Разговор:Легендата на Зелда: Окарина на времето

Постои уште една статија со истото име - The Legend Of Zelda: Ocarina Of Time. Двете статии треба да се соединат во една, која ќе го има насловот на оваа статија. --Виктор Јованоски 23:27, 8 јули 2007 (UTC)

Веќе се соединети. Но постои уште една, друга статија The Legend of Zelda: Ocarina of Time (со мала буква of), којашто веќе ја пренасочив кон оваа, а The Legend Of Zelda: Ocarina Of Time (со голема буква Of) треба да се избрише. Во секој случај, ОВАА статија е соединета со другите и содржи сѐ што содржат и другите. Поречанец 02:25, 9 јули 2007 (UTC)
Нешо, би можел да се консултираш со познавач на македонскиот правопис, а бидејќи се сметам за таков, слободно можеш да ме прашаш и мене за било која ситуација, не се двоуми. Лично, се стремам кон задржување на правописот и придржување до правилата, со цел да добиеме википедија на литературен македонски јазик. И уште нешто: во ред е да не се знае, не е во ред да не се сака да се научи ;) Поздрав, Поречанец 21:24, 9 јули 2007 (UTC)
Ја пренасочив кон The Legend of Zelda: Ocarina of Time (заедно со другите варијации на името) затоа што сметав дека така е поправилно. Изворното име на играта (за Европа) е „The Legend of Zelda: Ocarina of Time“ и како таква е позната секаде. Приметив дека и други статии за игри не се преведуваат (во името на статијата), а дури и на руски (рускиот Мекдоналдс не е McDonalds, туку со огромни букви пишува „МакДоналдс“), игрите не се преведуваат. Причините се повеќе од јасни: преводот би бил слободен (освен ако некоја македонска издавачка куќа не ги купила правата, па да може да го менува името) и несекогаш би бил ист (може да биде и Зелдината легенда, а да не зборуваме за некои други игри со понезгодни имиња). Како и да е, во статијата за сите називи стои и соодветниот македонски превод (во заграда) и мислам дека статијата се држи до сите правописни правила. Ако некој мисли поинаку, би сакал да поразговараме, бидејќи одамна ме копка оваа тема. Исто така, не мислам дека некому многу му е грижа за ова, но сепак, сакам да си имам чисти сметки и многу се грижам за нашиот јазик! :D Поречанец 23:46, 11 јули 2007 (UTC)
Назад на страницата „Легендата на Зелда: Окарина на времето“.