Maja.Petrova (разговор) 20:51, 21 јануари 2011 (CET)Одговори

Лондонско око уреди

Лондонското око е Ферис - тркало коешто се наоѓа на брегот на реката Темза, во Лондон, Англија. Целата градба изнесува 135 метри ( 443 стапки) висока и тркалото има дијаметар од 120 метри (394 стапки). Лондонското око е највисокото Ферис- тркало во Европа и најпознатата платена туристичка атракција во Велика Британија, којашто годишно ја посетуваат 3.5 милиони луѓе. Откако се изградило, во 1999та година, претставувало највисокото Ферис- тркало во светот, се додека за прв пат не го надминала 160 метровата Ѕвезда на Нанчанг во 2006та година, а потоа и од 165 метровиот Сингапурски Летач во 2008та година. Нејзините творци сеуште го објаснуваат како највисокото конзолно обзервационо тркало ( како што од една страна, тркалото се издвојува со А- рамка, за разлика од Нанчанг и Сингапур тркалата). Лондонското око, или Милениумското тркало, официјално се нарекува Лондонското око на Британското воздухопловство, а подоцна и Лондонското око на Мерлин ентертејмантс. Уште од 20ти Јануари 2011та година, неговото официјално име е ЕДФ- Енергетско Лондонско око проследено со тригодишен спонзорски договор. Лондонското око се наоѓа во Лондон Боро на Ламберт во западниот крај на Јубилејните градини, на Западната банка на реката Темза меѓу мостовите Вестминистер и Хунгерфорд. Местоположбата е соседна на онаа на бившиот Дом на Дискавари, којшто беше изграден за Британскиот фестивал во 1951та година.


Дизајнот и конструкцијата

Триесет и две седишните и климатизирани патнички капсули, дизајнирани и снабдени од страна на Ледер- Пома, се закачени на надворешната страна на тркалото и се ротираат со електрични мотори. Секоја капсула претставува една од лондонските реони, тежи 10 тона и трпи 25 луѓе коишто слободно можат да се шетаат внатре во капсулата но исто така и седењето е овозможено. Тркалото ротира за 26 сентиметри во секунда (околу 0.9 километри на час или 0.6 метри на час) па така една обиколка трае околу 30 минути. Вообичаено не застанува во меѓувреме да собере патници, ротационото движење е доволно бавно за да овозможи патниците да се качуваат или симнуваат од капсулите кои се движат на основното ниво. Но, сепак, запира за оневозможените или возрасните лица да се качуваат или симнуваат.


Модел на Лондонското око во Леголенд Винсдор

Работ на окото го подржуваат метални шипки и наликува на огромно тркало од велосипед. Осветлувањето за Лондонското око го уреди ЛИД лајтинг од Колор Кинетикс во Декември 2006та година за да овозможи дигитална контрола на светлата спротивно на рачното менување на ѓеловите околу флуоросцентните туби. Тркалото го дизајнираа архитектите Франк Анатол, Ник Бејли, Стивен Чилтон, Малколм Кук, Марк Сперовок и тимот на сопругот и сопругата Џулија Барфилд и Дејвид Маркс. Маци бил одговорен за организирањето на конструкцијата заедно со Холандија, како одговорен за изработката на тркалата и Тилбари Даглас ( денес познат како Интерсерв) како граѓански градежник. Инженерите Тони Џи и Партнерс ја започнаа работата на фондацијата додека Бакет Ранкин ги дизајнираше морските работи.


Лондонското око во текот на самракот

Тркалото се конструираше во делови коишто пливаа на шлепери на Темза и се собираа испружени на подот на купишта платформи на реката. Кога тркалото се комплетира се подигна во стоечка позиција со помош на огромен систем којшто го направи Енерпак. Најпрвин се подигнуваше за два степена на час се додека не постигна 65 степени и остана на таа положба една недела се додека инженерите не се подготвија за втората фаза на подигањето. Целосната тежина на окото е 1.700 тони ( 1.870 кратки тони). Проектот е европски со главни содржини коишто доаѓаат од шест држави: железото се набави од ВБ и се преработи во Холандија од страна на холандската компанија Холандија, каблите се набавија од Италија, лежиштата од Германија ( од групацијата ФАГ/ Шефлер), вретеното и оската на тркалото се изработија во Чешка, капсулите во Пома, Франција ( а стаклото за истите се набави од Италија) и електричните материјали од Велика Британија. Натаниел Лихфилд и Партнерите (НЛП) ги придружуваа операторите на Окото на Лондон, групацијата Тусадс во целокупниот план и одобрувањето за навлегување на ѕидот на Западната банка на реката Темза. НЛП исто така ги проучуваше и разгледуваше последиците од 106 елемент којшто стои во оригиналот на договорот. НЛП исто така изработиле план и напишано одобрување за изградба за задржувањето на вниманието на барање на компанијата Лондон ај. Овде беа вклучени координацијата на Енвајроментал Стејтмант и продукцијата на планската, подржувачка изјава којашто ги објаснуваше причините за нејзиното задржување.


Историја

Официјално, на 31ви Декември 1999та година, отворањето на Окото на Лондон го изведе тогашниот премиер, Тони Блер, но сепак не беше отворен за јавноста, поради технички проблеми, се до 9ти Март 2000та година. Уште од своето отворање, Окото стана главна знаменитост како и туристичка атракција. Уште од 1ви Јануари 2005та година, Окото претставува централна точка на Лондонските новогодишни прослави, со десетминутни заменувања коишто вклучуваат огномети пуштени од самото тркало. Во 2006та година групацијата Тусандс ги купи другите два сопственици, Британската авиокомпанија и фамилијата Маркс Барфилд (водечките архитекти). Следејќи ја франшизата на Мерлин Интертејмантс од групацијата Тусадс во 2007ма година, денес поседува 100% од Окото. Британската авиокомпанија ја продолжи својата придружба но уште од почетокот на 2008ма година името ’Британска авиокомпанија’ беше исфрлено од логото. На 12ти Август 2009та Окото на Лондон се соочи со нов бренд, кој овојпат се нарекуваше „ Мерлин интертејмантс Лондон ај“ за да го покаже сопствеништвото на Мерлин интертејмантс. За атракцијата се изработуваше ново лого- овојпат во вообичаената форма на окото изработено од познатите лондонски одбележја.


Внатрешноста на Окото

Секоја од 32-те овални, климатизирани патнички капсули тежи 10 тона (11 кратки тона) и може да носи 25 луѓе. За време на одржувањето на Олимписките игри во 2012, организаторите од Лондон објавија дека логото на Олимписките игри во текот на целото лето, ќе биде закачено на Окото. На 5ти Јуни 2008ма година беше објавено дека 30 милиони луѓе се возеле на Окото на Лондон од неговото отварање во Март 2000та година. Во 2009та година Мерлин Интертејмантс отвориле 4Д искусен пре-лет на Окото на Лондон којшто е вклучен во цената на билетот. Новата билетара и киното во 4Д го дизајнираа архитектите Кеј Елиот, соработувајќи со студиата Мерлин и проект- дизајнерот Крејг Скиба. Подоцна, Мерлин Студиос го назначија Симекс- Иверкс за специјалист на 4Д театарот. Филмот го напишале и уредиле 3Д директорот Хулијан Напиер и 3Д продуцираните Фил Стритер. Истата година започнала првата фаза од надоградувањето на 12,5 милионската капсула. Секоја 10-тонска капсула била симната и пловела по реката до Тилбари Докс во Есекс. Во Јануари 2011та година, светлечка церемонија го обележа почетокот на тригодишниот договор меѓу нуклеарната компанија ФДФ Енерџи и Мерлин Интертејнмант. Мерлин изјави дека ФДФ ќе помогне во намалувањето на целокупната карбонска стапка употребувајќи го најголемиот Британски произведувач на ниска струја.


Финансиски потешкотии

За време на вечерта на венчавката на Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, Окото на Лондон светеше во боите на знамето на Унијата. На 25ти Мај 2005та година, Лондонскиот мајор Кен Ливингстоун изјави дека знаменитоста ќе остане во Лондон.Тој исто така изјави дека ако спорот не се реши, ќе побара од Лонсонската Агенција за Развој да издаде наредба. Земјата, во принцип претставува мал дел на Џубели Гарденс, којашто беше доделена на СБЦ за 1 фунта кога се распадна Големиот Лондонски Совет. Центарот на Западната Банка и Британската авиокомпанија на Лондонското Око се согласи на 25- годишен договор. На 8ми Февруари 2006та година, после судското разгледување околу спорот за позајмувањето. Договорот значи дека центарот на Западната Банка, ќе прими 500,000 фунти годишно од атракцијата, статус којшто ја обезбедува нејзината иднина. Тусадс исто така ја објави аквазицијата на целосните 1/3 интереси на Британската Авиокомпанија и фамилијата на Окото, Маркс Барфилд, како и заостанатиот долг на БА. Овие договори му овозможија 100% сопствеништво на Окото и го помирија долгот од изградбата на Окото од Британската Авиокомпанија, којшто остана на повеќе од 150 милиони фунти до средината на 2005та година и годишно се зголемуваше за 25%.


Критичен прием

Господинот Ричард Роџерс, победник на Прицкер, архитектонската награда од 2007та година, во книга за проектот на Лондонското Око, напиша „ Окото направи за Лондон истото што Ајфиловата кула го направи за Париз, којшто дадоа обележје и им овозможија на луѓето да се качат над градот и да го видат цел. Не само богатите луѓе, туку сите. Во тоа е убавината: јавно е и достапно, а и на добра местоположба е, во срцето на Лондон. Пишувајќи за Г2 во текст од Август 2007ма година, Стив Роуз го опиша Окото на следниов начин: „ Окото.. постои во сопствена категорија... Во суштина треба да исполни само една функција, а колку брилијантно небитна функција е таа: да ги подигне луѓето од земјата, да ги понесе во огромен циклус во небото, за потоа да ги спушти на самиот почеток. Тоа е се што треба да се направи, и со благодарност, само тоа и го прави. “


Претходник

Претходникот на Лондонското око, Големото Тркало, беше изградено за Индијската изложба во судот „ Ерлс“ во 1895та година. Изградбата започна во Март 1894та година, а за јавноста се отвори на 17ти Јули 1895та година. Според моделот на Тркалото на Чикаго Ферис, Големото Тркало беше 94 метри високо и беше прво меѓу 200 Ферис- тркала којшто ги изградија Австралиските инженери Адам Гаделин и Гарет Ватсон. Подготовката траеше до 1906та година, кадешто во исто време неговите 40 вагони ( секој со капацитет од 40 луѓе) носеше преку 2,5 милиони патници и се уништи во 1907та година.


Транспортни врски

Најблиската Лондонска подземна железничка станица е Ватерлу а исто така и Вестминистер е на блиска оддалеченост. Врската со Меѓународните Железнички врски е овозможена во Лондонската станица Ватерлу. Лондонските речни служби управувани од страна на „Темза Клипер“ и „ Сити Крузис“ застануваат во близина на пристаништето Ватерлу.

Тајната уреди

Тајната е најпродаваната книга во 2006та година чиј автор е Ронда Бурн, којашто е напишана според поранешниот филм со истото име. Основата на книгата е законот за привлечност и тврди дека позитивното размислување може да предизвика промени во животот како што се збогатувањето, здравјето и среќата. Книгата се продаде во 21 милионска копија и се преведени на 44 јазика, но и покрај се, се соочи со контраверзија како создавањето на пародии во неколку ТВ-програми.


Содржина

Книгата е напишана според поранешниот филм со истото име, којшто се објави ДВД-формат во Март 2006та година. Темата на филмот и книгата е дека универзумот го управува природен закон, наречен закон за привлечност, кајшто се верува дека функционира преку искуствата, ситуациите, настаните во човечките животи и луѓе коишто се ’поврзуваат со фреквенцијата’ на мислите и чувствата на луѓето. Па така, позитивното размислување и позитивното чувствување гарантираат за создавањето на резултати во животните промени како што се збогатувањето, здравјето и среќата. Книгата е под големо влијание на „Наука за збогатување“ на Валас Ватлес во 1910та година, којашто Бурн ја доби од својата ќерка за време на лична траума во 2004та година. Бурн прочитала и обработила неколку класични книги и зборови на професори на денешницата коишто зборуваа за древни мудрости и начините на луѓето за да го привлечат во нивниот живот тоа што го посакуваат. Книгата вклучува многу изреки од овие луѓе. Откако, двапати се прикажа во Шоуто на Опра Винфри, книгата го постигна врвот на најпродаваната листа на Њујорк Тајмс, кадешто и остана 146 недели. Книгата се преведе на 44 јазици и се испечати во 21 милионска копија. Во 2009та година се објави тинејџерската книга наречена Тајната за тинејџерската моќ, којашто ја напиша филмскиот продуцер Пол Харингтон. Во Август 2010та година, Бурн исто така објави календар и неколку книги вклучувајќи ја и „Моќта“.


