Накит

уреди

Накитот е личен украс кој опфаќа брошеви, прстени, ѓердани, обетки и нараквици.Со некои исклучоци како на пример медицински амблеми за идентификација или воени кучешки амблеми, накитот се разликува од другите предмети на лични украси во тоа што нема друга цел освен да изгледа привлечно, но луѓето гo произведуваат и гo носат долго време со мониста стари 100,000 години, изработени од школки од полжави „Насариус ”за кои се верува дека се најстариот накит. Накит може да се направи од широк спектар на материјали, но најмногу се користат скапоцени камења, благородни материјали, мониста и школки.Во зависност од културата и времето и во зависност од материјалот и неговите модели, накитот може да се смета за статусен симбол или за симбол со свое значење.Накитот е направен за да го краси речиси секој дел од телото, од игли за коса до прстени за нозе.Зборот „накит ”сам по себе е изведен од зборот „бисер” кој е поангличен од старофранцускиот збор „jouel”,и латинскиот збор „jocale”што значи играчка.

Форма и функција

Накитот се користи за многу причини:

•Валута, богатство и чување,

•Функционална употреба (копчиња, игли и токи)

•Симболика (да се покаже членство или статус)

•Заштита (во форма на амајлии или магии),

•Уметнички приказ

Повеќето култури практикуваат чување на големи количини богатство во форма на накит.Бројни култури го користат накитот како чеиз за венчавки или создаваат накит за чување или прикажување монети. Алтернативно, накитот се користи како валута или трговско добро.Пример за тоа е употребата на монистата за трговија.Многу елементи на накит како брошеви и токи се чисто функционални елементи, но еволуираа во декоративни елементи и нивните функционални барања се намалени.Накитот исто така може да биде симбол на членство во група како во случајот на Христијанското распетие, Еврејската ѕвезда на Давид или на статус како што е синџирот од злато или на обичајот на луѓето од Запад да носат венчален прстен кога стапуваат во брак. Носење на амајлии и благочестиви медали за да се обезбеди заштита или чување од злото е честа појава во некои култури.Тие може да бидат во форма на симболи (како на пример Анк,клучот на животот),камења, растенија, животни, делови од телото (на пример Хамса)или хиероглифи (стилизирани стихови од втората глава во Куранот на исламската уметност). Иако уметничкиот приказ беше јасна функција на накитот од самиот почеток, другите улоги кои што се опишани погоре заземаат приоритет.Тоа се случи само во 19 ти век со работата на мајстори како што се Питер Карл Фаберж и Рене Лалик.Таа уметност почна да станува приоритет над функцијата и богатството.Овој тренд продолжи во модерните времиња и се прошири од уметници како што се Роберт Ли Морис, Ед Левин и Алберто Репоси.

Материјали и методи

Во создавањето на накит често се користат скапоцени камења, монети или други скапоцени предмети и тие обично се поставуваат во драгоцени метали.Легури на скоро секој познат метал се среќаваат во накит.Бронзата на пример беше честа појава во римско време. Модерната казна со злато обично вклучува злато, бело злато, платина, паладиум, титаниум или сребро.Поголемиот дел од златниот накит во Америка и Европа се прави од легура на злато чија што чистота е изразена во карати, означена со број проследен со буквата „К”. Американскиот златен накит мора да биде со најмалку 10К чистота(41,7%чисто злато), (иако во Велика Британија бројот е 9К (37,5%чисто злато) и обично се наоѓа до 18К (75%чисто злато).Високото ниво на чистота е поретко со легури на 22К (91,6%чисто злато) и 24К (99,9%чисто злато) се смета за премногу мек за накит кој се користи во Америка и Европа. Сепак овие легури со високо ниво на чистота се користат во Азија, Средниот Исток и Африка.Легурите од платинум се движат од 900 (90%чисто) до 950 (95,0%чисто).Среброто кое се користи во накитот обично е срма или 92,5% чисто сребро.Понекогаш во бижутерија се користи нерѓосувачки челик. Други материјали кои најчесто се користат вклучуваат стакло, како што се споено стакло или емајлирано, дрво, често врежано или преработено, школки и други природни животински супстанции како што се коска и слонова коска, природна глина, полимер глина, па дури и пластика.Индијански коноп како и други видови канап се користат за да се создаде накит кој што изгледа природно.Сепак секое вклучување на олово ќе предизвика англиската канцеларија за анализа (институција која ја испитува чистотата и го дава својот печат на одобрување,„Халмарк”) да го уништи парчето.Мониста често се користат за правење накит. Тие може да бидат направени од стакло, скапоцени камења, метал, дрво, школки, глина и полимерна глина.Накитот со мониста најчесто опфаќа гердани, белегзии, обетки, ремени и прстени.Монистата може да бидат големи или мали, а најмалиот вид на мониста кои се користат се познати како зрнести мониста, овие се користат за плетење. Друга употреба на зрнестата мониста е во вез техника каде зрната мониста се прошиени на ткаенината за да се создаде широка јака и нараквици украсени со бисери.Везот со мониста, популарен вид на рачна изработка за време на викторијанската ера, ужива ренесанса во современата изработка на накит.Украсување или украс направен од мониста исто така е популарен вид во многу африкански култури.Мурано и венецијанските мајстори за стакло, со усовршено стакло и техниките за изработка на мониста од стакло, развија кристално стакло, емајлирано стакло(„смалто”), стакло со примеси од злато (goldstone), разнобојно стакло (техника „миле фиори”(millefiori) што на италијански значи многу цвеќина ), млечно стакло(„латимо”)и лажни скапоцени камења од стакло.Во почетокот на 13 ти век беа популарни стаклото и монистрите на Мурано.Кујунџиите, златарите и методите на обработка на скапоцени камења вклучуваат фалсификување, леење, лемење или заварување, сечење, резба и „ладно спојување”(употреба на лепило, спојки и навртки за да се спојат делови).

Дијаманти

Дијамантите прв пат беа ископани во Индија.Плиниј можеби ги спомнал иако има дебата за точната природа на каменот кој што тој го нарече „Адамас”.Во 2005 година, Австралија, Боцвана, Русија и Канада беа рангирани меѓу првите во производство на скапоцени дијаманти.На британската круна има дијаманти„Кулинан”, дел од груб дијамант со најголем квалитет кој што e најден досега (1905 година), 3,106.75 карати (621.35гр). Сега се најзастапени во вереничките прстени, оваа употреба датира од бракот на Максимилијан I со Мери од Бургундија во 1477 година.

