Разговор уреди

Здраво! Сакате разговор со мене? Повелете! Доколку сакате да испратите порака најпрвин внимателно прочитајте го портокаловиот текст:

  • За да пратите порака кликнете на линкот после портокаловиот текст.
  • Доколку ми поставите прашање на оваа страница јас ќе ви одговорам на оваа страница! Ако сакате да Ви одговорам на друга страница во пораката пишете на која страница треба да одговорам.
  • На крајот од пораката внесете го Вашиот потпис со внесување на ,,~ ~ ~ ~’’(четири тилди без место).

Прати порака

Требаше да замолиш некој бирократ да ти го смени корисничкото име, но готово веќе. Старото корисничко име не може да се избрише, ама можам да ја избришам корисничката страница и страницата за разговор ако сакаш (извести ме ако сакаш). Точно дека малку нагло почна, но се надевам дека сега посталожено и постапно ќе учиш. Ако ти треба помош, тука сум (само те молам нека биде рационално). Патем, те молам секогаш оставај место после интерпукциски знаци. Пример:

Здраво! Сакате разговор со мене? Повелете! Доколку сакате да испратите порака најпрвин внимателно прочитајте го портокаловиот текст:

наместо:

Здраво!Сакате разговор со мене?Повелете!Доколку сакате да испратите порака најпрвин внимателно прочитајте го портокаловиот текст:

Поздрав. --iNkubusse A? 10:08, 15 јуни 2008 (UTC)

Не смееш да персонализираш страници од главниот именски простор и страници за разговор од главниот именски простор. Главен именски простор се однесува на статиите, односно сите страници што немаат префикс „Корисник:“, „Слика:“, „Шаблон:“, „Помош:“, „Википедија:“, „МедијаВики:“ или „Портал:“. Едноставно, само твојата корисничка страница и твојата страница за разговор смееш да ја уредуваш по твој вкус. --iNkubusse A? 13:08, 15 јуни 2008 (UTC)
Жолтата кутија што се наоѓа погоре на оваа страница си ја поставил на Разговор:Барај! (пребарувач). Веќе ја избришав. И зошто ме викаш „администратору“? --iNkubusse A? 15:14, 15 јуни 2008 (UTC)