Законот за привлечност

Тајната го објаснува законот за привлечност како привлечен закон што целосно го решава редот во универзумот и нашиот личен живот низ процесот на “ сакам привлекува сакам“. Тоа значи дека, како мислиме и како се чувствуваме, испраќаме фреквенција во универзумот којашто ни ги привлекува назад настаните и ситуациите на таа иста фреквенција. На пример,ако имаш агресивни мисли и се чувствуваш гневно, ќе привлечеш настани и ситуации кои ќе предизвикаат да се чуствуваш погневно. Во спротивно, ако размислуваш и се чувствуваш позитивно кон себе ќе привлечеш позитивни настани и ситуации. Тајната вели дека посакуваните нешта како здравје, богатство и среќа можат да се привлечат лесно со промената на мислите и чувствата. На пример, ако еден човек посакува нова кола, со размислувањето за новата кола, имајќи позитивни и благодарни чувства за колата како веќе да ја поседува и замислувајќи многубројни ситуации со колата, како на пример, тест за возење на новата кола, или осигурувањето дека никој друг нема да се паркира на местото каде што новата кола ќе биде паркирана, законот за привлечност ќе ги измени настаните за колата да се појави во човечкиот живот.


Опис на книгата

Во почетокот на книгата се претставени и објаснети механизмите на законот за привлечност, продолжува со објаснувањето на своите историски инсерти и големиот маж и жена во историјата кои ја искористија нивната моќ. Книгата го објаснува законот како магнетизирана сила којашто се спроведува преки твоите мисли. Силата на мислите е споредена со трансемисиска кула којашто испраќа фреквенција до универзумот, а потоа ја враќа истата фреквенција во физички или експериментален начин. Потоа следува тростепен создавачки процес за манифестирање на соновите : Берање (замислување во филм), Верување и Примање. Овој создавачки процес е основан според изрека од Библијата: “Сите нешта, коишто ги бараш молејќи се и верувајќи, треба и да ги примиш. “ “ Една од најмоќната употреба на заблагодарувањето може да се преименува во Создавачкиот Процес како наредба за тоа што го сакаш“- Тајната стр.80 Тајната ги издвојува благодарноста и визуализацијата како двата најмоќни процеси коишто помагаат во исполнувањето на човечките посакувања. Убедува дека ако си благодарен ја покачува фреквенцијата повисоко и потврдува дека веруваш во примањето на твојата желба. Се вели дека визуализацијата му помага на мозокот да испраќа јасна порака во универзумот. Дадени се неколку техники во процесот на визуализација како и примери на луѓе коишто тврдат дека ја употребуваат тајната за да ги остварат своите соништа. Следниве пасуси објаснуваат како да се употребува законот за привлечност особено во областа на богатството, врските и здравјето. Книгата нуди примери за употребата на законот за привлечност. Последните параграфи ја нудат подуховен поглед на законот за привлечност и како се поврзува човечкиот живот со светот. Се додека изгледа како апсурд, во“законот за привлечност“ има многу сличности со “ Мастеровиот клучен систем“ и Наполеоновата класика “Размислувај и стани богат“ како и од многу реални апликации. Психологот Алфред Адлер претстави терапија наречена “ однесувај се како“ во која пациентите, како дел од терапијата, се обучуваа да “ се однесуваат како “ веќе да ја имаат довербата, психичката сила, итн, коишто ја посакуваат. Многу пациенти постигнаа успех за време на оваа терапија.


Критика и пародија

Критиките за книгата и филмот се високо контраверзни и се критизираше преку разгледувачите и читателите на традиционален начин и преку интернет. Книгата исто така ја критикуваа поранешни луѓе кои верувале и некои од нив дека Тајната ја употребува самоавторот и само луѓето кои се здобиле со богатство и среќа преку неа се авторот и објавувачите. Други изјавија дека Тајната дава лажна надеж на оние коишто навистина им е потребна во нивните животи- на пример, во 2007ма година Барбара Еренрајх, автор и социјален критичар го исмеа советот на книгата за да “не ги надгледува“ луѓето. Според Религиските Пораки, Брн изјави дека природните катстрофи им се случуваат на оние “коишто се на иста фреквенција со настанот“ и ги напомена жртвите од цунамито во 2006та година и нивната можност да се поштедат сами. Во бизнис употребата, ДВД-то за обука за вработување и оформување морал, некои луѓе реагираа како “смешно“ и “вознемирувачко“ како “да се биде недоличен во културата“. Во 2009та година, Еренрајх ја објави Светло- Страната: Како немилосрдната претстава на позитивното размислување ја надмина Америка како одговор на “позитивното размислување“ на книгите, како Тајната, која што учи “само ако ги сменам мислите, ќе имам се“. Таа се загрижи дека ова може да биде незамисливо па дури и опасно затоа што го избегнува соочувањето со стварноста. Го охрабрува “обвинувањето на жртвата“, политичкото поплакување, и широко распространето “избегнувањето на реалноста“ преку предлогот дека неуспехот се јавува како резултат на “недоволното трудење“ или во верувањето “ доволно силно во неизбежноста на твојот успех.“ Оние коишто се “разочарани, бесни или нерасположени“ се “жртви“ и “губитници“.Иренрајх претпочита “избегнување на негативното мислење или разочарување“ туку “реалност, свесност за она што претстои и да се најде начин како да се смени тоа“. На тајната е направена пародија, заедно со Науката во епизодата на ИТ Крауд. Беше комбинирана со Науката во “Спејсологијата“, чиишто следбеници веруваа дека желбите се остваруваат благодарение на “Уредувањето на вселенската ѕвезда“ и “Посакуваното размислување“ науките. Исто така беше направена и пародија во епизодата на Симпсонови “Барт добива З“, каде што Барт на својата учителка и купува книга Одговорот, којашто треба да го промени нејзиниот живот откако тој го уништува, од епизодата на Фемили Гај, Брајан напишал бестселер, како и епизодата на „Во Филаделфија е секогаш сончево“,„ Бандата станува екстремна“ : Домашна преработена верзија. Сатиристичката комедија на Австралискиот АБЦ ТВ-канал, Војната на Чејср за се исто така ја пародираше Тајната на 16ти Маја 2007ма година преку тестирањето на идеите објавени во книгата

Парфем уреди

Парфемот е мешавина од ароматични етерични масла или ароматичен состав, фиксири и растворувачи употребени за да му дадат на човечкото тело, животните, предметите и човечките видови „пријатно чувство“. Миризливите состојки коишто го сочинуваат парфемот можат синтетички да се произведат или да се добијат од растение како и животинско потекло. Познато е дека парфемите постојат уште од најраните човечки цивилизации, преку древни текстови или од археолошки ископувања. Современите парфимерии се појавиле во доцниот период од 19тиот век заедно со рекламните синтези на ароматичните состојки како ванила или кумарин, коишто му даваат на составот на парфеми, мирис, претходно непреработен од самостојни природни ароми.


Историја

Зборот парфем којшто се употребува денес, потекнува од Латинскиот збор ’пер фумус’ што значи “низ чадот“. Парфимеријата, или уметноста на изработување парфеми, започнала во древната Месопотамија и Египет и подоцна ја усовршиле Римјаните и Персијците. Иако парфемот и парфимеријата исто така постоеле во Индија, повеќето од своите ароми се на база на темјан. Најраната дестилација на Итар, којшто на арапски значи мирис, беше споменат во Хинду Ајвердичкиот текст Шарака Самита. Напишан во 7миот век во Северна Индија се споменува употребата на ароматично дрвенесто масло. Се смета дека првиот светски снимен хемичар е жена наречена Тапути, произведувач на парфеми којшто е споменат на клинестата табла од 2риот милениум пр.н.е. во Месопотамија. Таа дестилирала цвеќиња, масла, и каламуси заедно со други ароми кои потоа се филтрирале и повторно се собирале повеќепати на истиот начин. Во 2005та година, археолозите ги открија светските најстари парфеми во Пиргос, Кипар. Парфемите потекнуваат од повеќе од 4,000 години. Тие биле откриени во древна парфимерија. Најмалку 60 казани, казани за мешање и шишиња од парфеми биле пронајдени во фабриката чија големина изнесувала 4,000 метри квадратни. Во старите времиња луѓето употребувале билки и зачини, како алмонд, кориандер, багрем, рузмарин, како и цвеќиња. Арапскиот хемичар, Ал- Кинди (Алкиндус), во 9тиот век напишал книга за парфемите којшто ја нарекол Книга за Хемијата на Парфемите и Дестилациите. Книгата содржала повеќе од 100 рецепти за ароматични масла, мевлеми, ароматични води и состави или имитации на скапи дроги. Во книгата исто така биле опишани 107 методи и рецепти за создавањето на парфеми и опрема за создавање парфеми, како што е алембикот ( којшто сеуште го носи своето Арапско име). Персискиот хемичар Ибн Сина (исто така познат и како Авичена) го претставил процесот на создавање масла од цвеќиња преку дестилација, процедура којашто денес најчесто се употребува. Тој првин експериментирал со роза. Се до неговото откритие, течните парфеми биле мешавина од масло и здробени тревки, коишто создавале јак мирис. Водата од роза била поспецифична и веднаш станала славна. Суровите состојки и технологијата на дестилирање имала голема влијание на западната парфимерија и предизвикала научни развивања, особено хемијата. Уште од 1221та година, уметноста на парфимеријата била позната во западна Европа, ако се земат предвид рецептите на свештениците од Св. Марија дела Вигње од Св. Марија Новела од Фиренца, Италија. На исток, во 1370та година, Унгарците произвеле парфем направен од масла измешани во алкохол по налог на Кралицата Елизабета од Унгарија, позната како Унгарската Вода. Уметноста на парфимеријата просперирала и во Ренесансната Италија и во 16тиот век, пречистувачи биле однесени во Франција преку личниот парфимер на Катерин Де Медичи, Рене Де Флорентин. Неговата лабараторија била поврзана со нејзините апартмани со тајна патека, за да не се украде ниедна формула. Благодарение на Рене, за брзо време Франција станала една од Европските центри за парфеми и производство на козметика. Одгледувањето на цвеќињата за нивниот мирис, којшто започна во 14-тиот век, израсна во една голема индустрија во Западна Франција. Меѓу 16тиот и 17тиот век, парфемите прво ги употребувале богатите за да го маскираат мирисот на телото којшто се јавувал од несоодветно капење. Делумно, како резултат на оваа причина се создала парфем- индустријата. Во Германија, Италијанскиот бербер Џовани Паоло Феминис направил парфемирана вода наречена Аква Адмирабилис, денес позната како „ О де колоњ“, додека неговиот внук Јохан Марија Фарина (Џовани Марија Фарина го превземал бизнисот во 1732та година. Се до 18тиот век, во францускиот регион Грас, во Сицилија и во Калабрија, Италија се одгледувале ароматични билки за да се обезбедат сурови материјали за парфем- индустријата. Дури и денес, Италија и Франција остануваат во центарот на Европскиот дизајн на парфем и трговија.


Концентрат

Различните видови на парфеми се јавуваат како резултат на концентратот од растворените ароматични состојки, кадешто нивна основа е етанол или мешавина од вода и етанол. Различни извори се однесуваат на дефинициите на видовите парфеми. Интензитетот и траењето на парфемот ги овозможува основата на концентратот, интензитетот и траењето на ароматичните состојки ( природни етерични масла/ парфимирани масла коишто се употребуваат за: зголемување на процентот на ароматичните состојки па така се создава интензитетот и траењето на мирисот. За да се опише процентот/јачината на соодветниот концентрат на аромата или парфемираното масло се употребуваат различни термини. Следи листа на најупотребуваните термини: Екстракт на парфем, или само парфем: 15-40% (ИФРА: најчесто 20%) ароматизирани состојки; Есприт де Парфум (ЕсдП): 15-30% ароматизирани состојки, ретко употреба на силен концентрат меѓу Едп и парфемот Тоалетна вода (ЕдП), Парфум де Тоалете (ПдТ): 10-20% (најчесто 15%) ароматизирани состојки, најчесто именувани како “о ди парфум“ или милесим. Парфум де Тоалет е поретко употребуван термин. О ди тоалет (ЕдТ): 5-15% (најчесто 10%) ароматизирани состојки О ди Колоњ (ЕдК): видови парфеми на база на цитрус со 3-8% (најчесто 5%) ароматизирани состојки. „ Оригинал О ди Колоњ“ е регистрирана заштитна марка. Парфем мист: 3-8% ароматизирани состојки (најчесто безалкохолен мирис) Попрскувач (ЕдС) и Афтершејв: 1-3% ароматизирани состојки. “ЕдС“ е регистрирана заштитна марка.


