Слушај, „Ханс“, единствена причина заради која ја водам оваа дискусија со тебе е тоа што ни требаат повеќе активни Македонци тука и не сакам да те пропуштам тебе штом си веќе онлајн, не за да читам навреди од човек што не знае ни соодветна статија за оваа страна да склопи. На иста страна сме и тоа е најбитно. Во минатиот месец со Цобе ја кренавме страницата од бедни 56 статии на 363 каде што се наоѓа сега. Во следниот месец очекуваме уште околу 300 нови статии. Ако тие статии ги нема, мислиш дека воопшто ќе биде важно тоа што ти ќе имаш да го кажеш? Кој ќе ја користи страната и зошто би ја користел страната? Дај размисли. Во ред е да не ти се допаѓаат и да сакаш да ги подобриш, ама има правила бре човече. Цивилизиран однос со другите е број еден. Ја имаш мојата талк страна - ако имаш конкретни примедби, кажи како човек и дај ми време, ќе го средиме проблемот. Страниците сега што ги модификуваше ќе мора да се кратат и стават во соодветна форма за Вики, а и коментарите ќе бидат земени во предвид, но тоа ќе мора да почека до вторник. Размисли затоа пак како се однесуваш, досега имам блокирано Албанец за бришење на статии и пцуење Македонци како и Бугар што пишува на бугарски по статии. Нема да имам проблеми да те блокирам и тебе ако продолжиш со вакво однесување. Изразувај се покултурно, значи. Прво официјално предупредување, се надевам последно. И.Дукоски

  • Мали, не поднесувам предупредувања од тебе, точно е дека си адмистратор на википедиа, но тоа не е твоја приватна страница. На едно силна пропагадна страница како што е википедиа, нема да се дозволи бугарска или било каква антимакедонска попаганда на македонскиот дел. На англискиот дел е изгубена рабоатата, но не дека историската вистина е од нивна страна, туку дека македонскиогт народ е „осакатен“. Потруди се да учиш од противникот ако сакаш да го победиш. „Ханс“
    • Значи попрво би се расправал со мене отколку да најдеме решение? И.Дукоски
Вака, Ханс, прво, не гледам каде гледаш антимакедонска пропаганда на македонската википедија. Ако светот го делиш на македонски и антимакедонски, тоа не е баш најпаметно од твоја страна. Второ, тоа што сметаш дека на англискиот дел е "изгубена битката", покажува во каква состојба на духот се наоѓаш, а освен тоа дека не си го научил дејствувањето на "противникот". Дискусиите сеуште се водат на англиската википедија, ама поентата е што Бугарите се исфрлаат со милион "факти": документи, слики, факсимили....(посебно од еден нивен националист VMORO), а ние се исфрламе со "абе татари ниедни", што не е убедливо ни на македонската википедија, а камоли на англиската. Веројатно за тебе сме нешто како предавници или евролигуши или што ти ја знам, што е малку иронично, зошто се исфрлаш после 2 месеци во кои имаме плус од 300 статии од кои најголем број се дело на Ивица и мене, напишани на македонски јазик, а освен тоа на бугарските корисници (кои беа особено активни, додека ти незнам што правеше), им стана јасно дека на македонските статии ќе дозволиме да се пишува само на македонски јазик. (Дискусиите се отворени за сите јазици, ама тоа не е затоа што сметам дека македонскиот е дијалект на бугарскиот, туку затоа што: 1. така им се остава простор на главните од википедија да не известат за некои работи на англиски јазик, а освен тоа и бугарски и српски корисници се понудија за ептен, потребна техничка помош и 2. тоа ни дава за право да пишуваме на македонски на бугарските статии.) И погоди што, за тоа време НИКОЈ не ни плаќаше. Не ми се свиѓа како заповеднички настапуваш, но сепак мислам дека можеме да соработуваме. Еве, гледам дека си заинтересиран да ја истуркаме нашето гледиште за македонската историја на македонската и англиската википедија: Што викаш да контактираме некако и да собереме тим на македонски историчари што ќе се исфрли со тони документи што нас не потврдуваат како нација уште од 19 век? (Секако, имај во предвид, бидејќи се работи за енциклопедија текстовите треба да го избегнат есеистичкиот стил) Мислам дека е тоа многу попаметно одошто нас да не нарекуваш партали, а Бугарите - Татари? --FlavrSavr 14:55, 8 May 2005 (UTC)

lol... interesno e da se karas vo 4-5 sabajle :)

Здравей уреди

Искрено съжалявам, че имаш толкова негативно отношение и изкривено впечатление от българите и България. Разбирам, че това не е твоя лична вина, а вина на образованието и медийната среда в Македония, както и на някои среди в България. Въпреки всичко бих те посъветвал да прочетеш тази статия - в нея намерих много ценни рамисли и факти за отношенията между двата народа. Прочети я внимателно. Може би и ти ще откриеш нещо важно в нея. Поздрав. -- Георги 10:49, 8 May 2005 (UTC)