9 инчи) во западниот планински реон до 500 мм во источна област. Во земјата постојат 3 главни климатски
зониЧ умерена медитеранска, планинаска и умерено континентална. По долините на реките Вардар и Струмица во регионите на Гевгелија,
Вландово, Дојран, Струмица и Радовиш климата е умерено-медитеранска. Најтопли региони се Демир Капија и Гевгелија, каде што
температурата во јули и август често го надминува и 40-тиот степен.
Планинската клима е присутна во планинските региони на земјата и се карактеризира со долги и снежни зими и кратки ладни лета.
Пролетта е постудена од ессента. Поголемиот дел од Македонија има умерено континентална клима со топли и суви лета и релативно
студени и влажни зими. Постојат 30 главни и редовни мереролошки станици во земјата.
Национални паркови
Земјата има 3 национални паркови: Маврово, Галичица и Пелистер. Пинусот, македонскиот бор или Молика е едно од најпознатите дрва во
Македонија. Флората на Република Македонија е застапена со околу 210 семејства, 920 родови и околу 3700 видови растенија.
Најзастапена група се цветните растенија со околу 3200 видови а понеа следат и мововите и папратите Фириграфски, Македонија припаѓа
на илириска провинција на циркумбореалнит регион на бореалното царство. Според ВВФ и дигиталната средина, територијата на Република
Македонија може да се подели на 4 еко-региони:
Пинд Планини мешани шуми, Балкански мешани шуми, Родопски мешани шуми и Егејски мешани шуми.
Националниот парк Пелистер во битола е познар по присуството на ендемскиот македонски бот како и 88 видови растенија што
претставуваат скоро 30% од македонските дендодлори. Македонските борови шуми на Пелистер се поделени во две заедници: борови шуми
со папрати и борови шуми со смреки. Македонскиот бор како специфичен од игилисните видови е остаток од терцијалната флора и пет
иголиснот бор Молика кој за прв пат бил забележан во 1893 година во Пелистер. Ограничената шума во Македонија исто така вклучува и
македонскиот даб, на чинар, врбите, бела врба, ели, тополи, брестот каки и јасенот. Во близна на богатите пасишта на Шар Планина и
Бистра, Маврово има уште еден растителен вид карактеристичен за растителниот свет во Македонија-Афионот. Квалитетот на густиот сок
од афионот во светот се мери со морфиумски единици додека кинескиот опиум соджи осум вакви единици и се смета дека се од висок
квалитет, индискиот опиум содржо седум единицим, а само шест турскиот опиум, македонскиот опиум содржи дури 14 морфиум единици и е
еден од најквалитетните опиуми во светот.
Фауна
Фауната во македонските шуми е богата и се состои од мечки , диви свињи, волци, лисици, верверици, дивокози, и срни. Иако е многу
редок во планините на западна Македонија е пронајден и рисот, а срните може да се најдат во регионот на Демир Капија. Во шумските
птици влегуваат: Тетребот, црниот Тетреб, царскиот орел и шумскиот був.
Трите вештачки езера на државата претставуваат посебна животинска зона што е индикација за долготрајна територијална и временска
изолација. Фауната на Охридкото езеро е остаток од претходната ера , а езерото широко познато по Летницатам по белата риба, гаџон
како и по некои видови на полжави од род постар од 30 милиони години; слични видови можат да се најдат само во Бајкалското Езеро.
Охридското Езеро исто рака е забележан во текстовите за зоологија по Европската Јагула и нејзиниот збунувачки репродуктивен систем:
таа доаѓа до Охридското Езеро од далечното Саргарско Море оддалечено илијадници километри и дебне во длабошините на езерото 10
години. Кога јагулата е сексуално зрелам управувана од страна на необјаснети инстикти, таа на есен се враќа назад кон својата точка
на раѓање. Таму се размножува и умира оставајќи ги своите деца да го бараат Охридското Езеро и циклусот да започне одново.
Домашни животни
Овчарското куче на Шар Планина е познат во светот како Шарпланинец (југословенски овчар). Тој е висок околу 60 см и е храбар и
жесток борец кој што може да биде повикан да се бори со мечки или волци бранејќи и чувајќи го неговото стадо. Шарпланинецот
потекнува од овчарското куче на античките Епирци, но Шарпланинецот беше признат како свој вид во 1939 година под името илириски
овчар, а од 1956 е познат како Шарпланинец.
Политика
Македонија е парламентарна демократија со извршна влада, составена од коалиција на партии на еднодомниот законодавен дом (СОбрание)
и независна судска власт со уставен суд. Собранието е составено од 120 пратенички места а членовите се избираат на секои 4 години.
Улогата на претседател на Републиката е главно церемонијална, а вистинската моќ е во рацете на претседателот на Владата.
Претседателот е врховен командант на вооружените сили и претседател на државниот Совет за безбедност. Претседателот се избира на
секои 5 години и тој или таа може да бидат избрани најмногу 2 пати. Во вториот круг на претседателските избори на Република
Македонија што се одржаа ма 5 април 2009 година, Ѓорѓе Иванов беше избран за нов претседател на Македонија.