Видови на мириси

Парфемираните масла се најчесто разредени со мирис, иако не секогаш и нивната потреба е неопходна. Најчестиот парфемиран маслен раствор е етанол или мешавина од етанол и вода. Парфемираното масло исто така може да го разредуваат неутралните масла како што е преработеното кокосово масло или течниот восок како маслото од јојоба.


Непрецизна терминологија

Иако честопати парфемот (ЕдП) ќе биде поконцентриран од тоалетната вода (ЕдТ) или колонската вода (ЕдК), не секогаш излегува дека е така. Различни парфимерии и произведувачи на парфеми додаваат различни колкичини масла во нивните парфеми. Па така, иако концентрираното масло во ЕдП- растворувачот потребно ќе биде повисок од самиот парфем во едТ од истиот ранг, вистинската количина може да варира во зависност од произведувачите на парфемот. ЕдТ од една куќа може да биде посилен отколку ЕдП од друга куќа. Машките парфеми се продаваат ретко како ЕдП или парфемирани екстракти; еднакво со , женските парфеми коишто ретко се продаваат со ЕдК концентрати. Иако овој вид на карактеристично именуван бренд е чест за именувањето на концентратите, директно нема ништо со тоа дали парфемот би бил машки или женски. Исто така, парфемите коишто го имаат истото име на производот но различно име на концентратот може да не влијаат само на нивните раствори туку и да ги употребуваат заедно различните мешавини на парфемирани масла. Во спротивно, за да ја осветлат и освежат ЕдТ верзијата на парфемот од својата ЕдП, маслото на ЕдТ може да биде “повлечена“ за да содржи други нежни ноти или неколку основни ноти. Во некои случаи, зборовите како екстремно, интензивно или концентрирано коишто можат да предизвикаат ароматична концентрација се всушност сосема различни парфеми, поврзани само со нивниот сличен мирисен акорд. Пример на оваа појава е Шанеловиот Пур Монсур и Концентратот на Пур Монсур. Уште од 1706та година во Колоњ, Германија, О ди Колоњ (ЕдК) претставува оригинален карактеристичен парфем и заштитна марка. Сепак, надвор од Германија термин стана познат за цитрусните парфеми (без основни ноти) ЕдС уште од 1993та година е нова класа на парфеми.


Пирамида на парфемот

Точната формула на познатите парфеми се држи во тајност. Иако јавно се рекламираат, тие би доминирале со толку сложени состојки и раствори така што би било безначајно да се создаде водич за купувачот со опис на мирисот. Меѓутоа, стручњаците на парфеми можат да постанат многу вешти во идентификувањето на состојките и потеклото на мирисите на исто ниво како експертите за вино. Најпрактичниот начин за да се започне со описот на парфемот е според елементите на нотите на парфемот или “фамилијата“ на којашто припаѓа и сите тие влијаат на целокупната импресија на парфемот од првото нанесување до последната алузија на мирисот.


Ноти на парфемот

Парфемот е опишан со музичка метафора со три групи на ноти, коишто го прават хармоничниот мирисен акорд. Нотите се откриваат со тек на времето, со првиот впечаток на највисоката нота којашто води кон подлабоките средни ноти, и основните ноти коишто се појавуваат во крајната фаза. Овие ноти се создаваат внимателно со познавање на процесот на создавање на парфем. Врвни ноти: Мирисот којшто се чувствува веднаш по нанесувањето на парфемот. Врните ноти содржат мали лесни молекули кои брзо се распространуваат. Тие го формираат првиот впечаток кај човекот и затоа се многу значајни за продажата на еден парфем. Тие исто така се нарекуваат и главни ноти. Средни ноти: Мирисот на парфемот кој се појавува веднаш по изчезнувањето на врвните ноти. Составот на средните ноти го формираат “срцето“ или главниот дел на парфемот и имаат задача да го маскираат честопати непријатниот впечаток на основните ноти, којшто станува пријатен со тек на време. Овие ноти исто така се нарекуваат главни ноти. Основни ноти: Мирисот на парфемот којшто се појавува близу до заминувањето на средните ноти. Средните и основните ноти заедно ја сочинуваат основната тема на парфемот. Основните ноти даваат длабочина и самостојност на парфемот. Состојките на оваа класа на мирисот се обично богати и најчесто не се чувствуваат се до 30тата минута од нанесувањето на парфемот. Мирисите на високите и средните ноти се предводени од основните ноти, како и мирисите на основните ноти кои ќе се изменат од состојките на парфемот коишто се употребени како средни ноти. Фабриките за парфеми најчесто ги објавуваат нотите на парфемите и ги претставуваат како пирамида на парфемот, со измислените и апстрактните термини за именуваните состојки.


Миризливи групи

Групирајќи ги парфемите, како било која таксономија, не може никогаш да биде целосен или завршен процес. Многу парфеми содржат аспекти на различни фамилии. Иако парфемот се нарекува “единствен цвет“, ќе има подтонови или други ароми. “Вистинските“ уникатни мириси ретко можат да се најдат во парфемите, како што му треба на еден парфем за да постои како единствен ароматичен материјал. Класификацијата на миризливата фамилија е почетната точка за опис на парфемот, но самостојно не може да ги издвои специфичните карактеристики на истиот.


Традиција

Традиционалната класификација којашто се појавила околу 1900тата година ги содржи следниве категории: Сингл Флорал: Парфеми кои доминираат од еден посебен цвет; во Франција се нарекува солифлор. (на пр.Са маџесте ла розе на Серџ Лутенс кадешто доминира розата) Флорал Буќет: Претставува комбинација од парфеми од неколку цвеќиња во парфемиран состав. Примерите ги вклучуваат Квелкес Флорс на Хубиџант и Џој на Шон Пату. Ориентал: Огромна класа на парфеми вклучувајќи го слаткиот слаб мирис на амбра најчесто во комбинација со ванила, зрно тонка, цвеќиња и дрвја. Може да го придружуваат камфорирани масла и смола, којашто ја претстави имагинацијата на Викторијанската ера за Средниот и Далечниот Исток.Традиционалните примери ги вклучуваат Шалимар на Гверлајнс и Опиум на Ив Сен Лорен. Дрво: Парфеми во кои доминираат дрвенести мириси, најчесто агар-дрво, сандалово и чедар. Пачули, со својот симпатичен мирис е најчест во овие парфеми. Традиционален пример овде би бил Мадерас Ди Ориенте на Мирургиа или Бос-дес-Илс на Шанел. Современ пример би бил Баленсиага Румба. Кожа: Фамилија на парфеми чиишто карактеристики се медот, тобако, дрвото и дрвенестите ноти во своите средни или основни ноти мирис кој асоцира на кожа. Традиционалните примери ги вклучуваат Бандит на Роберт Пижет и Џоли Мадам на Балмејн. Чупри: Што на француски значи Кипар, вклучува мириси изградени по слична акорда коишто содржат багрем, пачули или лабданум. Оваа фамилија на мириси е наречена по парфемот на Франсоа Коти и еден од најпознатите примери е Мицуко на Гварлејн. Фигур: Што на француски значи папрат, на база на лаванда, рузмарин и даб. Фигур Ројал на Хубиџант прв ја почнуваа употребата на оваа основа. Многу машки мириси и припаѓаат на оваа фамилија, којашто е карактеристична по својот хербален и дрвенест мирис. Некои познати современи фигури се Фаберџ Брут и Гај Ларуш Дракар Ноир.


Современи парфеми

Уште од 1945та година, благодарение на високите напреднувања во технологијата за создавањето на парфемите ( т.е. дизајнирани состави и синтези) како и природниот развој на стилови и вкусови се појавија нови категории за да ги објаснат современите мириси: Светол Корал: се добива со спојување на категориите Сингл Флорал и Флорал Буќет. Добар пример ќе биде Убаво на Ести Лодер. Зелено: посветла и посовремена изведба на Кипарскиот стил, со нагласена трева, здробено зелено ливче и краставица како мирис. Два примера ќе бидат Алиаж на Ести Лодер или О Ди Шампањ на Сисли. Воден, Океански, или Озонски: новата категорија во историјата на парфемите којашто се појави во 1991та година заедно со Дун на Кристијан Диор. Многу чист, современ мирис којшто води кон многу современи парфеми. Во главно содржи калон, синтетички мирис откриен во 1966та година. Исто така се употребува и за цветни, ориентални и дрвенести мириси. Цитрус: Стара фамилија на парфеми која до скоро содржеше главно “свежи“ колонски води, затоа што мирисот на цитрус е со низок интензитет. Развојот на новите мирисни состави придонесе да се создадат нови цитрусни парфеми. Добар пример за оваа група е Брут. Овошно: ги вклучува аромите на овошје различно од цитрон, како праска, кајсија, манго, тропско овошје и др. Друг пример овде ќе биде Џинестет Ботритис. Гурманд: мириси со “јадливи“ или “десертни“- квалитети. Оваа група најчесто содржи ноти како ванила, тонка-зрно и кумарин како и синтетични состави кои се направени за да се избегнат вкусовите на храна. Сладок пример е Ангел на Тери Муглер. Пример за пријатен мирис ќе биде Динер на БоБо, којшто содржи кумин и кари алузии.


Тркалото на мириси

Тркалото на мириси е релативно нов класифициран метод којшто има голема употреба во малата продажба и во индустријата на парфеми. Во 1983та година Мајкл Едвардс го создаде овој метод, консултант во индустријата на парфеми и создаде своја шема на класификација на парфемите. Новата шема беше направена за да се упростат и именуваат мирисните класификации, како и за да се покажат меѓусебните врски меѓу поединечните класи. Петте познати фамилии вклучуваат цветни, Ориентални, Дрвенасти и Свежи, со четирите бивши фамилии коишто се “покласични“ додека подоцнежните содржат нови светли и чисти цитрусни мириси коишто се создадоа благодарение на подобрувањата во технологијата на парфемите. Секоја од фамилиите е поделена во подгрупи и е подредена во тркало.


Извори на билки

Билките многу долго се употребувале како извор на етерични масла и состави на арома во парфимеријата. Најчесто овие ароми се втори метаболити коишто ги произведуваат билките како заштита против хербалните вируси, инфекции, како и за да привлечат опрашувачи. Билките претставуваат најголемиот извор на мирисни состави коишто се употребуваат во парфимеријата. Изворите на овие состави можат да потекнуваат од различни делови на билката. Билката може да понуди повеќе од еден ароматичен извор за разлика од воздушниот дел и кориандерот коишто имаат впечатливо различни мириси еден од друг. Листовите на портокалот, расцутените дрва и овошниот мирис се главните извори на портокалевите масла.

Франчес Хаџсон Барнет уреди

Франчес Елиза Хаџсон Барнет ( родена на 24ти Ноември- 29ти Октомври 1924та година) е англиски текстописец и автор. Таа е најпозната по детските приказни, поточно по Тајната градина ( победник на наградата Левис Карол Шелф во 1959та година), Малата принцеза и Малиот крал Фонтлерој.


Родена како Франчес Елиза Хоџсон, таа живееше во Читам Хил, Манчестер.Кога почина нејзиниот татко, фамилијата беше принудена да го продаде домот и да се пресели во Салфорд. Кога имаше шеснаесет години, фамилијата се премести во Ноксвил, Тенис. Таму, таа започна да пишува за да заработи пари за да и помогне на фамилијата преку објавување на статии во весници на возраст од деветнаесет години. Во 1872та година се омажи за Свен Барнет. Пред да се вратат во САД за да живеат во Вашингтон Д.Ц., тие живееја две години во Париз, каде што се родија нивните две деца. Таму таа започна да пишува новели меѓу првите беше Тоа мало девојче О’ Ловрис, којашто се објави со добри прегледи. Објавувањето на Малиот крал Фонтлерој во 1886та година ја направи славна писателка на детска фантастика, а исто така познати се и нејзините новели за возрасни од 1890та година. Таа ги напиша и помогна во подготовките на сценските верзии на Малиот крал Фонтлерој и Малата принцеза. Барнет уживаше во социјализирањето и живееше урбанистички животен стил. Почнувајќи во 1880та година, таа започна многу често да патува во Англија и си купи куќа во 1890та година. Нејзиниот најстар син, Лајонел, почина од туберколоза, којшто кај нејзе предизвика депресија со којашто се бореше во подолг период од нејзиниот живот. Таа се разведе од Свен Барнет во 1898та година и се премажи во 1900тата, но нејзиниот втор брак траеше само една година. При крајот на нејзиниот живот, се пресели на Долгиот Остров кадешто во 1924та година и почина.