Други скапоцени камења

За накит се користат голем број скапоцени и полускапоцени камења.Меѓу нив се : Килибар Килибарот, древен органски скапоцен камен е составен од смола од дрво која што се стврднала со текот на времето.За да се класифицира како килибар, каменот мора да биде стар најмалку еден милион години, а некои се стари и до 120 милиони години. Аметист Историски аметистот е најценетиот скапоцен камен во фамилијата на кварцот.Тој е ценет заради неговата пурпурна боја која што може да се менува во зависност од светлината. Смарагд Смарагдите се едни од трите главни скапоцени камења (заедно со рубините и сафирите)и познати се по нивната убава зелена до синкасто-зеленкаста боја.Тие се ценети со векови низ историјата, а некои историчари известуваат дека Еѓипјаните го пронашле смарагдот уште пред 3500 години пред нашата ера. Жад Жадот најчесто има зелена боја, но може да се најде и во други бои.Жадот е најтесно поврзан со азиската култура, историја и традиција и понекогаш се нарекува „небесен камен”. Јаспис Јаспис е скапоцен камен од фамилијата „халкидон”(млечен камен) кој што може да се најде во најразлични бои.Јасписот често има уникатни и интересни дезени во обоениот камен.Јасписот е познат по боите (најчесто беж и кафеава)и витлите во дезените на каменот. Кварц Кварцот припаѓа на фамилијата кристални скапоцени камења и може да се најде во разни бои и големини.Меѓу најпознатите видови на кварц е розовиот кварц (кој што има фина розова боја) и чаден кварц (кој што може да се најде во различни нијанси на проѕирна кафеава). Голем број други скапоцени камења, како што се аметист и цитрин се исто така дел од фамилијата на кварцот.Избраздениот кварц е познат вид на кварц кој што изгледа како да содржи игли. Рубин Рубините се познати по нивната интензивна црвена боја и се едни од највреднуваните скапоцени камења.Рубините се вреднувани со милениуми.Во„Санскрит”(Sanskrit), зборот за рубин е „ратнарај”, што значи „крал на скапоцени камења”. Сафир Најпозната форма на сафир е синиот сафир, кој што е познат по својата средно до длабоко сина боја и силна заситеност.Исто така се достапни скапи сафири со разни бои.Во САД , синиот сафир има тенденција да биде најпопуларен и најдостапен од трите најценети скапоцени камења (смарагд , рубин и сафир). Тиркиз Тиркизот може да се најде само на неколку места на земјата, а најголемиот светски производствен регион на тиркиз е југозападниот дел на САД.Тиркизот е ценет поради својата атрактивна боја , најчесто интензивно средно сина или зеленкасто-сина боја и по своето античко наследство.Тиркизот се користи во разни стилови на накит.Тој е можеби најблиску поврзан со југозападниот и северноамерикански Индијански накит, но исто така се користи во многу елегантни, модерни стилови.Некои тиркизи содржат матрица на темно кафеави ознаки, која што овозможува еден контраст со светлосината боја на скапоцениот камен.Некои скапоцени камења (како бисери ,корали или килибар)се класифицирани како органски, што значи дека тие се создадени од страна на живите организми.Другите се неоргански, а тоа значи дека тие обично се состојат и произлегуваат од минерали. Некои скапоцени камења, на пример аметистот стана помалку ценет поради тоа што напреднаа методите на извлекување и негово увезување.Некои вештачки скапоцени камења може да послужат на местото на природни камења, како циркони, кои што може да се користат наместо дијаманти.

Метални завршетоци

За платина, злато и сребрен накит постојат многу техники за да се создадат завршетоци.Најчести се техники за висок сјај, светол/мат, четкан и кован накит.Високо светнатиот накит е најчест и на металот му дава висок одраз, сјаен изглед.Светлиот или мат завршеток го намалува сјајот и одразот на накитот и најчесто се користи да ги нагласи скапоцените камења како што се дијамантите.Исчеткувањето му дава на накитот структурен изглед и се состои од четкање на материјал (сличен на шкурка) врз метал, оставајќи „потези со четка”.Завршетоците со чукнување обично се создаваат со користење на мек, заоблен чекан и накитот се кове за да се направи брановидна текстура.Некој накит е обложен за да има сјаен, рефлективен изглед или да се постигне саканата боја.Сребрениот накит може да биде обложен со тенок слој 0,999 фино сребро (процес познат како отсјај) или може да биде обложен со родиум или злато.Бижутеријата исто така може да биде обложена со сребро, злато или родиум за поатрактивен завршеток.

Влијание врз општеството

Накитот се користи за да го означи статусот.Во антички Рим, на пример, само одредени редови можеа да носат прстени.Подоцна, закони за раскош диктираа кој би можел да носи каков вид на накит, повторно врз основа на ранг.Културните диктирања исто така одиграа значајна улога. На пример, носењето на обетки од западните мажи се сметаше за феминизираност во 19 век и почетокот на 20 век.Неодамна покажувањето на накитот за тело, како што е дупчењето (piercing), стана знак на прифаќање или се гледаше како знак за храброст во некои групи, но и целосно отфлање во други.Исто така културата „хип хоп” го популаризира жаргонскиот термин „блинг-блинг”(bling-bling), кој што се однесува на претенциозниот приказ на накит од мажи или жени.Спротивно на тоа, индустријата за накит во почетокот на 20 ти век започна кампања за популаризација на венчални прстени за мажи, која што успеа, како и веренички прстени за мажи која што не успеа, се оди дотаму за да се создаде лажна историја и тврдење дека практиката имаше средновековни корени. До средината на 1940 тите години на 20 от век, 85% од свадбите во САД се одбележаа со двојна церемонија со прстени, над 15% од 1920 тите години на 20 от век. Религијата исто така одигра улога .Исламот на пример, носењето на злато од мажите го смета за социјално табу и многу религии имаат декрети против прекумерно прикажување.Во Христијанството, Новиот завет во делата на апостолите Павле и Петар дава забрани против носењето на злато.Во Откровение 17„Големата курва”или лажен религиски систем , е претставена како„украсена со злато, скапоцени камења и бисери и со златна чаша во нејзината рака”.(Откр.17)

Историја

Историјата на накитот е една од долгите, со многу различни намени меѓу различни култури.Тоа трае илјадници години и има обезбедено различен увид во тоа како се одвиваат античките култури.

