Пјер Брасау
Пјер Брасау бил шимпанзо од 1964 година, користен за измама извршена од Оке „Даке“ Акселсон, новинар во шведскиот таблоид Готеборгс-Тидинген. Акселсон ја добил идејата да изложи серија слики направени од примат, под изговор дека тие се дело на претходно непознат француски уметник по име Пјер Брасау, со цел да се тестира дали критичарите можат да ја направат разликата помеѓу вистинска авангардна модерна уметност и делото на шимпанзо.[1]
„Пјер Брасау“ бил Питер, четиригодишно обично шимпанзо од шведскиот Борос Џурпарк.[2] Акселсон го убедил 17-годишниот чувар на шимпанзото да му даде четка и боја. Откако Питер создал неколку слики, Акселсон ги избрал најдобрите четири и договорил да бидат изложени во Галеријата Кристина во Гетеборг, Шведска.[1]
Додека еден критичар забележал дека „само мајмун можел да го направи ова“, повеќето ги пофалиле делата.[1] Ролф Андерберг од Готеборгс-Постен напишал: „Брасау слика со моќни потези, но и со јасна одлучност. Неговите потези со четка се извртуваат со бесна префинетост. Пјер е уметник кој настапува како балетан.“[1][3] Откако била откриена измамата, Андерберг инсистирал на тоа дека делото на Питер било „сè уште најдобрата слика на изложбата“. Приватен колекционер купил едно од делата за 90 американски долари (што би било приближно 751 долари денеска).[1][3][4]
Во 1969 година, Питер бил префрлен во зоолошката градина Честер во Англија.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Pierre Brassau, Monkey Artist“. The Museum of Hoaxes.
- ↑ „Zoo Story“. Time. February 1964.
- ↑ 3,0 3,1 Lemarquis, Pierre (2012). Portrait du cerveau en artiste (француски). Paris: Odile Jacob. стр. 69. ISBN 978-2-7381-7850-3.
- ↑ „Avantgarde artist Pierre Brassau“. ecclesiastes911.net. Архивирано од изворникот на 2018-08-11. Посетено на 27 February 2016.
Надворешни врски
уреди- Авангарден уметник Пјер Брасау Архивирано на 11 август 2018 г.