Детството во Манчестер

Франчес Елиза Хоџсон е родена во Читам Хил, Манчестер, во Англија Елиза Бонд и Едвин Хоџсон. Фамилијата н нејзината мајка имала долга историја и живеела во областа Ланкашир. Нејзиниот татко имаше сопствен бизнис во Динсгејт, продавајќи стока на домовите од повисоката класа. Фамилијата живееше удобно и имаше најмено слугинка и медицинска сестра. Франчес беше на средината меѓу петте деца со два постари браќа и две помлади сестри. Во 1852та година, фамилијата се пресели во поудобен дом со подобар надворешен влез. За помалку од година дена, Хоџсон почина од удар, оставајќи ја својата жена бремена со петто дете и без никакви примања. Франчес ја згрижи нејзината баба додека мајката го превзема бизнисот. Од нејзината баба, којашто ги купуваше нејзините книги, Франчес научи да ги сака книгите, поточно нејзината прва книга Книгата-цвет во којашто имаше слики во боја и песни. Како одраз на нивниот намален буџет, Елиза требаше да се откаже од нејзината куќа и заедно со нејзините деца да се пресели во Сидли Грув, близу Пендлетон; таму тие живееја со роднини во дом кој вклучуваше и градина, во којашто Франчес уживаше да си игра. Нивниот дом се наоѓаше во Ислингтон Сквер, во област опкружена со сиромаштија. Како што ја опишува Фрајдрих Енглс којшто живееше во Манчестер тоа време. Франчес имаше активна фантазија и пишуваше приказни во стари дневници. Една од нејзините најпознати книги е новелата на Хариет Бичер Стов, Колибата на чичко Том и поминуваше многу време изведувајќи сцени од таа книга. Франчес и нејзините записи се испратија за да се предаваат во Одбраниот семинар за млади девојки и џентламени, кадешто беше опишана како “прерано созреан талент“ и “романтична“. Таа имаше активен социјален живот и обожаваше да раскажува приказни на нејзините пријатели и братучеди; во нејзината мајка таа гледаше одлична публика иако нејзините браќа знаеја и да се пошегуваат за нејзините приказни. Манчестер речиси беше целосно зависен од памук- економијата којашто ја уништи Американската граѓанска војна. Во 1863та година, Елиза Хоџсон беше принудена да го продаде својот бизнис и се пресели со фамилијата во помал дом; во тоа време заврши ограниченото предавање на Франчес. Братот на Елиза ја праша фамилијата дали сака да му се придружи во Ноксвил, Америка, кадешто имаше успешна продавница за суви добра и услуги. Истата година, Елиза реши да се пресели со фамилијата од Манчестер, го продаде имотот и и нареди на Франчес да ги запали своите записи.


Преселбата во Тенис

По крајот на војната и трговијата којашто беше пренесена во таа област, братот на Елиза изгуби голем дел од неговиот бизнис и беше невозможно да допринесе за новите членови на семејството. Фамилијата живееше во барака за време на првата зима во Новиот Маркет, надвор од Ноксвил, но подоцна се преселија во домот на Франчес наречен арка на дедо Ное, Мт. Арарат. Преку нив живееше фамилијата Барнет и Франчес стана блиска пријателка со Свен Барнет на којшто му ги претстави книгите кои ги читаше во Англија и авторите како Чарлс Дикенс, Г-динот Валтер Скот и Вилијам Мејкпис Такереј. Таа можеби престана да се дружи со него поради повреда во детските години којашто го остави немоќен во учествата на физичките активости. Нее подоцна откако се сретнаа, тој замина на колеџ во Охајо. Франчес започна да пишува повторно за да заработи пари,во 1868та година со нејзината прва приказна објавена во книгата на Годи, Женската книга. Набргу потоа, нејзините текстови регуларно се објавуваа во Женската книга на Годи, Месечникот на Скрибнер, Женскиот весник на Питерсон и Базарот на Хармер. Таа сакаше да работи на самата себе и да се отргне од фамилијарната сиромаштја, подоцна се нарекуваше “ машина во пишување“ за време на раните години од пишувањето. Пет години таа пишуваше константно не обрнувајќи внимание на квалитетот на нејзината работа. Кога еднаш веќе беше објавена нејзината прва приказна пред да наполни 18 години, го помина остатокот од својот живот како писател. Се до 1869та година таа заработи доволно за да ја пресели фамилијата во подобар дом во Ноксвил. Нејзината мајка почина во 1870та година и за период од две години две нејзини сестри и брат и се омажија. Иако таа продолжи да другарува со Свен, ниеден од нив не се брзаше да стапи во брак.


Барнет како млада жена

Со приходот од нејзиното пишување таа се врати во Англија на продолжена посета во 1872ра година, потоа отиде во Париз кадешто имаше невестински фустан којшто требаше да се пренесе во Тенис со тоа што се согласи да се омажи за Свен. Таа се врати дома пред пристигнувањето на фустанот и планираше да го одложи венчавањето, но Свен инсистираше да се омажат што побрзо. Во Септември 1873та година стапија во брак. Разочаруваето од фустанот го објасни на пријател во Манчестер и за нејзиниот маж кажа : “ Мажите се толку плитки...тој не ја знае разликата меѓу сатен и тул и кремаво“. Истата година го роди своето прво дете, Лајонел, во Септември 1874та година. Исто така за време на истата година таа започна да работи на нејзината прва долга новела во Ланчашир. Двојката се пресели во Ноксвил, и нејзината заработка беше доволна за да патуваат до Париз кадешто Свен го продолжи со својата медицинска обука како очен и ушен специјалист. Раѓањето на нивното второ дете Вивијан ги присили да се вратат во САД. Таа сакаше нејзиното второ дете да биде девојче и со тоа што го одбра името Вивиен, го смени во машко спелување за нејзиниот нов син. Фамилијата продолжи да се потпира на нејзиниот приход од пишувањето и за да биде економична таа изработуваше алишта за децата, многу често вклучувајќи и свои детали. Подоцна Барнет продолжи да произведува алишта, изработувајќи одела за нејзините момчиња и едноставни фустани за неа. Таа дозволуваше косата на нејзините деца за расте долга и со неа правеше долги кадрици.


Вашингтон Д.С.

По две години во Париз, фамилијата реши да се пресели во Вашингтон Д.С., кадешто Свен сакаше да ја започне својата медицинска обука. Брачниот пар имаше долгови па затоа Франчес беше принудена да живее со родителите на Свен во Њу Маркет додека самиот се претставуваше во Вашингтон Д.С. Во почетокот на 1877та година Франчес доби понуда за објавување на нејзината книга Тоа девојче о’Ловрес, на којашто и одеше добро со серијалите и во тоа време нејзиниот сопруг стана нејзин бизнис-менаџер. Тоа девојче О’Ловрес се објави со добри критики и правата за книгата се продадоа на Британска редакција. Откако книгата се објави, таа му се придружи на сопругот во Вашингтон ДС, кадешто се фокусира на своето семејство и пријателите. Франчес продолжи да пишува со тоа што стана позната како млад новелист во подем. И покрај потешкотиите со коишто се соочи во семејството и преселувањето во друг град, Барнет почна да работи на Хавортс, којашто се објави во 1879та година како и пишувањето на драматичната изведба на То девојче О’ Ловри како одговор на пиратската верзија презентирана во Лондон. Откако ги запозна Луиза Меј Алкот и Мари Мејпс Доџ уредниците на детското списание Св. Николас, во 1879та година во Бостон, Барнет почна да пишува детска фантазија. Во следните пет години, таа објави неколку кратки статии во Св.Николас. Барнет продолжи да работи и на возрасна фантазија исто така: во 1880та година ја објави Луизијана, во 1881ва година Чесниот варварин како и Преку една администрација во 1883та година. Сепак, како што се случи и порано во Ноксвил, таа го почуствува притисокот да се посвети на фамилијата и да се грижи за сопругот и децата и да се посвети на пишувањето со тоа што предизвикаа премор и депресија. За неколку години Барнет стана позната во Вашингтон и во секој вторник навечер одржуваше литературни средби кои најчесто ги посетуваа политичарите како и локалните литерати. Практиката на Свен се усоврши и имаше добар углед, но неговиот приход заостана зад нејзиниот, што ја присилуваше да продолжи со пишувањето. За жал, Барнет честопати беше болна и страдаше од топлините во Вашингтон ДС, од којшто бегаше секогаш кога е возможно. Во почетокот на 1880-тите таа се заинтересира за Хрстијанската наука како и Духовност и Теологијата. Овие верувања подоцна се одразија врз нејзиниот живот и се вклучија подоцна во нејзината фантазија. Таа беше посветена мајка и ги обожуваше своите два сина. Таа се радуваше на нивното присуство и продолжуваше да им ја чешла витканата коса секој ден којашто стана и инспирација за Малиот крал Фенлерој. Во 1884та година таа започна да работи на Малиот крал Фентлерој и со серијалите во Св.Николас во 1885тата година и издавањето на книгата во 1886та година на Малиот крал Фентлерој се здоби со добри критики. Малиот крал Фентлерој стана најпродаваната книга во САД и Англија, се преведе на 12 јазици и ја даде славата на Барнет како писател. Во приказната се зборуваше за момче коешто се облекуваше во виолетови одела и ја носеше својата долга коса во локни. Централниот лик, Чедрик, соодвестуваше на помладиот син на Барнет, Вивијан и автобиографските погледи на Малиот крал Фентлерој наводно предизвика потценувачки забелешки од страна на медиумите. Откако се објави Малиот крал Фентлерој, целосно беше претставен угледот на Барнет како детски писател. Во 1888та година, во Англија, таа се здоби со судска постапка за правата на Малиот крал Фентлерој, како претседател којшто беше вклучен во Британскиот пиратски закон во 1911та година. Како одговор на вториот инцидент за пиратство на нејзиниот материјал во драматично дело, таа го напиша Вистинскиот мал крал Фентлерој којшто премиерно се изведе на сцена во Лондон и во Бродвеј. Изведбата продолжи за да заработи исто толку пари како и книгата.


Враќањето во Англија

За јубилејот на Кралицата Викторија, во 1887та година Барнет отпатува во Англија, со тоа што стана една меѓу првите коишто патуваа прекуокеански од САД до Англија. Нејзините синови ја придружуваа и заедно ги посетија туристичките атракции како восочниот музеј Мадам Тисо во Лондон. Во нејзините позајмени соби, таа продолжи со вечерните средби во вторници коишто набргу привлекоа посетители, вклучувајќи го Стивен Таунсенд за прв пат. Како резултат на нејзиниот зафатен распоред таа честопати била болна поради жештините и толпата од туристи со тоа што поминувала подолги периоди во кревет. Заедно со нејзините синови, за да ја помине зимата Барнет се преселила во Флоренс каде што ја напишала Богатствата на Филипа Ферфакс, единствената книга којашто се објавила во Англија, а не во САД. Таа зима, Сара Крив или Што се случи во Мис Минчинс беше објавена во САД. Таа ќе продолжеше таа ја обработи Сара Крив и за сценска изведба и подоцна да ја пренапише приказната во Малата принцеза. Во 1888та година, Барнет се вратила во Манчестер за да ја издаде под наем куќата којашто ја реновира на улицата Кромвел и подоцна и ја препушти на роднините да ја изнајмуваат, откако се пресели повторно во Лондон кадешто повторно изнајмуваше соби и уживаше во Лондонската сезона и ја изготви продукцијата Филсфор, сценската изведба на Богатствата на Филипа Ферфакс. Кога се одвиваше изведбата таа беше разочарана од лошите критики и се врати на социјализирањето. За време на овој период таа прифати многу од Стивен Таунсенд, којшто го запозна за време на Јубилејната година. Во 1890та година во Париз, почина најстариот син на Барнет, Лајонел од туберколоза, чијашто смрт многу се одрази на нејзиниот живот како и пишувањето. Пред да почине, таа побара лек од физичари и го однесе во Германија за да најде спас. По неговата смрт таа потона во длабока депресија и во писмо до една нејзина пријателка напишала дека нејзиното пишување е неспоредливо со споредбата на тоа да бидеш мајка на две деца, од кој едниот починал. Во тоа време се повлекла од традиционалното верување во Англиската црква и се посветила на духовноста и Христијанската наука. Се вратила во Лондон и се борела за добротворната работа со тоа што го формирала клубот Момците Друри Лејн, којшто беше отворен во Февруари 1892та година. Исто така за време на овој период таа напишала изведба со главна улога на Стивен Таунсенд, како обид за започнување на неговата кариера како глумец. Откако две години беше отсутна од својот сопруг и другото дете во Вашингтон ДС, во Март 1892та година Барнет се вратила таму и продолжила со својата добротворна работа. Во 1893тата година, Барнет објавила автобиографија, посветена на нејзиниот постар син, именувана како Единствениот кој што го познавав најдобро. Во истата година, таа имаше изложба на нејзините книги на Светската изложба во Чикаго.