Рана историја

Првите знаци на накит дојдоа од луѓето во Африка.Продупчените мониста изработени од школки од полжав датираат од пред 75.000 години во пештерата „Бломбос”(Blombos Cave). Во Кенија, во Енкапуне Ја Муто (Enkapune Ya Muto), мониста направени од издупчени јајца од ној датираат од пред 40.000 години.Надвор од Африка, првите современи луѓе имаа груби ѓердани и нараквици од коски, заби, бобинки и камен закачен на парчиња канап или животинска жила или парчиња од делкана коска кои што се користеа за спојување на облеката.Во некои случаи, накитот имаше школка или парчиња од (органски или неоргански материјали произведени од мекотели, внатрешниот слој на школката, тоа е она што го сочинува бисерот)т.н.„мајка на бисерите”(mother-of-pearl).Во јужниот дел на Русија се пронајдени гравирани белегзии направени од заб од мамут.Фигурата „Венера ”има перфорација на врвот што покажува дека е наменета да се носи како приврзок.Пред околу 7.000 години е забележан првиот знак на бакарен накит.

Египет

Првите знаци на прифатената изработка на накит во антички Египет беше пред околу 3.000 до 5.000 години.Египќаните го преферираа луксузот, реткоста и обработливоста на златото во однос на другите метали.Наскоро накитот во Египет почна да симболизира моќ и религиозна сила во заедницата.Иако богатите Египќани го носеа додека беа живи, исто така го носеа и во смртта, накитот најчесто беше поставен меѓу другите вредни работи во гробот. Во согласност со златен накит, Египќаните употребуваа обоено стакло, заедно со скапоцени камења.Бојата на накитот имаше значење.Зелената, на пример, ја симболизираше плодноста.Иако лапис лазули и сребро треба да биде увезено однадвор од границите на земјата, многу други материјали за накит се наоѓаат во Египет или во близина.Египетскиот накит е претежно направен во големи работилници. Египетските дизајни беа најчести во феникискиот накит.Исто така, античките турски дизајни пронајдени во персискиот накит покажуваат дека трговската размена меѓу Блискиот Исток и Европа не е невообичаена.Жените носеа пренатрупано злато и сребрени парчиња кои што ги користеа за време на церемонии.

Европа и Блискиот Исток

Месопотамија

Пред околу 4.000 години изработката на накит стана значаен занает во градовите Сумер и Акад.Најзначајните археолошки докази доаѓаат од Кралските гробишта на Ур, каде што стотици закопи кои датираат од 2900-2300 години п.н.е беа откопани.Гробници како што е на Пуаби содржеа мноштво артефакти во злато, сребро и полускапоцени камења како што се круни лапис лазули, украсени со златни статуетки, ѓердани и украси за глава.Во Асирија и мажите и жените носеа големи количини на накит, кои вклучуваат амајлии, белегзии за глужд, тешки ѓердани со многу нишки и цилиндрични печати.Во Месопотамија имаше тенденција накитот да се изработува од тенки метални листови и на него се поставуваа голем број на светло обоени камења (главно ахат, лапис, карнеол и јаспис).Омилени форми беа лисја, спирали, конуси и гроздови.Луѓето изработуваа накит за потребите на човекот и за украсување на статуи и идоли.Тие работеа со широк спектар на софистицирани техники за металство, како што се „клоизон”(cloisonne), античка техника за декорирање предмети),гравирање, фина гранулација и филигран. Обемно и прецизно водење на евиденција што се однесува на трговијата и производство на накит, исто така е откопана од археолошките локалитети во Месопотамија.Еден податок во кралските архиви на Мери, на пример, го дава составот на разни предмети на накит: 1 ѓердан на рамна попрскана мониста калцедон вклучува: 34 рамно попрскани мониста калцедон и 35 мониста со златни жлебови ,во групи од по пет. 1 ѓердан на рамна попрскана мониста калцедон вклучува : 39 рамно попрскани мониста калцедон со 41 мониста со жлебови во група што ја сочинуваат висечки елементи. 1 ѓердан со заоблени мониста лапис лазули вклучува :28 заоблени мониста лапис лазули и 29 мониста со жлебови за нивно закопчување.

Грција

Грците започнаа да користат злато и скапоцени камења во накитот во 1600 година п.н.е, иако порано монистри во форма на школки и животни се произведуваа насекаде.Со 300 година п.н.е, Грците ја усовршија изработката на накит во боја и користеа аметист, бисери и смарагди.Исто така првите знаци на „камеја”(значи накит)се појавија така што Грците ги создаваа од индискиот сардоникс, пругаст кафеаворозов и кремаст камен „ахат”.Грчкиот накит отсекогаш беше поедноставен од оној на другите култури, со едноставни дезени и изработка.Сепак, како што поминуваше времето, дезените стануваа се посложени и наскоро почнаа да се користат различни материјали. Во Грција накитот ретко го носеа и најчесто се користеше за појавување во јавност или посебни прилики.Тој најчесто се подаруваше и претежно го носеа жените за да го покажат своето богатство, социјален статус и убавина.Накитот, често оние кои го носеа требаше да ги заштити од уроци или да му даде натприродна моќ на сопственикот, додека другите имаа верска симболика.Другите парчиња накит што беа најдени ги посветија на Богови.Во овие времиња најмногу накит произведуваа Северна Грција и Македон. Сепак, иако најголем дел од накитот во Грција се изработуваше од злато и сребро со слонова коска и скапоцени камења, исто така се правеше и лажен накит од бронза и глина. Тие изработуваа два вида парчиња : лиени парчиња и измазнување на лим.Пронајдоа и неколку парчиња лиен накит.Тој беше направен со лиење на металот врз два камена или калапи од глина.Двете смеси се соединуваа а во средина се ставаше восок со растопен метал.Оваа техника се практикуваше се до крајот на бронзеното време.Најчестиот вид на накит беше кованата плоча.Металните плочи се коваа за да се направи дебел слој и потоа се лемеа заедно.Внатрешноста на двете метални плочи се исполнува со восок или друга течност за да се зачува металната изработка.За да се создаде мотиви на накитот, се користеа различни техники како што се употреба на печат или гравирање.Потоа во вдлабнатините можеше да се додаде накит или да се излее стакло во специјалните шуплини на површината.Голем број од дизајните на Грците се од надворешно потекло, како на пример од Азија, кога Александар Велики освоил дел од неа.Во претходните дизајни исто така може да се забележат и други европски влијанија.Кога римското владеење дојде во Грција, не беа забележани никакви промени во дизајнот на накитот.Сепак, со 27 година п.н.е грчките дизајни беа под силно влијание од страна на римската култура.Тоа не значи дека локалниот дизајн не просперира.Голем број полихромни пеперутки, приврзоци на сребрени синџири од лисичја опашка кои датираат од 1от век, се пронајдени во близина на Олбиа со само еден примерок кој што досега не е најден никаде на друго место.

