Разговор:Дарко Дамевски

Статијава е одлична, Ismet! Имам само две забелешки:

  1. Делот Кратка содржина на филмовите би било подобро да оди во статии за самите филмови - ова сепак е статија за Дамевски, а не за филмовите: во ред е да се напише што и како Дамевски глуми во овие филмови, но кратките содржини на филмовите се непотребни ако постојат посебни статии(чки) за нив... Мислам, сепак не се работи за некои опскурни филмови па да се објаснуваат на секоја статија за глумците кои глумеле во нив... :)
  2. Интерпункција... Позади секоја точка и запирка, по правописот, доаѓа празно место...

Поздрав и продолжи така! --FlavrSavr 04:11, 10 јануари 2007 (UTC)

  1. Благодарам за пофалбите.Се разбира дека ќе продолжам и понатаму со пишување на статии.Моментално сум зафатен со испити и колоквиуми.Но верувам дека тоа ќе се среди за неколку недели и ќе продолжам поенергично со пишување на статии :))) посебно во делот за комјутерски науки.

Поздрав.ismet_wiki 19:43, 10 јануари 2007 (UTC)

Започнете разговор за Дарко Дамевски

Започни разговор
Назад на страницата „Дарко Дамевски“.