Разводот и преселбата во Големиот Мајтам Хол

Барнет се вратила во Лондон во 1894та година; таму добила вести дека нејзиниот помал син е болен и се вратила повторно во САД. Вивиен оздравел но го пропуштил првиот термин на универзитетот Харвард. Додека боледувал, Барнет останала покрај него и потоа се вратила во Лондон.Во тоа време почнала да се загрижува за нејзините финансиски средства: го плаќала школувањето на Вивиен, одржувала куќа во Вашингтон ДС ( Свен се преселил од таа куќа во свој апартман); и плаќала куќа во Лондон. Со тоа што го имала и во минатото таа се обратила на пишувањето како извор на пари и започнала да ја пишува Квалитетна дама. Книгата била објавена во 1896та година, била на пат да стане меѓу првите успешни серијали на историски новели за возрасни, којашто беше проследена во 1899та година со Во врска со правото Де Вилобај; и во 1901та година таа ги објавила Марширањето и неговата подготовка и Методите на дамата Валдерхарст. Во 1898та година кога Вивиен дипломира на Харвард, Барнет се раведе од Свен Барнет. Причината за разводот беше наведено дека е туберколозата, но всушност Барнет и Свен го испланирале раскинувањето на нивниот брак уште пред неколку години. Свен го превземал неговиот апартман и се согласил да живее со Барнет за да туберколозата на синот после две години биде причината за нивниот развод. Печатот беше критички настроен, со тоа што ја нарече Барнет, Нова Жена и печатот на Вашингтон го објаснуваше нивниот развод како одраз на Бурнет и нејзините „современи идеи коишто се однесуваат на должноста на една жена и нејзините права“.


Франчес Хаџсон Барнет во 1901ва година

Од средината на 1890-тите таа живееше во Англија во Големата Мајтам Сала- кадешто имаше голема градина и ја негуваше љубовта кон цвеќињата- и претставуваше нејзин дом за следната декада, но сепак продолжи со своите кратки патувања во САД. Мајтам Хол беше куќа со феудален стил. Таа се социјализираше во локалните села и уживаше во животот на село. Честопати ја исполнуваше куќата со гости и го всели Стивен Таунсенд што предизвика скандал во нејзиниот живот со лаклниот свештеник. Во 1900тата година, во Февруари таа се омажи за Стивен Таунсенд.


Премажувањето и подоцнежниот живот

Самата церемонија се одржа во Женова, Италија и двојката појде на меден месец во Пегли, кадешто поминаа два месеца на брз воз. Биографот на Барнет, Гречен Герцина, за нејзиниот брак напиша, „тоа беше нејзината најголема грешка“. Печатот ја нагласи нивната десетгодишна разлика, таа беше десет години постара од него- и тој нему му се обрати како нејзина секретарка. Биографот Ен Твејт се сомневаше дека тој е заљубен во неа. Таа изјави дека во тоа време 50-годишната Барнет беше “крупна, груба и била во лоша здравствена состојба“. Твејт веруваше дека на Таунсенд му требаше Барнет за да му помогне во неговата филмска кариера и за да го подржи финансиски. После неколку месеци, во едно писмо адресирано до нејзината сестра таа призна дека нејзиниот брак е во неволја. Таа го опишала Таунсенд како психички нестабилен и хистеричен. Твејт сметаше дека Таунсенд ја уценувал Барнет во нивниот брак: тој сакаше пари од неа и сакаше да ја контролира како нејзин сопруг. Барнет не успеа да се соочи со помислата дека треба да продолжи да живее во Мајтам со Таунсенд и изнајми куќа во Лондон за време на зимата во периодот од 1900тата до 1901вата година. Таму таа се дружеше со пријателите и пишуваше. Исто така работеше и на две книги истовремено: Совалка, подолга и посложена книга; и Подготовката на маршот, којашто ја напиша за неколку недели и се објави со добри критики. Во пролетта, 1901та година, кога се врати во земјата, Таунсенд се обиде да го замени нејзиниот долгогодишен објавивач Скрајбнер со друга издавачка куќа којашто нудеше поголем напредок. Во 1902та година, откако го помина летото во дружење и ја исполнуваше Мајтам куќата со гости, таа есен, Барнет се соочи со физички колапс. Откако се врати во Америка, во зимата 1902ра година, таа влезе во санаториум. Таму таа му кажа на Таунсенд дека нема повеќе да живее со него и бракот заврши.


Тајната градина уреди

Во Јуни 1904та година, две години подоцна, Барнет се врати во Мајтам. Мајтам Хол имаше серии од фарбани градини и во розевата градина таа напиша неколку книги; таму таа ја доби идејата за Тајната градина. Во 1905та година беше објавена Малата принцеза, откако ја разработи во новела. Уште еднаш Барнет му се обрати на пишувањето за да го зголеми нејзиниот приход. Таа живееше ексцентричен живот и трошеше пари на скапа облека. Во 1907та година, непланирано се врати во САД, со тоа што стана и граѓанин во 1905та година и во одделот на паркот Пландом од Пландом Манор, на Долгиот остров, таа изгради куќа којашто се заврши во 1908та година. Нејзиниот син Вивијан се вработи во воведувањето на бисниси и по негово барање таа се согласи тој да биде уредник на Детскиот весник. Во следните неколку години таа објави неколку кратки статии во Детскиот весник. Во 1911та година беше објавена Тајната градина. Во нејзините подоцнежни години таа имаше летна куќа на Долгиот остров и зимска куќа во Бермуда. Изгубениот принц се објави во 1915та година, а во 1922та година се објави Врвот на куќата на Комби. Последните 17 години од нејзиниот живот, Барнет го помина во Пландом Манор, Њујорк, кадешто почина на 74-годишна возраст во 1924та година. Таа е погребана во гробницата Розлин веднаш до нејзиниот син Вивијан.


Прифаќање

За време на објавувањето на статиите на Малиот крал Фантлорој во списанието Св.Николас, читателите со нетрпение очекуваа нови материјали. Модата во книгата стана славна со продавањето на виолетовите одела на Лорд Фантлерој, како и други додатоци на Фантлерој како кожени ремени, карти и чоколади. За време на периодот кадешто сентименталната фантазија беше принцип и во САД приказната за “штосот на богатите“ стана славна, Малиот Лорд Фантлерој беше хит; иако Тајната градина со тек на време ја надмина славата на Малиот Лорд Фантлерој.


Избрани дела на Барнет:

  • Тоа девојче О’Ловри (1877та година)
  • Среќата на Линдзи (1878та година)
  • Хавортс (1879та година)
  • Луизијана (1880та година)
  • Бледиот Варваријан (1881та година)
  • Низ една администрација (1883та година)
  • Малиот Лорд Фантлерој (1886та година)
  • Сара Крув или што и се случи на Г-ца Минчин (1888та година)
  • Богатствата на Филипа Ферфакс (1888та година)
  • Убавата сестра на Хозе (1889та година)
  • Клубот на момците Друри Лејн (1892та година)
  • Единствениот којшто го познавав најдобро од сите: Спомен на умот на детето (1893та година)
  • Малата Света Елизабет, и Другите приказни (1893та година)
  • Две мали пилгрим-разработки. Приказна за убавиот град (1895та година)
  • Дама на квалитетот (1896та година)
  • Во врска со Правото Де Вилогбај (1899та година)
  • Правењето на маршот (1901та година), препечатена од страна на Персифоун Букс
  • Земјата на синиот цвет (1904та година)
  • Малата принцеза: Целосната приказна на Сара Крув сега раскажана за прв пат (1905та година)
  • Кралицата Силвер- Бел (1906та година)
  • Совалка (1907та година) препечатена во 2007ма година, во Персифоун Букс
  • Тајната градина (1911та година)
  • Мојот Робин (1912та година)
  • Изгубениот принц (1915та година)
  • Малата грбавка Ција (1916та година)
  • Главата на куќата на Кумби (1922ра година)


Тајната градина

Тајната градина е новела на Франчес Хоџсон Барнет. Се објави во серијален формат во почетокот на есента во 1910тата година и за прв пат целосно, беше објавена во 1911та година. Денес е една од најпопуларните новели на Барнет и се смета дека е класична англиска детска литература.


Содржина

Мери Ленокс, 10-годишно девојче, е родено во Индија од Британски родители. Нејзините родители не ја сакаат и првично за нејзе се грижат слугините коишто се обидуваат колку што е можно подобро да ја воспитат. Разгален карактер, таа е груба, невоспитана и вулгарна. Но болеста колера ги напаѓа родителите на Мери и тие умираат. Таа останува сама но сепак жива откако куќата е напуштена. Испратена е во Јоркшир, Англија за да живее со нејзиниот чичко, Арчибалд Крејвен. На почетокот, Мери е себична и не и се допаѓа големата куќа, луѓето што живејат таму, а највеќе огромен растегнат вис, којшто изгледа валкано и сиво откако ќе замине зимата. Кажано и е дека мора да остане во нејзините две соби и дека нема никој посебно да се грижи за неа и треба да се занимава сама. Марта Совербај, нејзината добра по природа слугинка и раскажува на Мери приказна за старата Г-ѓа Крејван и како таа поминувала часови во нејзината приватна градина и одгледувала рози. Подоцна, г-ѓата Крејван била убиена во несреќен случај и г-динот Крејван ја заклучил градината и го закопал клучот. Приказната многу ја вознемирила Мери и таа започнала да омекнува. Набргу таа престанала да се противи и почнала да ужива во присуството на Марта, градинарот Бен Ведерстаф и од пријателски настроениот помошник од кого се здобила човечки квалитети. Мајката на Марта и купува на Мери јаже за рипање со цел да ја охрабри. Повеќето од своето време го поминувала размисувајќи за тајната градина и во нејзиното чудно плачење коешто понекогаш го слушале и слугите но го негирале или игнорирале. Додека ги истражувала градините Мери налетала на дупка и го пронашла клучот за скриената градина. Успела да ја праша Марта за градинарски алатки коишто Марта и ги пренела преку Диксон, нејзиниот дванаесет годишен брат. Мери и Диксон коишто чувствуваа симпатии еден кон друг и Диксон бил грижлив кон животните и природата. Љубопитна да го прими знаењето за градинарството на Диксон, Мери со него ја споделила тајната за градината, којшто ветил дека ќе ја чува. Истата вечер Мари повторно го слушнала плачењето. Го следела плачот и за нејзино изненадување пронашла момче на нејзина возраст во една скриена соба. Децата откриле дека се братучеди: тој бил син на нејзиниот чичко; неговата мајка починала кога тој бил уште бебе и боледувал од непознати проблеми со ’рбетот. Мери го посетувала секоја вечер и му раскажувала приказни за висот, за Диксон и неговите животни како и градината со тоа што му го одвлекувала вниманието од неговите проблеми. Донесена е конечна одлука дека му е потребно свеж воздух и тајната градина, за којашто Мери признава дека поседува клуч. Колин е ставен во својата инвалидска количка и е однесен надвор во градината, за прв пат после неколку години. Додека се во градината, децата се изненадени што го гледаат Бен Ведерстаф како гледа преку ѕидот качен на скала. Гневен и бесен што ги видел децата во градината на неговата сопруга тој признал дека верува во онеспособеноста на Колин. Колин станал од инвалидската количка за да му докаже дека не е во право и открил дека неговите нозе се во ред и се чувствува слабо поради пасивното движење. Колин го поминувал секој ден во градината , а со тоа полека оздравувал. Децата се договориле да го чуваат подобрувањето на здравјето на Колин како тајна, за да го изненадат неговиот татко којшто се грижел за неговата стара жена. Како што се подобрувало здравјето на Колин така се подобрувало и расположението на неговиот татко и имал сон во кој неговата жена го повикува да се врати во градината, со што го натерало да си ги спакува куферите и да се врати дома. Додека одел низ градината слушал гласови и ја пронашол вратата отклучена тој се шокирал кога ја видел градината расцветана со децата внатре и неговиот син како трча. Слугите го гледале Г-динот Крејван како се движи назад кон куќата и неговиот син Колин како трча позади него.


Глави теми

Градината на Големиот Мајтам Хол,Кент, Англија, послужила како инспирација за Тајната градина Градината претставува централниот симбол во книгата, којашто ги инспирирала интересите на Барнет во Христијанските научни теории на Мери Бејкар Еди. Тајната градина во Миселтвејт Манор е местоположбата на разрушувањето како и на последователното регенерирање на фамилијата. Со употребата на градинарскиот мотив, Барнет ја истражувала моќта на лечењето во живите нешта. Мајтам Хол во Кент, Англија, кадешто Барнет живееше неколку години за време на нејзиниот брак честопати е наведено како инспирација за поставата на книгата. Барнет одржуваше широка градина во којашто одгледуваше рози. Сепак, забележано е дека покрај градината, Мајтам Хол и Миселтвајт Менор изгледаат различно.


Историја на објавување

Тајната градина прво беше серијализирана во есента 1910та година, во Американскиот весник, издание коешто е наменето за возрасни. Целата книга за прв пат ја објави Фредерик А. Стоукс, во летото 1911та година, Њујорк и Хајниман во Лондон. Својата копија во 1987та година се појави во САД и во другите делови од светот во 1995та година, којашто ја смести книгата во јавниот етер. Како резултат за време на доцните 1980-сети и раните 1990-сети се објави неколку скратени и нескратени изданија.