Рим

Иако порано накитот беше богато разновиден, особено меѓу варварските племиња како Келтите, кога Римјаните освоија поголем дел од Европа накитот се промени бидејќи помалите раздори ги развија римските дизајни. Најчестиот артефакт на раниот Рим беше брошот, кој што се користеше за да се закопча облеката.Римјаните употребуваа различни видови на материјали за нивниот накит од своите обемни ресурси низ целиот континент.Иако употребуваа злато, тие понекогаш употребуваа и бронза или коски, а порано стаклени мониста и бисер.Уште пред 2.000 години тие увезуваа сафири од Шри Ланка и дијаманти од Индија и употребуваа смарагди и килибар во накитот. За време на римското владеење во Англија, фосилизирано (скаменето, затврднато) дрво наречено ахат од Северна Англија често се врежувашево парчиња накит.На почетокот Италијанците работеа со сурово злато и произведуваа токи, ѓердани, обетки и нараквици.Тие исто така произведуваа поголеми приврзоци кои што би можеле да бидат пополнети со парфем.Како и кај Грците, така и кај Римјаните, најчесто целта на накитот беше да ги чува од „уроци”.Иако жените носеа секаков накит, мажите често носеа само прстен.Иако се очекуваше да носат барем еден прстен, некои мажи носеа прстени на секој прст, додека некои не носеа ниту еден.Мажите и жените во Рим носеа прстени со изгравирани скапоцени камења, кои што ги користеа со восок за запечатување документи, практика што продолжи во средниот век кога царевите и благородниците го користеа истиот метод.По падот на Римската империја, дизајнот на накитот го прифатија соседните земји и племиња.

Средниот век

Европа во пост-римскиот период продолжи да ги развива вештините за изработка на накит.Келтите и Меровинзите (салиско-франкска династија) особено се истакнаа во изработката на накит, што во однос на квалитетот беа на исто или повисоко ниво од Византија. Елементи за сврзување на облеката, амајлии и во помала мера прстен-печати се најчестите артефакти кои што ни се познати.Особено впечатлив примерок од Келтите е брошот „Тара”.„Торк”(цврс ѓердан кој што има форма на прстен и обично е направен од две метални нишки)имаше најмногу низ Европа и беше симбол за статус и моќ.До 8 от век мажите најчесто носеа накит во форма на оружје, додека другиот накит (со исклучок на прстен-печатите) почесто беше застапен кај жените.Стоката во гробовите пронајдена од закопите во 6 и 7 ми век во близина на Шалон сур Саоне е илустративен пример за тоа.Млада девојка беше погребана со: 2 сребрени фибули, ѓердан (со монети), нараквица , златни обетки, еден пар игли за коса, чешел и тока.Келтите се усовршија во постојани дезени и дизајни, додека дизајните на Меровинзите се најпознати за стилизирани животински фигури.Тие не беа единствените групи кои што беа познати по нивната високо квалитетна работа.Забележана е работата на Визиготите која што е прикажана овде и бројните декоративни предмети пронајдени во бродови или чамци (во бродови се чувале мртвите и вредните предмети)каде што беа погребани Англосаксонците во Сатон Хо Сафолк, Англија се особено познат пример.„Клоизон”(cloisonne) и „гранат” беа можеби најнеопходниот метод и скапоцен камен во тој период на континентот.Источниот наследник на Римската империја, Византија, продолжи да употребува многу од методите на Римјаните иако почнаа да доминираат религиските теми.За разлика од Римјаните, Франките и Келтите, сепак во Византија повеќе користеа листови со лесно злато отколку чисто злато и поголем акцент се ставаше на камења и скапоцени камења.Како и на Запад, накитот во Византија го носеа богати жени, додека машкиот накит беше ограничен на прстен-печати.Како и другите современи култури, накитот најчесто го закопуваа со неговиот сопственик.

Ренесанса

И ренесансата и истражувањето имаа значително влијание врз развојот на накитот во Европа.До 17ти век, зголеменото истражување и трговијата доведе до поголема достапност на широк спектар на скапоцени камења како и приказ на уметноста на други култури.Додека претходно изработката на злато и други скапоцени метали беа во првите редови на накитот, овој период сведочи за зголемување на доминацијата на скапоцени камења и нивно поставување.Еден фасцинантен пример за ова е ризницата скриени резерви на златар„Чипсајд”(Cheapside), за време на Комонвелтот, кои што не се најдени до 1912 година.Таа содржеше смарагди од Колумбија, топаз, амазон од Бразил(името на каменот потекнува од името на реката Амазон), шпинел(магнезиум алуминиум оксид), иолит(доаѓа од грчкиот збор што значи виолетова боја) и берилиум алуминиум оксид од Шри Ланка, рубин од Индија, лапис лазули од Авганистан, персиски тиркиз, оливин од Црвеното Море како и цигански и унгарски опал, гранат и аметист.Големи камења често се поставуваа во кутија со лежиште на емајлирани прстени. Значаен меѓу трговците од овој период беше Жан Батист Таверние кој што во Франција во 1660 тите години од 17 ти век го донесе камен претходникот на дијамантот „Хоуп”(Хенри Филип Хоуп). Кога Наполеон Бонапарта беше крунисан како император на Франција во 1804 година, го оживеа стилот и величественоста на накитот и модата во Франција.Во владеењето на Наполеон, луѓето кои произведуваа и тргуваа со накит воведоа „парур”(parures), збир на различен накит како што се дијамант „тиара” , дијамантски обетки, дијамантски прстени, дијамантски брош и дијамантски ѓердан.Двете жени на Наполеон имаа извонредни сетови како што се овие и редовно ги носеа. Друг моден тренд кој што го воведе Наполеон беше „камеја”(метод на резба на накит).Откако ја видоа сите неговата декорирана круна, накитот „камеја”(гравиран накит) беше мошне баран. Овој период ја забележа и раната фаза на бижутеријата со стаклени мониста покриени со крлушки од риба наместо бисери или камеја од школка од морски полжав наместо камеја од камен.Се воведоа и нови термини за разликување на уметностите: луѓето кои што работеа со поевтини материјали ги нарекуваа луѓе кои што работат со бижутерија, додека оние кои што работеа со скапи материјали ги нарекуваа „јувелири”, практика која што продолжи и до ден денес.

