Протромбинско време
Протромбинското време е тест за детекција на пореметувањето на екстринзичниот пат на коагулацијата. Се одредува предоперативно, при заболувања на црниот дроб и следење на антикоагулациската терапија. Референтниот опсег за протромбинско време зависи од користениот аналитички метод, но вообичаено изнесува 12–13 секунди.
Интернационален нормализиран однос
уредиРезултатот од тестот за протромбинско време (изразен во секунди) и изведен на нормален поединец варира во зависност од аналитичкиот систем што се користи. Ова се должи на варијациите на различни типови и серии на ткивен фактор кој се користи во реагенсот за испитувањето. INR е осмислен со цел да ги стандардизира резултатите. Секој производител означува ISI вредност (International Sensitivity Index) за секој ткивен фактор што го произведува. ISI вредноста е индикатор за тоа колку одредена серија на ткивен фактор е слична со интернационален референтен ткивен фактор. ISI вообичаено изнесува помеѓу 0.94 и 1.4 за почувствителните и помеѓу 2.0-3.0 за помалку чувствителните тромбопластини.[1][2][3]
INR е односот помеѓу протромбинското време на пациентот и на нормален (контролен) примерок, степенуван за ISI вредноста на употребуваниот аналитички систем.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Houdijk, W. P.; Van Den Besselaar, A. M. (2004). „International multicenter international sensitivity index (ISI) calibration of a new human tissue factor thromboplastin reagent derived from cultured human cells“. Journal of Thrombosis and Haemostasis. 2 (2): 266–70. doi:10.1111/j.1538-7836.2004.00434.x. PMID 14995988.
- ↑ Poller, L; Keown, M; Chauhan, N; Van Den Besselaar, A. M.; Tripodi, A; Shiach, C; Jespersen, J (2005). „European Concerted Action on Anticoagulation. A multicentre calibration study of WHO international reference preparations for thromboplastin, rabbit (RBT/90) and human (rTF/95)“. Journal of Clinical Pathology. 58 (6): 667–9. doi:10.1136/jcp.2004.019810. PMC 1770687. PMID 15917425.
- ↑ „Test ID: PT Prothrombin Time, Plasma“. Архивирано од изворникот на 2016-12-01. Посетено на 2018-09-29.