Разглед (списание)

Разглед (горнолужички: Rozhlad) — единствено културно списание на Лужичките Срби. Написите се објавуваат на горно и долнолужичкосрпски јазик. Во секој случај, доминираат написи на горнолужичкосрпски јазик. Списанието излегува од 1. октомври 1950 година.

Месечникот има познати претходници: Лужичан (1860-1881) и Лужица (1882-1937). Со тоа списанието се одликува со 150-годишна традиција, која била прекината само во периодот на фашизмот и Втората светска војна. Списанието Разглед критички обработува теми со културни, уметнички тематики. Списанието го издава издавачката куќа Домовина во Бауцен.


Надворешни врски

уреди