Романтизам

Почнувајќи од крајот на 18ти век, романтизмот имаше големо влијание врз развојот на западниот накит.Се претпоставува дека најзначајното влијание беше фасцинираноста на јавноста од богатствата кои што беа откриени преку раѓањето на модерната археологија и фасцинантноста од средновековната и ренесансната уметност.Промената на социјалните услови и почетокот на индустриската револуција, исто така доведе до пораст на средната класа која што сакаше и можеше да си дозволи накит.Како резултат на тоа, употребата на индустрискиот процес, поевтини легури и замената на камења доведе до развој на стаклена маса (за вештачки скапоцени камења)или бижутерија.Сепак, истакнати златари продолжија да просперираат бидејќи побогатите покровители се обидуваа да обезбедат дека тоа што го носат се уште е застапено во накитот за масите, не само преку употреба на скапоцени метали и камења, но исто така преку подобра уметничка и техничка работа. Еден таков уметник беше францускиот златар Франсоа Десир Фромент Маурис.Категорија единствен за овој период и сосема соодветен на филозофијата на романтизмот беше накитот за жалост.Потекнува од Англија, каде што кралицата Викторија често можеа да ја забележат како носи ахат накит по смртта на принцот Алберт, ваквиот накит им овозможува на оние кои го носат да продолжат да носат накит и додека ја оплакуваат смртта на некој близок. Во САД , овој период сведочи за основањето на „Тифани и Ко ”(компанија за накит)во 1873 година од Чарлс Луис Тифани.Тифани ги постави САД на светската карта кога станува збор за накит и се здоби со слава кога почна да добива овластувања да создава импресивен накит за луѓе како што е жената на Абрахам Линколн.Подоцна тие ќе стекнат лош глас со подготовките за филмот „Појадок кај Тифани”.Во Франција, Пјер Картие ја основа компанијата „Картие ”во 1847 година, додека во 1884 година во Италија се основа „Булгари”.Се роди модерното производствено студио кое што беше на чекор од поранешната доминација на индивидуални мајстори и покровителства.Овој период исто така сведочи за првата поголема соработка помеѓу Истокот и Западот.Соработката во Форцхајм меѓу германските и јапонските уметници доведе до производство на плочи „Шакудо” кои што се поставуваа во рамки од филигран кои што ги произведуваше фирмата „Штофлер”во 1885 година.Можеби големото финале и соодветната транзиција кон периодот што следеше беа маестралните дела на рускиот уметник Питер Карл Фаберж, кој што работеше за величествениот руски суд , чии дела како што се „јајца” и парчиња накит се уште се сметаат за олицетворение на уметноста на златарите.

Арт Нову

Во 1980 тите години на 20 от век, луѓето кои што изработуваа и тргуваа со накит почнаа да го истражуваат потенцијалот на стилот „Арт Нову”(Art Nouveau)(значи „нова уметност”) кој се повеќе се ширеше и тесно поврзаниот германски стил „Југенд ”(Jugendstil) што значи „стил на младите”, британски (и до одреден степен американски)уметности и занетчиски движења, каталонски модернизам, австро-унгарската „Сецесија”, италијанската „Либерти”(Liberty)(значи слобода) и други. Накитот „Арт Нову”(Art Nouveau)опфаќа многу различни особености и го насочува фокусот на женската форма и акцент на боја, најчесто изразени преку употреба на техники за емајлирање(basse-taille ,champlevé, cloisonné ,plique-a-jour). Мотивите вклучуваат орхидеи, перуники, темјанушки, винови лози, лебеди, пауни ,змии, водни коњчиња, митолошки суштества и женски силуети. Рене Лалик, кој што работеше во продавницата на Самуел Бинг во Париз, беше признат од современиците како водечка фигура во овој тренд .Колонијата на уметници „Дармштат” и виенската „Работилница”(Werkstatte) го имаа можеби најзначајниот германски придонес во трендот, додека во Данска Георг Јенсен, иако најдобро познат по неговите предмети од сребро, исто така придонесе со значајни парчиња.Во Англија, „Либерти и Ко”(Liberty & Co) и британските уметности и занаетчиски движења на Чарлс Роберт Ашби имаа поголем придонес со линеарни но се уште карактеристични дизајни.Новиот стил го пренасочи фокусот на луѓето кои изработуваа и тргуваа со накит, од поставување на камења во уметнички дизајн на самото парче.„Водното коњче”на Лалик е еден од најдобрите примери за тоа. Емајлирањето одигра голема улога во техниката , додека кривулестите природни линии се најкарактеристичниот дизајн.Крајот на Првата светска војна повторно го промени јавното мислење и се разви еден поумерен стил.

Арт Деко

Зголемените политички тензии, ефектот од војната и реакцијата против согледаното пропаѓање на крајот од 20 от век доведе до поедноставни облици, комбинирани со поефикасно производство на виско квалитетен накит за масите. Во периодот од 1920 тите и 1930 тите години на 20 от век, стилот стана познат како „Арт Деко”(Art Deco).Валтер Гропиус и германското движење „Баухаус”, со нивната филозофија „ нема бариери помеѓу уметници и занаетчии ”доведе до некои интересни и стилски поедноставни форми.Исто така се воведоа и современи материјали : пластика и алуминиум прв пат се употребија во накит, а се посвети внимание и на хромираните приврзоци на рускиот мајстор Наум Слутски. Стручното мајсторство стана ценето како и самиот материјал.На Запад , овој период сведочи за повторно враќање на гранулација од германката Елизабет Тресков, иако развојот на повторното пронаоѓање продолжи во 1990 тите години на 20 от век.

