Промедон
Промедон (старогрчки : Προμέδων) е име што се однесува на следниве ликови во старогрчките митови или легенди:
- Промедон, инаку непозната личност спомената во павсаниевиот опис на полигнотиевите слики во Лесхи во Делфи. За Промедон, се вели дека бил прикажан наклонет на врба во она што се чини дека била светата шумичка на Персефона, веднаш до личности како Патрокле и Орфеј. Античките извори на павсаниевите тврдења немале еднообразно мислење во врска со Промедон: од некои се чинело дека тој бил обична творба на Полигнот, додека други, наводно, го споменувале како љубител на музика кој особено го обожавал пеењето на Орфеј; така можеби се верувало дека е следбеник на Орфеј.[1]
- Промедон од Наксос, човек заведуван од сопругата на неговиот најдобар пријател, Неара.[2]