Работниот наслов

Работниот наслов на книгата е Госпоѓицата Мери, во име на англиската медицинска рима Mary, Mary, Quate Contrary


Јавното прифаќање

Рекламирањето за постарата и помладата публика можеби имаше влијание врз нејзиното прифаќање; книгата не беше толку славна колку претходните дела за време на нејзиниот живот. Тајната градина побледува во споредба со другите славни дела на Барнет. Со развивањето на школската работа за детската литература во последната четвртина од овој век, славата на Тајната градина се зголеми и денес е едно од најпознатите дела на Барнет. Книгата најчесто се именува како една од најдобрите детски книги на дваесетиот век. Барбара Слеј’с Џесами ја чита книгата во воз како и почетокот на новелата.


Драмски прилагодувања

Во 1919та година, соработката на Познатите Плејрс- Лески ја направи првата филмска верзија заедно со 17-годишната Лила Ли како Мери, и Пол Вилис како Диксон, но се смета дека филмот е изгубен. Во 1949та година, МГМ го сними втората адптација заедно со Маргарет О’ Брајан како Мери, Дин Стоквил како Колин и Брајан Ропер како Диксон. Верзијата беше во црно-бела варијанта, но делови од филмот се снимија во Техниколор. Доротеа Брукинг ја адаптираше книгата во неколку различни телевизиски серијали за ББС: серијал од осум дела во 1952та година, осум дела во 1960та година (со Колин Спол во улога на Диксон) . Телевизискиот серијал од осум дела со обработка на ББС во 1975та година се објави и на ДВД. Во 1987та година, Халмарк Салата на Славата ја сними телевизиската адаптација на новелата со улогата на Џени Џејмс како Мери, Барет Оливер како Диксон и Жадријан Стил како Колин. Били Вајтло како Г-дин Медлок Дерек Џакоби ја играше улогата на Архибалд Крејван заедно со Алисон Дуди којшто се појавуваше привремено како Лилија; Колин Фирт се појави накратко како стариот Колин Крејван. Американската Зутруп продукција во 1993та година со урдникот Агнисцка Холанд и улогите на Кејт Меберли како Мери, Хајдон Провс како Колин, Ендру Нот како Диксон и Дејм Меги Смит како Г-ѓа Медлок. Во 1994та година, АБЦ ја продуцираше анимираната верзија на Тајната градина, со уредникот Дејв Едвардс.


Кристијан Диор уреди

Кристијан Диор С.А. (најчесто познат како Диор) е француска компанија чијшто сопственик е продуцентот на висока мода и аксесоари и основоположникот на скапоцената облека, Кристијан Диор, како и 42% сопствеништво на ЛВМХ Моет Хенеси- Луи Витон, најголемата светска луксузна фирма. Диор и ЛВМХ ги контролира и финансира бизнисменот Бернрд Арнолт. Натписот на Диор е називот на дизајнерот Кристијан Диор којшто ја лансираше империјата на скапоцената облека во 1946тата година. Скапоцената облека на Кристијан Диор, поделбата на целосната Куќа на Диор, дизајнира и ги продуцира некои од светските скапоцени облеки на високата мода како и луксузна мода, машка облека и аксесоари. Денес, Диор води 160 продавници низ светот со план да се прошири во понатамошните години. Натпреварувачи на Куќата на Диор се модните куќи на Шанел, Ив Сент Лорен, Гучи, Версаче, МаксМара и Прада.


Основањето

Куќата на Диор беше објавена на 16ти Декември 1946та година, како приватна куќа на 30тата Авенија Монтејн Парис Б. Сепак, сегашниот група Диор ја слави 1947та година како година на отварањето. Бизнисменот Марсел Бусак финансиски го подржуваше Диор. Новата модна куќа стана дел од “ вертикално споениот текстилен бизнис“ којшто го управуваше Бусак. Неговиот капитал изнесуваше 6 милиони ФФр и работна сила 80 вработени. Компанија претставуваше бескорисен проект за Бусак. Меѓутоа Монсјур Диор го даде за тогаш необичниот дел во неговиот назив (легално водство, неконтролирано право врз фирмата и една-третина од профитот-префакс) наспроти угледот на Бусак како “контролиран манијак“. Креативноста на Монсјур Диор исто така му овозможи и пристојна плата.


„Новиот изглед“

На 12ти Февруари 1947та година, Диор ја лансираше својата прва модна конфекција за пролет-лето 1947та година. Шоуто со 90 модели на неговата прва колекција се одржа во салоните на 30тата Авенија Монтејн. Двете линии се именуваа како “цтс и доџ“ и „Хјуит“ (којшто го вклучуваше новата силуета на бар-костимот. Сепак новата колекција беше запишана во историјата како Новиот изглед во име на изреката на главниот уредник Харперс Базар Кармел, Тоа е навистина нов изглед! Облеката се карактеризираше со средна должина, целосна суќна, огромен граден обем (којшто беше исфрлен од мода во 1912та година) и мал појас. Со побивањето на по-воената фабричка забрана, Диор имаше дваесет јарди со екстравагантни фабрики. Сепак, со тек на време Новиот изглед стана револуционарен и многу славен којшто имаше влијание врз модата и другите модни креатори што следуваа. Славните холивудски фигури и Европската висока класа станаа постојани клиенти. Парис, којшто ја изгуби својата позиција како главен град на модата после Втората Светска војна, го врати својот углед како резултат на постигнатиот Нов изглед на Диор. Новиот изглед исто така беше поздравен и од Западна Европа, како лек за суровоста на времето во војна и привлече многу современи жени како што е Принцезата Маргарет во Велика Британија.


Парфемите на Диор

Кога се појавија парфемите на Кристијан Диор, веќе постоечките парфеми започнаа да се спротивставуваат меѓу себе. Во 1947та и 1948та година престанаа сите обвинувања. Групацијата Диор е одговорна за пронаоѓањето на парфемите Диор, со тоа што во 1947та година се лансираше првиот парфем на Диор, наречен Мис Диор. Диор предизвика револуција во индустријата на парфеми со воведувањето на овој многу славен парфем, којшто се именува според неговата сестра ( Катерин Диор). Во сопствеништво на Серџ Хефтлер Луиш, 25% од бизнисот за парфеми му шприпаѓаа на Кристијан Диор Лтд, 35% поседуваше менаџерот на парфемите Коти како и Бусак којшто имаше дел од 40%. Од почетокот на 1947та до 1950та година како одговорен на работилницата на Диор беше Пјер Карден. Во 1948та година, во Њујорк се промовираше брендот на парфемите на Кристијан Диор- ова треба да биде причината за клучната дата на промоцијата. Современата групација на Диор исто така наведе дека “ е промовирана луксузно подготвената куќа во аголот на Петтата Авенија и 57та улица, во Њујорк, првата од ваков вид во 1948та година. Во 1949та година се промовира парфемот “Диорама“ и се до 1949тата година самиот Нов изглед оствари профит од 12,7 милиони франака.


Проширувањето и смртта на Диор

Проширувањето од Франција започна кон крајот на 1949та година заедно со отварањето на бутикот на Кристијан Диор во њу Јорк. До крајот на истата година модата на Диор постигна 75% од Париската мода и 5% од целокупниот извозен приход. Во 1950та година, Жак Рует, главниот менаџер на Диор Лтд креираше програма за создавање на лиценца за да го смести сега новото впечатливо име на „Кристијан Диор“ на разновидноста на луксузната стока. Прво се смести на краватите а наскоро најде место и на чантите, ракавиците, накитот, долната облека како и марамите. Членови на Француската комора за скапоцена облека мрмореа дека ова е невкусна слика високата мода. Меѓутоа, лиценцата беше профитабилен чекор и започна тренд којшто траеше со декади и беше проследен од страна на сите модни куќи. Исто така во 1950тата година Критијан Диор беше главниот дизајнер на фустаните на Марлин Дајтрич во филмот на Алфред Хитчкок. Во 1951та година се објави неговата прва книга Je Suis Couturier (Јас сум моден креатор). И покрај силното влијание Европско влијание на компанијата повеќе од половина од своите приходи се префрлаа во САД во тоа време. Во Лондон, 1952та година се создадоа Лимитираните модели на Кристијан Диор. Сидни Лејбал Хаус и моделите на Кристијан Диор од Њујорк склучија договор. Лос Гобелинос во Сантјаго, Чиле склучи договор со Диор за моделите на Кристијан Диор од Њујорк. Првата линија на чевли се лансираше во 1953та година. Компанијата управуваше со локации во Мексико, Куба, Канада и Италија се до крајот на 1953та година. Како што растеше популарноста на Диор така се зголемуваше и конкурентноста. Овој нелегален бизнис го подржуваше жена којашто не можеше да си дозволи луксузни парчиња облека. До средината на 1950тата година, Куќата на Диор управуваше со цела модна империја. Првиот бутик на Диор се отвори на улицата „Кандит 9“ во 1954тата година. Во чест на принцезата Маргарет и Војводите на Марлборо, модното шоу на Диор се одржа во Блејмханската Палата во 1954тата година. Кристијан Диор лансираше високо успешни модни ревии меѓу 1954тата и 1957та година. Сепак ниедна не остави таков силен впечаток како Новиот изглед. Диор го отвори и бутикот Гранд, во 1955тата година, на аголот меѓу Авенијата Монтејн и Руе Франсе лер. Првиот кармин на Диор се појави во 1955тата година. Се до 1956та година ,на 10тата годишнина од појавата на компанијата, се продадоа 100,000 примероци. Актерката Ава Гарднер имаше креирани 14 фустани на Диор за филмот на Марк Робсон, Малата колипка. Кристијан Диор се појави на насловната страна на списанието Тајм на 4ти Март, 1957та година. По настанот, креаторот почина од трет срцев удар во 1957та година. Огромното влијание коешто го придонесе Диор во креативноста на модата го назначи како гениј и тој доби признание за еден од најголемите модни фигури. За Употребуваната мода, Кевин Алмонд напиша дека “ се до смртта на Диор, неговото име стана синоним за добар вкус и луксузност“.


Диор без Кристијан Диор: од 1957та година до 1970та година

Смртта на главниот дизајнер ја остави Куќата на Диор во хаос и главниот менаџер Жак Руе сметаше дека операцијата треба да се затвори во светски рамки. Лиценцата на Диор и француската модна индустрија не ја примија добро оваа можност; Мајсон Диор беше премногу значаен за финансиската стабилност на индустријата за да дозволат таква можност. За да го поткрепи брендот, Руе го промовираше 21-годишниот Ив Сент Лорен како артистички директор истата година. Лорен и се приклучи на Куќата во 1955тата година откако претходно лично бил исфрлен од главниот дизајнер за истата позиција како прв и единствен главен асистент. Лорен докажа дека е најсоодветниот избор по дебата за неговата прва колекција во 1958та година,за Диор ( Споменувањето на Диор отсега се однесува на компанијата). Парчињата облека изгледаа извондредно и совршено се составија исто како што правеше и Диор, но нивниот млад креатор ги направи помеки и полесни за носење. Сент Лорен се сметаше за национален херој.


Леново уреди

Леново претставува Американско-Кинеска мултинационална групацијата за информатички технологии и електроника со две главни седишта, и тоа во Пекинг, Кина и во Морисвил, Обидинетите Американски Држави. Нивни продукти се персоналните компјутери, работни станици, сервери, електронски батерии, софтвер за управување и други слични производи и услуги. Леново е основана во Пекинг, 1984та година во склоп на истоимената фирма која дотогаш го носела името Legend. Лиу го истакнува Hewlett-Packard како главен извор на инспирација. Повеќе од 10 години Леново служи како главен дистрибутер на Hewlett-Packard во Кина. Зборувајќи во врска со стекнувањето на персонален компјутер на IBM единица, Луи изјавил: “Се сеќавам на првиот пат кога земав учество на состанок на IBM агентите. Носев старо одело од татко ми и седев во задниот ред. Дури ни на сон не замислував дека еден ден ние ќе можеме да го купиме бизнисот со персонални компјутери на IBM. Беше незамисливо. Невозможно.” Бизнис етиката била главен предизвик за Луи во основањето и проширувањето на Леново. Луи изјавил, дека од првин се однесувал како диктатор и редовно го повишувал тонот. Испратил пет корумпирани директори во затвор. Секој кој ќе задоцнел на состанок се казнувал со стоење во тишина пред остатокот од групата, казна која и самиот Луи ја извршил три пати. Интер-корпоративната култура постепено се менува и Луи го напушта својот авторитарен стил на раководење. Леново станува главен избор како работодавач на кинеските инженери и менаџерите образовани во странство. Леново објавува понуда на Хонг Конгшката берза за прв пат во 1994, собирајќи речиси 30 милиони долари, а првото прекуокеанско тргување на берзите се случува во Април 2001. Во Август 2001, Леново лансира супер компјутер способен да изработи квадрилион калкулации во секунда. Ова е првиот компјутер способен да надмине квадилион калкулации при тестирањата.