Азија

Во Азија, индискиот потконтинент го има најдолгото непрекинато наследство на изработка на накит, со историја од над 5.000 години.Едни од првите кои што започнаа да изработуваат накит беа луѓето од цивилизацијата на долината Инд, она што е сега претежно современ Пакистан.Почетокот на изработка на накит во Кина беше околу истиот период , но се распространи со ширењето на будизмот пред околу 2000 години.

Индија

Индија има долга историја на накит која што претрпе разни промени преку културно и политичко влијание за повеќе од 5.000 до 8.000 години.Индија го има најдолгото непрекинато наследство на изработка на накит уште од времињата „Рамајана” и „Махабхарата”(Ramayana and Mahabharata).Бидејќи Индија имаше огромни количини на ресурси од накит, таа финансиски просперираше преку извоз и размена со други земји.Додека традициите на Запад беа под големо влијание на полирање (со восок) и последните империи, Индија уживаше непрекинат развој на уметнички форми за околу 5.000 години.Едни од првите што започнаа да изработуваат накит беа луѓето од долината Инд (денешен Пакистан и северозападна Индија).Од 1500 год.п.н.е, народите на долината Инд изработуваа златни обетки и ѓердани, ѓердани од мониста и метални алки.Пред 2100 год.п.н.е, периодот кога металите се употребуваа насекаде, најголемата трговија со накит во регионот на долината Инд беше трговијата со монисто.Во долината Инд , монистата се правеа со користење на едноставни техники. Прво, на оној кој изработува монисто потребен му е груб камен кој што може да се купи од источен трговец со камен.Потоа каменот се става во топла печка, каде што се загрева се додека не добие длабока црвена боја , боја што луѓето од долината Инд многу ја ценат. Тогаш црвениот камен се делка за да се добие потребната големина и се продупчува со примитивни дупчалки.Монистата се веќе полирани.На некои од нив исто така се цртаат и мотиви.Оваа уметност често се пренесува од колено на колено.Децата на луѓето кои изработуваат мониста го учат ова уште од мали нозе.Персискиот стил исто така игра голема улога во индискиот накит.Секој камен си има свои карактеристики кои што се поврзани со хиндуизмот.Во долината Инд , накитот претежно го носеа жени кои што на нивните зглобови носеа бројни нараквици од глина или школки.Тие најчесто имаа облик на крофна и беа обоени со црна боја.Со текот на времето, глинените алки беа отфрлени и заменети за други потрајни.Во денешна Индија, алките се изработуваат од метал или стакло.Други парчиња накит, кои што жените често ги носеа беа тенки ленти од злато кои што можеа да се носат на челото, на обетки, примитивни брошеви , тесни ѓердани и златни прстени. Иако накитот најмногу го носеа жените, некои мажи во долината Инд носеа мониста.Мали мониста беа вешто направени за да можат мажите и жените да ги носат во косата. Монистата беа долги околу еден милиметар.Женски скелет (во моментов изложен во Националниот Музеј ,Њу Делхи , Индија)на левата рака носи алка од бел трн. Според верувањето Хиндус , златото и среброто се сметаат за свети метални симболи на топлото сонце, другите што укажуваат на ладната месечина се најважните метали на индискиот накит.Чистото злато не оксидира или кородира со тек на време, со тоа се објаснува зошто хиндуската традиција го поврзува златото со бесмртност.Метафорика со злато најчесто се среќава во древна индиска литература.Во хиндускиот мит „Ведик”за космолошко создавање, изворот на физичкиот и духовниот човечки живот потекнува и еволуира од златна матка „хираниагарба”(hiranyagarbha) или јајце „хиранианда”(hiranyanda), метафора на сонцето чија светлина изгрева од исконски води.Кога станува збор за накит, најзначаен период беше времето на владеење на Мугхал.Голем дел од накитот напредна од шеснаесеттиот до деветнаесеттиот век.Накитот имаше голема вредност во кралското семејство во Индија.Тој беше толку моќен што кралското семејство воведе закони со кои носењето накит се ограничува само на кралството.Само членови на кралското семејство и уште неколку други луѓе на кои што тие им даваа дозвола, можеа да носат златни орнаменти на нивното стапало.Ова обично се смета за прекршување на уживањето на светите метали.Иако поголемиот дел од населението во Индија носеше накит, Махараџа и луѓето кои што беа блиски со кралското семејство беа подлабоко поврзани со накит.Улогата на Махараџа беше толку значајна што хиндуските филозофи го идентификува како најважен за непречено работење на светот.Тој се сметаше за божествено суштество, божество во човечки облик, чија што должност беше да го чува и брани „Дарма”(dharma), моралниот ред на универзумот.Индискиот скапоцен камен „Наваратна”(Navaratna) што значи девет скапоцени камења е моќниот накит кој што Махараџа често го носеше. Тоа е амајлија, која што се состои од дијамант, бисер, рубин, сафир, смарагд, топаз, мачкино око, корал и хијацинт (црвен циркон).Секој од овие камења се поврзуваше со небесното божество, со сите девет камења заедно ја претставуваше севкупноста на хиндускиот универзум.Меѓу скапоцените камења , дијамантот е најмоќниот скапоцен камен од тие девет камења.Имаше различни намалувања за скапоцениот камен.Индиските кралеви приватно купуваа скапоцени камења од продавачи.Махараџа и другите членови на кралското семејство го вреднуваа скапоцениот камен како Богот Хиндус.Тие разменуваа скапоцени камења со луѓе со кои што беа многу блиски, особено со членовите на кралското семејство и други имтимни сојузници.Само царот, неговите роднини и на избрани членови на неговата придружба им беше дозволено да носат кралски турбан како украс.Како што империјата созреа, различни стилови на украси се здобија со општиот термин „сарпех”(sarpech) од „сар”(sar) или „сир”(sir) што значи глава и „пех”(pech) што значи копче или патент.Индија беше првата земја што копаше дијаманти, некои од рудниците датираат од 296 година п.н.е. Индија тргуваше со дијамантите, знаејќи ги нивните вредности.Историски гледано, дијамантите се давале за да се задржи или да се врати љубовта на саканиот или изгубениот владетел, како симболи за почит или како израз на верност во замена за отстапки и заштита.Владетелите на Мугхал ги чуваа дијамантите затоа што мислеа дека така ќе си ја обезбедат бесмртноста и на нив ги имаа напишано нивните имиња и светски наслови.Сепак , тоа играше и продолжува да игра клучна улога во индискиот социјален, политички, економски и верски живот, како што често се случува и на други места. Во индиската историја, дијамантите ги користеа за да се здобијат со воена опрема, за да финансираат војни, да поттикнат револуции и да предизвикаат прибегување.Тие придонесоа за откажување или отсекување глава на моќници.Се користеа за убиство на претставник на доминантната сила така што храната му ја промешуваа со искршени дијаманти.Дијамантите во Индија се користеа како обезбедување финансии за големи заеми кои што се потребни за да се поддржат политички или економски разнишани режими.Победоносните воени херои беа почестени со награди со дијаманти, а исто така се користеа и како откуп за ослободување од затвор или киднапирање. Денес се применуваат многу од дизајните и традициите на накитот, а тој е најзастапен на индиските церемонии и венчавки.