Со усвојувајнето на новиот закон и изборите што се одржаа во 2005 година, функциите на локалната власт се поделени помеѓу 78
општини.
Скопје, главниот град е уреден како група од десет општини именувани под името Градот Скопје.
Општините во Македонија се единиците на локалната самоуправа. Соседните општини можат да основаат кооперативно аранжмани.
Главните политички разидувања во земјата се главно помеѓу етничките политички партии кои ши претставуваат етничките групи во
земјата, македонското мнозинство и албанското малцинство. На прашањето за рамнотежа на моќта помеѓу овие две заедници доведе до
куса војна во 2001 година, по која беше постигнат договор за поделбана власта. Во август 2004 година, Собранието на Македонија
усвои закон за прецртување на локалните граници и давање поголема автономија за етничките Албанци во областите каде што доминираат.
По проблематичната предизборна кампања, Македонија дојде до една релативно мирна и демократска промена на власта на изборите
одржани на 5ти јули 2006 година. Изборите беа обележани со убедлива победа на централно-десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ предводена
од Никола Груевски.
Одлуката на Груевски да се вклучи Демократската Партија на Албанците во новата влада наместо Демократската унија за интеграција-
Партија на демократски просперитет-коалиција која го освои мнозинството албански гласови, потикна протести низ деловите на земјата
со значителен број на албанско население. Меѓутоа неодаман беше воспоставендијалог меѓу Демократската унија за интеграција и
владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, како обид да се зборува за спорот меѓу двете партии и за подршка на европските и НАТО аспирации на
земјата. По предвремените парламентарни избори што се одржаа во 2008, ВМРО-ДПМНЕ и Демократската унија за интеграција формираа
владеечка коалиција во Македонија.
Во април 2009 година претседателските и локалните избори во земјава беа извршени по мирен пат, што беа клучни за македонските
аспирации за влез во ЕУ.
Владејачката конзервативна партија на ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и кандидатот подржан од партијата Ѓорѓи Иванов беше
избран за нов претседател на Македонија.
Собрание
Внатрешноста на зградата на парламентот во Скопје, Македонскиот парламент или Собранието е законодавно тело во земјата. Тој ги
подготвува , ги предлага и ги донесува законите. 120-те пратеници се избираат за мандат од 4 години преку општи избори. Секој
граѓанин на Македонија што е над 18 години може да гласа за една од македонските политички партии. Актуелниот претседател на
Собранието на Република Македонија е Трајко Вељановски.
Влада
Извршната власт во Македонија е во рацете на Владата чиј премиер е политички најмоќно лице во земјата. Членовите на владата се
избрани од страна на премиерот и тие се министри за секоја гранка на општеството. Постојат министри за економија, финансии,
информатичка технологија, внатрешни работи, надворешни работи и други области. Членовите на Владата се избираат со мандат од четири
години. Сегашниот премиер е Никола Груевски.
Законот и судовите
Судската власт ја вршат судовите.На чело со судскиот систем се Врховениот суд, Уставниот суд и републичкиот судски совет. Судиите
се именувани од собранието.
Надворешно релации (врски)
Осумнаесет месеци по осамостувајнето од Југославија на 8 април 1993 година, Македонија стана земја-членка на Обединетите нации. Во
рамките на ОН наведена е како е како поранешна Југословенска Република Македонија и е во очекување на решавањето на долготрајниот
спор со Грција околу името на земјата. Почнувањето на преговорите за полоправното членство во Европската унија, укинувањето на
визниот режим за македонските државјани, решавањето на спорот со Грција за именување, јакнување на економската и јавната
дипломатија.
Македонија е член на следниве меѓународни и регионални организации: ММФ (од 1992) СЗО (од 1993) Советот на Европа ( од 1995 година)
ОБСЕ ( од 1995 година), СЕКИ (од 1996), Светтската трговска организација (од 2003), ЦЕФТА ( од 2006), Франкофонија ( од 2001).
Во 2005 година земјата беше официјални призната како земја-кандидат на Европската унија. На самитот на НАТО одржан во Букурешт во
април 2008 година, Македонија не успеа да добие покана за членство во организацијата затоа што Грција стави вето на овој потег
поради спород околу името. САД изрази подршка за поканата, но на самитот беше одлучено да се даде покана само под услов на
претходно решавање на конфликтот со Грција.
Во Март 2009 година Европскиот парламент изрази подршка за кандитатурата на Македонија во ЕЅ и побара од Европската комисија да и
додели на земјата датум за почеток на преговорите до крајот на 2009 година.
Парламентот исто така препорачува брзо укинување на визниот режим за македонските граѓани.
Sabina785 (разговор) 00:12, 25 јануари 2011 (CET) Sabina785 (разговор) 00:16, 25 јануари 2011 (CET) Sabina785 (разговор) 00:19, 25 јануари 2011 (CET) Sabina785 (разговор) 00:20, 25 јануари 2011 (CET)