Бизнисот со персонални компјутери на IBM

Леново се стекна со бизнисот за персонални компјутери на IBM во услови кога Американскиот конгрес е против Кинеските компании кои пробуваат да откупат Американски компании. Нафтената компанија CNOOC се откажува од својот обид да го купи Unocal, а Haier Group ги прекинува напорите да се стекне со Maytag. Леново го преместува главното седиште во Морисвил, Северна Каролина и задржува голем дел од поранениот персонал на IBM во Њујорк.


Леново мобајл

Леново го продава одделот за мобилни телефон во 2008 со цел да се фокусира на бизнисот со персоналните компјутери, додека следниот Ноември плаќа 200 милиони долари за да го откупи. Леново мобајл се фокусира на апаратите за мобилен интернет, како што се смартфоните и таблетите. Денес, Леново мобајл се рангира на третото место во однос на неговиот удел на пазарот за мобилна телефонија во Кина. Леново инвестира 100 милиони кинески јуани во фонд посветен на обезбедување основни финансии за развивање на мобилни апликации за сопствената LeGarden онлајн продавница за апликации. Во 2010 LeGarden има повеќе од 1000 програми достапни за LePhone. Во исто време, LeGarden брои 2774 индивидуални програмери и 543 програмерски компании како членови. Во Мај 2012 Леново објави инвестиција од 793 милиони долари во изработка на производствен погон за мобилни телефони и R&D објект во Вухан, Кина.


Здружена инвестиција со NEC

На 27 Јанурари 2011, Леново формира здружена инвестиција со Јапонската технолошка компанија NEC. Како дел од договорот, компаниите изјавија дека ќе основаат нова компанија наречена Lenovo NEC Holdings B.V., која ќе биде регистрирана во Холандија. NEC ќе добие 175 милиони долари од Леново преку издавањето на акциите на Леново. Леново, преку единица, ќе поседува 51% пд акциите, додека NEC ќе поседува 49%. Леново има пет годишна опција да го прошири својот дел во здружената инвестиција. Оваа зружена инвестиција со NEC е замислена да ги подигне продажбите на Леново низ целиот свет, преку проширување на неговото присуство во Јапонија, главен пазар за персонални компјутери. NEC го откачува својот бизнис со персонални компјутери од заедничката инвестиција. Во 2010, NEC контролира околу 20% од Јапонскиот пазар за персонални компјутери, додека Леново има удел од 5%. Леново и NEC исто така се согласуваат да истражат и соработка во други области, како сервери и таблети


Придобивањето на Медион

Леново во Јуни 2011 обајви дека планира да превземе контрола врз Медион, германска компанија за електроника. Леново изјави дека стекнувањето со оваа компанија ќе го дуплира неговиот удел на германскиот пазар за компјутери, правејќи го трет најголем компјутерски бренд во Германија во продажби, после Acer и Hewlett-Packard. Зделката, очекувана да се склучи во третата четвртина на истата година ќе биде првиот пат кинеска компанија да купи добро позната германска компанија. Оваа придобивка му носи на Леново 14% од германскиот компјутерски пазар. Gerd Brachmann, претседател на Медион, се согласува да продаде две третини од неговите 60% од Медион. Нему ќе му се исплатат 80% од акциите во готовина, а 20% акции од Леново. Тоа му дава 1% сопственост од Леново.


Производи и услуги

ThinkPad линијата на лап топ компјутери беше оригинално продавана од IBM. ThinkPad-овите се познати по нивнио коцкаст црн дизајн, моделирани по традиционалната јапонска Бенто кутија за ручек. Уште од почетокот на 2005, ThinkPad-овите се произведувани и продавани од Леново, кој го откупи делот од IBM истата година. ThinkPad-овите се еднакво популарни кај бизнис сферата, училиштатат и индивидуалните корисници. ThinkPad-от е користен во вселената и беше првиот комерцијално произведен лап топ сертифициран за употреба на Интернационалната Вселенска Станица. IdeaPad линијата од потрошувачки-проентирани лап топ компјутери бепе претставена во Јануари 2008. (Без разлика на сличните имиња, IdeaPad-от е креиран само од Леново и нема ништо заедничко со ThinkPad-от или било кој друг производ на IBM.) Дизајнот на IdeaPad-от е со девијација од ThinkPad, кој е повеќе бизнис ориентиран. Меѓу овие промени се и вклучувањето на светкав екран и пропуштањето на TrackPoint, традиционален за ThinkPad. Notebook критиката изјави дека тастатурата има "ThinkPad чувство" и "touchpad-от и touchpad копчињата се нежни и одговараат”. Првиот IdeaCentre десктоп компјутер, IdeaCentre K210, беше објавен од Леново на 30 Јуни 2008 . Иако IdeaCentre беше дизајниран да биде наменет само за десктоп модели, забележани се влијанија од IdeaPad линијата. Една од забележаните карактеристики е Veriface технологијата за распознавање на лица. На CES 2011, Леново го објави лансирањето на четири IdeaCentre десктоп компјутери: A320, B520, B320 иC205. Сите десктоп компјутери беа дизајнирани како се во едно, комбинирајќи процесор и монитор во една единица. Десктоп компјутерите беа опишани од HotHardware како оригинално дизајнирани, за што корисниците треба добро да разгледаат кој би одговарал во нивната средина.

LePad е линија на таблет компјутери. LePad-от е дел од стремежот на Леново на пазарот за мобилни интернет апарати. Леново основаше Mobile Internet and Digital Home Business Group за да конкурира во оваа сфера. Во пишана форма Леново изјави: "LePad-от е првиот голем лансиран производ од основањето на бизнис групата, ние веруваме во него и ќе продолжиме да ја збогатуваме оваа линија со продукти со подобри перформанси и побогат избор на стилови. Леново го лансираше LePhone со цел да конкурира на другите смартфони. LePhone е понуден на ниска цена и е прилагоден за кинескиот пазар. LePhone доби силна подршка од кинеските мобилни компании и провајдери како Baidu, Alibaba и Tencent. LePhone подржува стандардниот GSM, кинескиот TD-SCDMA 3G стандард користен од China Mobile, WCDMA 3G стандардот користен од China Unicom и CDMA 2000 network користен од China Telecom. Од Декември 2011 LePhone ексклузивно гo користи Android оперативниот систем од Google. Но сепак, Леново во 2012 планира да произведе LePhone што ќе го користи оперативниот систем за мобилни телефони на Microsoft Windows. Согласно со IHS iSuppli, Леново беше меѓу топ трите производители на смартфони во Кина со 16,5% пазарен дел во првата четвртина на 2012. Според извештај от издаден во Мај од IDC, Леново по количина се рангира на четвртото место на глобалниот пазар за таблети. Во Ноември 2011 Леново изјави дека наскоро ќе открие нов телевизиски продукт наречен LeTV, очекуван да се лансира во првата четвртина од 2012. Компјутерската, комуникациската и телевизиската индустрија претрпуваат смарт трансформација. Во иднина, корисниците ќе имаат многу смарт апарати и ќе посакаат интегрирано искуство на хардвер, софтвер, и облак хостинг услуги. – изјави Лиу Јун, претседател на одделот за мобилен интернет на Леново. Во Ноември 2011, Леново изјави дека ќе понуди нови облак-хостинг услуги што ќе им овозможат на корисниците да споделуваат содржини меѓу повеќе апарати, во прилог на раководењето на нивните лични информации и социјални мрежи.


Останати производи:

  • Останати производи на Леново се:
  • ThinkStation работни станици
  • ThinkServer сервери
  • Lenovo 3000 J серии десктоп компјутери
  • Lenovo 3000 C, N 8 V серии лап топ компјутери
  • ThinkVision проектори и монитори


Седиште на Леново во Кина

Седиштето на Леново се наоѓа во Пекинг, Кина и Морисвил, Северна Каролина, со истражувачки центари на истите локации како и во Шангај, Шенџен, Ксиамен и Ченгду во Кина и Јамато во Јапонија Леново има објекти за производство во Ченгду и Хефеи, Кина и во Јамато, Јапонија. Исто така, од Декември 2011 Леново започна изградба на производствен погон во Аргентина. Ченово е вертикално инкорпорирана компанија со цел да се избегне зависност од ОЕМ производителните и да се редуцираат трошоците. Во 2012 Леново започна изградба на индустриски парк во Вухан кој ќе служи како база за операции за поголема експанзија на бизнисот со мобилните апарати. Објектот е закажан да се отвори во Октомври 2013. Објектот ќе биде место за истражување и развој, производство и глобален продажен салон за мобилни апарати. Околу 10 000 луѓе ќе бидат вработени на оваа локација. Леново е кинескиот врвен бренд и стана светски трет најголем добавувач на персонални компјутери за време на третото тромесечје на 2011. Леново од Октоомври 2011 држи околу 13,5% од светскиот компјутерски пазар. Експанзијата на компанијата нарасна дел од здружувањето со NEC во Јапонија, и агресивниот маркетинг кон професионалците и обичните корисници. Јанг Јуанкуинг изјави дека Леново ќе ја продолжи експанзијата преку фокусирање на технолошката конвергенција во сферата на смартфоните, таблетите, персоналните компјутери и смарт телевизиите. “За да ја постигнеме нашата цел и станеме компанија лидер за персоналната технологија во светот, мораме да обезбедиме одлично корисничко искуство за сите платформи”. Во второто тромесечје на 2011, Леново беше, во светски рамки, третиот најголем продавач на персоналните компјутери. Кон крајот на годината, пазарот наЛеново нарасна од 8,6% на 10,4%. Компанијата е најголемиот пордавач на персонални компјутери во Кина, со 28,6% пазарен дел од кинескиот пазар, согласн со истражувачата фирма IDC во Јули, 2009. Пријави годишна продажба од 14,9 билиони долари за фискалниот крај на 2008/2009, на 31 Март, 2009. За време траење на првото тромесечје од 2011, Леново држи пазарен дел од 31,7% од кинескиот пазар за персонални компјутери, според продадени единици. Леново пријави пораст од 98,3% во профит до 108,8 милиони долари, за 54,86 милиони долари повеќе од истиот период минатата година. Леново испорачале 10.28 милиони персонални компјутери во првото тромесечје на 2011. Пријавиле 54% покачување во профитот за третото тромесечје од 2011, победувајќи ги аналитичките предвидувања и покрај бавниот раст на продажбите и недотигот на хард дискови.


Сопствеништво

Заклучно со 1ви октомври, 2011, 58% од акциите на Леново се јавни, 34% се сопствеништво на Legend Holdings Limited, и 8% припаѓаат на поединци. Кинеската академија на науки е сопственик на 36% од акциите во Legend Holdings. На 4ти септември 2009та година, Oceanwide Holdings групацијата, која е приватна инвестициска фирма со седиште во Пекинг, откупи 29% од акциите на Legend Holdings, денешна Леново, за 2.76 милијарди јени. IBM превзеде 18.9% од акциите на Леново во 2005та година со откувањето на одделот за персонални компјутери. Од тогаш IBM постепено го намалува своето сопствеништво над акциите во Леново. Во јули 2008ма акциите на IBM's во Леново групацијата паднаа под 5%. Во ноември 2010та, беше објавено дека приватните фирми со акционерски капитал TPG Capital и General Atlantic сакаат да ги продадат своите акции во Леново за 1.56 милијарди долари. На гласините дека Леново е компанија која е државно сопствеништво извршниот директор Yang Yuanqing изјави: " Нашата компанија е 100% пазарно ориентрирана компанија. Некои луѓе изјавија дека таа претставува државно сопствеништво. Тоа е 100% невистина. Во 1984та година кинеската академија на науките инвестираше 25 000 долари во нашата компанија. Целта на инвестицијата на кинеската академија на науките беше да се комерцијализираат резултатите од нивното истражување. Кинеската академија на науките е стриктно истржувачки субјект, во сопствеништво на владата. Од оваа точка, може да кажеме дека ние се разликуваме од компаниите со државно сопствеништво. Како второ, по оваа инвестиција, со компанијата во целост управуваат сопствениците и тимот за менаџирање. Владата никогаш не била вклучена во нашите секојдневни операции, во битни дискусии, стратешки планирања, избор на изврпен директор или на било кој ччен од извршниот или финансискиот тим. Се се извршува по наредба на нашиот тим за управување. Yang драматично го зголеми своето сопствеништво во 2011та година со откуп на 797 милиони акции. Заклучно со јуни 2011, Yang поседува 8% од акциите на Леново. Предходно тој беше сопственик на само 70 милиони акции. Во една изјава тој кажа, " Иако трансакцијата е лична финансиска работа, сакам да бидам јасен дека мојата одлука за оваа инвестиција е базирана на силните верувања во светлата иднина на оваа компанија. Нашата култура се темели на посветеност и сопствеништво - ние го правиме она што го кажуваме и го поседуваме она што го работиме. Мојата одлука да ги зголемам моите акции го претставува моето цврсто верување во овие принципи. " Yang Yuanqing е главниот извршен директор на Леново. Yang бил биректор на бордот од 2004 до 2008 година. Пред навлегувањето на IBM во девизијата за персонални компјутери во 2004та, тој бил претседател и извршен директор. Едно од неговите големи достугнувања е предводењето на Леново како прв најдобар по продажба бренд за персонални компјутери во Кина од 1997ма година. Во 2001ва година Business Week го нарече една од водечките бизнис ѕвезди во Азија. Во февруари 2009, извршниот директор Bill Amelio бил заменет со Yang. Во април 2012та година, Леново го назначи поранешниот извршен директор на Аcer, Gianfranco Lanci на чело на нивните Европски претставништва. Леново изјави дека Lanci е назначен за да ја исполни целта, Леново да стане еден од најдобрите три произведители на персонални компјутери во Европа во текот на годината.