Северна и Јужна Америка

Накитот одигра голема улога во судбината на Америка кога Шпанците создадоа империја за да го искористат златото од Јужна Америка.Изработката на накит се разви во Америка пред 5.000 години во Централна и Јужна Америка.Големи количини на злато беа лесно достапни, а Ацтеките, Миштеците , Маите и бројни култури на империјата на Инките, како што се цивилизацијата Моче од Перу создадоа убави парчиња накит. Со културата на цивилизацијата Моче, изработката на злато цветаше.Накитот веќе не се изработуваше од едноставни метални предмети, туку сега имаше маестрални примери за изработка на накит.Парчињата се софистицираа во нивниот дизајн, а се воведоа и облоги на тиркиз, седеф (од турски sedef) т.н „мајка на бисерите” , морска школка спондилус и аметист.Украсите за нос и уво, градни плочки, мали садови и свирки се сметаат ремек-дела на античката култура на Перу.Меѓу Ацтеките, само благородништвото носеше златен накит кој што го покажува нивниот ранг, моќ и богатство. Златниот накит најчесто се среќаваше во империјата на Ацтеките и често беше декориран со пердуви од птиците „Квецал” и други.Во принцип, колку повеќе накит носеа аристократите Ацтеки, толку повисок беше нивниот статус или престиж.На пример царот и неговите високи свештеници како да се целосно покриени со злато кога се појавуваат во јавност.Иако златото беше најзастапениот и најпопуларен материјал кој што се користеше во накитот на Ацтеките, жад, тиркиз и некои други пердуви се сметаа за повредни.Во прилог на украс и статус, Ацтеките исто така користеа накит во жртвувања за да ги смират боговите.Свештениците исто така користеа кама украсена со скапоцени камења за приложување на животински и човечки жртви.Друга античка американска цивилизација со стручност за изработка на накит беа Маите.Маите изработуваа накит од жад, злато, сребро, бронза и бакар.Дизајните на Маите наликуваа на оние на Ацтеките со раскошни шешири и накит.Маите исто така тргуваа и со скапоцени камења.Сепак, порано, Маите имаа многу мал пристап до метали затоа поголемиот дел од нивниот накит го направија од коска или камен.Во империјата на Маите, трговците и аристократите беа едни од неколкумината кои што носеа скап накит исто колку и Ацтеките. Во Северна Америка, северноамериканските Индијанци употребуваа школки, дрво, тиркиз и стеатит, кои што беа скоро недостапни во Јужна и Средна Америка.Тиркизот се употребуваше во ѓердани, а можеше да се стави и на обетки.Северноамериканските Индијанци со пристап до доостриги школки кои што најчесто можеа да се најдат само на едно место во Америка ,тргуваа со школките со другите племиња и со тоа го покажуваа големото значење на трговијата со украси за тело во Северна Америка.

Кина

Во накитот на Кинезите повеќе беше застапено среброто отколку златото.Сини рибарски пердуви беа врзани на почетокот на изработувањето на кинески накит, а подоцна во дизајните се воведоа сини скапоцени камења и стакло.Сепак, жадот го претпочитаа повеќе од кој било друг камен.Кинезите го ценеа жадот заради човечките особини кои што му ги препишуваа, како што се неговата цврстина, издржливост и убавина.Првите парчиња жад беа многу едноставни, но како што поминуваше времето, еволуираа посложени дизајни.Прстените од жад кои датираат меѓу 4 от и 7от век п.н.е се доказ дека се изработени со усложнети машини за обработување (метал), стотици години пред првото спомнување на таква опрема на запад.Во Кина, најретко застапено парче накит беше обетката која што не ја носеа ниту мажите ниту жените.Амајлиите беа честа појава, обично со кинески симбол или змеј.На накитот се цртаа змејови, кинески симболи и феникси.Кинезите често го положуваа својот накит во гробовите.Голем дел од кинеските гробници пронајдени од страна на археолозите, содржат украсен накит.

