Симон Симоски
Коефициент на сплоснатост
уредиЧетврт централен момент
уредиЗа мерење на сплоснатоста на распоредите се користи четвртиот централен момент:
- Формула за четврт централен момент
Дефиниција за коефициент на сплоснатост
уредиОдносот на четвртиот момент со стандардната девијација на четврти степен претставува релативна мерка на сплоснатоста, односно коефициентот на сплоснатост кој се обележува со α4. Според тоа:
- Формула за коефициент на сплоснатост
Пирсонов коефициент
уредиСо ставање во однос на четвртиот момент со вториот (M2=σ2), кој ни послужи за конструкција на варијансата како мерка на варијабилитетот, се добива коефициентот на β2 , кој дава ист резултат и се дефинира како втор Пирсонов коефициент:
Распоред на сплоснатоста
уредиАко α4=3 се смета дека распоредот има нормална сплоснатост. Ако α4>3 распоредот има помала сплоснатост од нормалната, односно има поиздолжен облик, а кога α4<3 распоредот има поголема сплоснатост од нормалната, односно има посплоснат облик. Коефициентите α3=β1 и α4=β2 во статистичката теорија се нарекуваат сложени статистички инваријанти.
Пример
уредиРаспоред на домаќинствата според просечната потрошувачка на месо е прикажан со следната табела:
Потрошувачка на месо во кгр. | Број на домаќинства |
---|---|
0 - 4,9 | 50 |
5 - 9,9 | 50 |
10 - 14,9 | 70 |
15 - 19,9 | 60 |
20 - 24,9 | 48 |
25 - 29,9 | 22 |
Со цел да ја испитаме асиметријата и сплоснатоста на распоредот на домаќинствата во горнатата табела ќе ја формираме следната работна табела:
xi | fi | (xifi) | (xi-M)2fi | (xi-M)3fi | (xi-M)4fi |
---|---|---|---|---|---|
2,5 | 50 | 125 | 6272,00 | -70246,40 | 786759,70 |
7,5 | 50 | 375 | 1922,00 | -11916,40 | 73881,68 |
12,5 | 70 | 875 | 100,80 | -120,96 | 145,15 |
17,5 | 60 | 1050 | 866,40 | 3292,32 | 12510,82 |
22,5 | 48 | 1080 | 3717,12 | 32170,66 | 187753,77 |
27,5 | 22 | 605 | 4189,68 | 57817,58 | 797882,67 |
Σ | 300 | 4110 | 17068,00 | 11536,00 | 1959033,30 |
Врз основа на податоците од работната табела добиваме: M=13,7 δ2=56,89 δ=7,54
па оттаму имаме:
M4=1959033/300=6530,11
α4=6530,11/7,544=2,02
Врз основа на коефициент α4, бидејќи α4<3, заклучуваме дека сплоснатоста на распоредот (домаќинствата според просечната потрошувачка на месо) е поголема од нормалната.
Наводи
уредиСтатистика за бизнис и економија од Славе Ристески и Драган Тевдовски - 2010; Статистика за бизнис и економија од Борислав Благоев и Славе Ристески