Yakuza - Јакуза уреди

Јакузи (ヤクザ or やくざ), исто така познати и како Гокудо ,претставуваат членови на традиционални организирани криминални синдикати во Јапонија. Јапонската полиција,и медиумите на барање на полицијата,ги нарекуваат Борјокудан, во буквален превод ' Насилничка банда ' , додека Јакузите сами се нарекуваат Нинкјо Дантаи,во превод ' Витешки Организации ' . Јакузите се озлогласени по нивните строги кодови на спроведување и по одличната организираност . Тие се многу распространети во Јапонските медиуми и интернационално раководат со повеќе од 80.900 членови до 2009 година,година во која е направена последната проценка.


Поделби по потекло

Покрај несигурноста за основното потекло на Јакуза организациите, повеќето од модерните Јакузи произлегуваат од две класификации кои се појавиле во средината на Едо периодот ( период во кој владееле Шогуни од Токугава семејство, 1603-1868 година ) Текија , чија главна карактеризација била поседување на нелегални, украдени или евтини стоки ; и Бакуто, коишто биле вмешани со коцкање. Членовите на Текија , биле вбројувани во најниските социјални групи во Едо периодот. Откако започнале да формираат нивни организации, зазеле некои административни должности поврзани со трговијата, поточно распределба на штандови и заштита на нивните комерцијални активности. За време на Шинто фестивалите , членовите на Текија отварале штандови и вработувале луѓе за обезбедување. Секој со штанд плаќал кирија за местото и обезбедување за време на саемот. Владата во тој период , на веќе признаената нелегална Текија организација,поточно на нивните водачи им дала дозвола за поседување и носење на долг меч, исто така и за мал самурајски меч - катана,кои до тогаш можеле ексклузивно да ги поседуваат само самурајските касти.Ова било голем напредок за тргувачите,бидејќи до тој момент дозвола за носење на меч имале само самураите и благородниците. Членовите на Бакуто (коцкари) имале многу понизок социјален статус од тргувачите , бидејќи коцкањето било забрането. Многу мали коцкарници биле сместени во напуштени замоци и светилишта на краевите од градовите и селата во цела Јапонија. Повеќето од овие коцкарници земале заеми за бизнис клиенти, а обично сами си наоѓале персонал за обезбедување. Самите коцкарници, а воедно и членовите на Бакуто биле наградени со огромен презир презир од општеството; всушност голем дел од сликата за денешните Јакузи потекнува од Бакуто организацијата - самото име Јакуза е добиено од Ја-ку-за што значи 8-9-3, недобитна рака во Оичо-Кабу, форма на блекџек. Поради економската ситуација во тој период и доминантноста на трговската класа, развивањето на Јакузи групите започнало од разбојници и деликвенти, коишто се формирале во групи и ги изнудувале купувачите во локалните маркети и им продавале лажна или фалсификувана стока. Корените на Јакузи и до ден денес можат да бидат видени во иницијативните церемонии, коишто вклучуваат текија или бакуто ритуали. Иако модерните Јакузи се видно изменети од овие основни групи, сеуште постојат и такви банди кошто се идентификуваат како Текија или Бакуто. Низ историјата, посебно од почетокот на модерната ера, островот Кјушу е најголемиот извор на членови на Јакузи, вклучувајќи и голем број реномирани шефови на Јамагучи-Гуми.Шефовите на денес најпознатите и најмоќните кланови, Шинобу Тсукаса и Кунио Иное,се од Кјушу.


Организираност и Активности

Во текот на формирањето на Јакуза, се прифатени голем дел од традиционалните Јапонски хиерархиски структури; Структурата ојабун-кобун, каде што кобун (посвоено дете) ја должи својата верност на ојабун (старателот). Во покасниот период, усвоен е кодот џинги ( правда и должност ) , каде лојалноста и почитувањето се начин на живот. Врската ојабун-кобун е формализирана со церемонијално пиење на саке од иста чаша. Оваа традиција, освен од јакузите, се практикува и на традиционалните Шинту свадби. За време на Втората Светска Војна, традиционалните Текија/Бакуто организации се распуштени поради мобилизирањето на цивилите и нивното учество во војната, а и поради потпаѓањето на општеството под строга воена влада. Меѓутоа,веднаш по завршувањето на војната, Јакуза се реоформиле. Потенцијалните Јакузи доаѓаат од сите сфери на животот. Најромантичните приказни кажуваат како јакузите посвојувале синови коишто биле напуштени од своите родители. Многу од нив започнуваат со таква кариера уште во средно школо,како улични гангстери или членови на босозоку бандите. Поради нискиот социјален статус, голем број јакузи доаѓаат од Буракумин ( луѓе од село ) и луѓе со етничко потекло од Кореја. Шеф на јакузите е Ојабун или Кумичо ( глава на семејството ) ,кој дава наредби на подредените кобуни. Во целина, јакуза организацијата е варијација на традиционалниот јапонски сенпаи-кохаи ( сениор - јуниор ) модел. Членовите на јакуза организациите се откажуваат од фамилијарните врски и се приврзуваат кон шефот на бандата. Тие се ословуваат како татковци и постари и помлади браќа. Популацијата во јакузите најчесто е составена од мажи, но има и жени вклучени во овие организации, нарекувани не-сан ( постара сестра ).Кога починал третиот шеф на Јамагучи-гуми во раните 1980ти,неговата жена ја презела одговорноста и го водела кланот,но само за кратко. Организациската структура на јакузи клановите е многу комплицирана. Постои шеф на вкупниот синдикат,кумичо,веднаш под него се саико комон ( висок советник ) и со-хонбучо ( шеф на седиште ). Втор во командниот синџир е вакагашира,кој води неколку помали банди со помош на фуку-хонбучо,кој и самиот е одговорен за банди. Регионалните банди се водени од нивниот локален шеф,шатеигашира. Конекцијата помеѓу членовите е хиерархиски рангирана според саказуки ( пиењето на саке ). На врвот се кумичо,кои контролираат неколку високи советници,кои пак имаат под власт свои потчинети,подшефови,советници и спроведувачи. Оние коишто добиле саке од ојабун се дел од фамилијата и се рангирани со термините постар-помлад брат. Како и да е, секој кобун може да го понуди со саке својот потчинет со цел да се оформи пониско рангирана формација. Во кланот Јамагучи гуми,којшто контролира 2500 бизниси и над 500 јакуза групи, постојат помошни организации од дури 5ти ранг.


Ритуали

Јубитсуме ,или сечење на еден прст, е вид на посветување или извинување. За првиот прекршок, престапникот мора да го отсече врвот на малиот прст од левата рака.Во некои случаи, оваа казна може да се изврши и на надреден член,доколку сака да поштеди некој од своите членови. Целта на оваа казна доаѓа од традиционалното држење на меч во Јапонија.Долните три прста служат за цврсто држење на мечот, додека палецот и показалецот се опуштени. Со сечење на малиот прст значително се ослабува зафатот на мечувалецот. Основната идеа е тоа што личноста со слаб зафат ќе мора да се ослонува повеќе на групата за заштита - намалена е индивидуалноста. Во последните неколку години развиени се протетски прсти за да се прикрие овој недостаток. Многу од јакузите имаат тетоважи по целото тело. Овие тетоважи,познати како ирезуми во Јапонија сеуште се прават на стариот начин,а тоа е без употреба на електронски направи за тетовирање; мастилото се вметнува во кожата рачно,со зашилен предмет од бамбус или железо. Кога членовите на јакузи играат Оичо-Кабу меѓусебно, го разголуваат горниот дел од телото и ги покажуваат тетоважите. Ова е една од ретките можности да се видат тетоважите на јакузи,бидејќи обично се сокриени од јавност . Кога се вклучуваат нови членови,од нив не ретко се бара да ги соблечат панталоните и да ги откријат тетоважите во долниот дел на телото.


Синдикати

Трите најголеми синдикати Иако членството во јакуза е забрането со законот против бандите којшто е усвоен во 1992 година во Јапонија , бројот на јакузи се мисли дека е повеќе од 103.000 активни членови. Иако постојат многу различни јакуза групи, заедно тие ја сочинуваат најголемата криминална група во светот.

  • Јамагучи Гуми - Формирана во 1915 година, Јамагучи Гуми е најголемата Јакузи фамилија, со 50 % од сите јакуза членови во Јапонија,односно повеќе од 50.000 членови поделени во 850 кланови. И покрај еднодецениската полициска репресија,Јамагучи Гуми продолжил да расте.Од главните седишта во Кобе, се контролирани криминални активности низ Јапонија ,а воедно и Азија и Соединетите Американски Држави. Шинобу Тсукаса,познат како Кеничи Шинода,е моментално ојабун на Јамагучи Гуми. Ја следи експанзионистичката политика,и го зголемил нивото на активности во Токио (кој не е традиционална територија на Јамагучи Гуми). Фамилијата Јамагучи постанала синоним за организиран криминал во Јапонија и надвор од неа.
  • Симијоши Каи - Симијоши ренго е втората по број на членови фамилија,броејќи 20.000 членови поделени во 277 кланови. Симијоши каи,како што е нарекувана понекогаш,претставува конфедерација од помали јакуза групи. Моментално нејзин ојабун е Шигео Нишигучи.Структурно,оваа фамилија се разликува од Јамагучи, по тоа што функционира како федерација.Ланецот на команди е поопуштен,и иако Шигео Нишигули е секогаш прв ојагун, неговото раководство е распоредено низ повеќе луѓе.
  • Инагава Каи - Ова е третата по големина Јакуза фамилија во Јапонија,со околу 15.000 членови поделени во 313 кланови. Главните седишта се во Токио - Јокохама. Оваа фамилија е една од првите кои ги има проширено криминалните активности надвор од Јапонија.Моментално ојабун е Јошио Тсунода.


Моментални активности


Јапонија

Многу од тековните активности на Јакуза можат да се разберат по нивното феудално уредување.Како прво,тие не се тајна организација како нивните колеги од италијанска мафија и кинески тријади.Јакуза организациите често имаат канцеларии со дрвена ознака на влезот,којашто отворено кажува за името на групата или нејзиниот амблем.Стари стереотипи се дека членовите носат очила за сонце и разнобојни костуми за да бидат препознатливи во нивната професија,дури некои јакузи се разликуваат и во одењето од обичните цивили.Алтернативно,јакузите можат да се облекуваат поконзервативно и да ги покажуваат тетоважите само кога ке има потреба од тоа.Една јакуза фамилија дури печати свој весник со детаљи од затвори,свадби,погреби,убиства и поеми на лидери. До скоро,најголемиот профит јакузите го имаа од обезбедување,рекет и кварталите со јавни куќи на нивни територии. Ова најчесто се должи на неподготвеноста на малите бизниси да побараат помош од полицијата. Затоа,денес јакузите се полулегитимни организации.На пример,веднаш по земјотресот во Кобе,кланот Јамагучи се мобилизирал за да се спречи катастрофа,а сето тоа се случило многу побрзо од реакцијата на владата.Јакузите помогнале и по земјотресот и цунамито во 2011 година ,со тоа што ги отвориле канцелариите и седиштата за преживеаните ,праќајки камиони со намирници во најзагрозените зони.


Соединетите Американски Држави

Најголеми активности Јакузите имаат во Хаваи,но имаат присуство и во Фресно,Хјустон,Орегон,Чикаго,Денвер и ЊуЈорк. Хаваи го користат како попатна станица при пренесувањето на метамфетамин од Јапонија до САД,и пренесувањето на огнено оружје од САД до Јапонија. Лесно се вклопуваат меѓу мештаните, бидејќи има многу туристи од Јапонија и Азија, а и многу од жителите се или јапонци или имаат потекло од Јапонија.ФБИ се сомнева дека јакузите користат разни операции за перење на пари во САД.