Пацифик

Изработката на накит на Пацификот започна подоцна отколку во другите области заради неодамнешното населување на човекот.Првиот накит на Пацификот беше направен од коска, дрво и други природни материјали и заради тоа не се зачува.Голем дел од накитот на Пацификот се носеше над половината, со шешири, ѓердани, игли за коса, а појаси за рака и за половина се најчестите парчиња.Накитот на Пацификот, со исклучок на Австралија, се носи за да означи симбол на плодност или моќ.Многу култури на Пацификот носат усовршени шешири, а некои од нив како што се жителите на Папуа Нова Гвинеја носат некакви шешири откако ќе убијат непријател. Племеници може да носат коски низ нивните носови. Накитот на островот се уште е многу примитивен заради недостатокот на комуникации со надворешните култури.Некои области на Борнео и Папуа Нова Гвинеја се уште се истражуваат од западните нации.Сепак, нациите од островот кои што беа преплавени со мисионери, направија драстични промени во нивните дизајни на накит.Мисионерите видоа секаков вид на племенски накит како знак на посветеноста на носителите на паганството. Така многу племенски дизајни се изгубија засекогаш во масовното адаптирање на христијанството. Автралија е сега број еден снабдувач на опал во светот.Рудници на опал има во Европа и Северна Америка уште пред многу години, но кон крајот на 19 от век , австралискиот пазар на опал стана доминантен.Опалот во Австралија се копаше само на неколку места низ земјата , со оглед на тоа тој стана еден од најпрофитабилните камења на Пацификот.Маорите од Нов Зеланд , традиционално имаа силна култура на личните украси од кои најпознати се „хаи тики”(hei-tiki).Тие традиционално се рачно изделкани од коска „нефрит”или „бовенит”.Денес широк спектар на такви предмети, инспирирани од традицијата како што се приврзоци изделкани од коска, засновани на традиционалните јадици „хаи матау” и накит од диорит се популарни кај младите од сите средини во Нов Зеланд , со кои тие создаваат една општа смисла на идентитетот во Нов Зеланд.Овие трендови придонесоа за поширок интерес за традиционалната култура и уметност на Маорите.Освен накитот кој што е создаден под влијание на Маори, современиот накит во Нов Зеланд е мултикултурен и различен.

Во денешницата

Современиот развој на накитот започна во доцните 1940 ти години на крајот од Втората светска војна со обновениот интерес за уметничка и лежерна определба.Развојот најмногу е забележан со работата на Георг Јенсен и други дизајнери на накит кои што го напреднаа концептот на уметноста што може да се носи.Појавувањето на нови материјали, како што се пластика, скапоцена метална глина (ПМК)и техники за бојосување, придонесоа за зголемување на различноста во стиловите.Други предности, како што се развојот на собирање бисери од луѓето како што се Микимото Кокичи и подобрениот квалитет на вештачки скапоцени камења како што се „моисанит”(имитација на дијамант), го вбројуваат накитот во рамките на економското разбирање на многу поголем дел од населението.Движењето „накит како уметност”беше предводено од занаетчии како што се Роберт Ли Морис и продолжи со дизајнери како што е Џил Форсбрук во Велика Британија.Исто така очигледно е и влијанието од други култури.Еден пример за ова е стилот на накитот „блинг -блинг”(bling-bling),популаризиран од естрадни уметници на „хип хоп” и „рап”во почетокот на 21 от век.Крајот на 20 от век сведочи за мешавината на европски дизајни со ориентални техники како што се „Мокуме гане”(Mokume -gane).Следниве се иновации во децениите кои што се поврзуваат со 2000 година: „Mokume-gane ,hydraulic die forming ,anti-clastic raising ,fold-forming ,reactive metal anodising ,shell forms ,PMC ,photoetching ,CAD/CAM”.Занаетчискиот накит продолжува да се развива и како хоби и како професија.Со повеќе од 17 списанија во САД за самостојно изработување на мониста, ресурси, пристапност и ниска почетна цена за воведување, продолжува да се шири производството на рачно изработени украси.Добри примероци на занаетчиски накит може да се видат во „Музеј на уметности ”во Њујорк.

Промени на телото

Накитот што се употребува за да се направат промени на телото најчесто е обичен.Доминира употребата на едноставни сребрени столпчиња, прстени и обетки.Најчесто, накитот со кој се прави модификација на телото се обетките кои што се ставаат откако ќе се направи мала дупка на увото.Жените Карени, припаднички на етничката група во Мјанмар, носат големи златни прстени околу вратот. Девојчињата уште на пет годишна возраст го ставаат својот прв прстен околу вратот.Како што поминуваат годините се додаваат се повеќе прстени.Во согласност со прстените околу вратот со тежина над 20 килограми, жените исто така носат колку што е можно повеќе прстени на нивните листови (на нозе).Со тек на време, прстените околу нивниот врат може да достигнат должина од 10 до 15 см.Практиката има очигледно здравствени влијанија, сепак, во последните неколку години се намали значењето и од културна норма премина во туристичка љубопитност.Племињата поврзани со Карените како и другите култури низ светот го користеа накитот за да го растегнат своето уво или да го прошират дупчењето уши.Во Америка ,„лабрети”(накит кој се носи откако ќе се направи дупчење на телото)се носеа уште пред првиот контакт со луѓето Ину и првите народи на северозападниот брег.Усните плочки се носеа од африканските луѓе Мурси и Сара, како и од некои јужноамерканкси народи.Во доцниот 20 ти век, влијанието на модерниот примитивизам овозможи многу од овие практики да се припојат во западните супкултури.Многу од овие практики се потпираат на комбинација од модификации на тело и украсни предмети, со оглед на тоа разликата меѓу овие два вида украси е нејасна.Во многу култури накитот се користи како привремен модификатор на тело, во некои случаи се употребуваат куки или предмети големи колку (метални) шипки од велосипед , кои што се ставаат во кожата на примачот. Иако оваа постапка често ја вршат племенски или полуплеменски групи кои што тоа го прават во транс за време на религиозни церемонии, ова протекува и во западната култура.Многу продавници за екстремен накит ги здоволуваат своите клиенти кои сакаат да стават големи куки или остри предмети (шилци) во нивната кожа. Најчесто, овие куки се употребуваат во комбинација со макара за да го подигнат примачот во воздух. Се вели дека оваа практика му дава еротски чувства на човекот и затоа некои парови ја изведуваат нивната брачна церемонија додека висат во воздух врзани за куки.

Трговијата со накит

Според неодамнешна студија на КПМГ, најголемиот трговец со накит е САД со удел на пазарот од 30.8 %.Јапонија, Индија, Кина и Блискиот Исток имаат удел поединечно по 8-9 % ,а Италија 5 %. Авторите на студијата предвидуваат драстични промени на акциите на пазарот до 2015 година, кога уделот на акциите на САД ќе се намали на околу 25 % ,а уделот на Кина и Индија ќе се зголеми за повеќе од 13 %. Средниот Исток ќе остане на околу 9 %, додека европскиот и јапонскиот дел од пазарот ќе се преполови и ќе изнесува помалку од 4 % за Јапонија и помалку од 3 % за индивидуалните европски земји, Италија и Велика Британија.