Проект „ЕКО- природник“
Проект „ЕКО- природник“ е проект кој е реализиран во 2000 година во сите општински основни училишта во Велес и ЈГД „Димче Мирчев“ во Велес, Македонија.
Опис на проектот
уредиБилтенот „ ЕКО- природник “ бил наменет за едукација за животната средина. Билтенот „Еко- природник“ бил наменет за еколошкото образование и климатска писменост кај најмладата популација и имал за цел да ја развива истражувачката љубопитност и креативност кај децата и да ги насочува идните генерации кон одржлива, заштитена и чиста животна средина. Наменет бил за наставници кои работат со деца и деца кои се на возраст 6-10 години.
Билтенот „Еко- природник“ го издавало Еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес во форма на месечен билтен. Билтенот произлегол како средство на организираните напори да се научи младата популација односно учениците уште од најмала возраст тие да научат како функционираат природните средини. Особено како човечките суштества можат да управуваат со однесувањето и екосистемите за да живеат одржливо, односно образование во рамките на училишниот систем, како еден од начините да ја подучуваат јавноста за животната средина. Во секој билтен биле покривани различни теми за едукација и во секое издание кое се издавало еднаш месечно биле опфатени различни информативни содржини и рубрики како: Големи мисли од детските умови; Наша тема ваши творби; Истражувај, откривај, набљудувај, направи сам; Еко работилници и рубрика во која биле објавувани литературни и ликовни творби од децата кои твореле на еколошките теми. Здрава храна, шума, вода,отпад и слични еколошки теми. Во содржината на билтените месечно биле опфатени разновидни еколошки теми и од биосферата. Секој месец во билтенот предвидена била нова тема на разработка на наставниците, воспитувачите со децата и учениците од области на атмосферата, хидросферата и биосферата и животната средина која нив ги опкружува. Во билтените се објавени и голем број на еколошки пораки кои предизвикуваат љубопитност, интерес кон животната средина и еко системите. Дел од нив се:
- „Во природата нема ни награди ни казни, постојат само последици!
„Загадувачи на природата се луѓето,а жртви целата природата у луѓето“!
- „Со отпадот мора да се соочиме овде и сега како како со фактор на културата, бидејќи само така можеме да спречиме да не станеме култура на отпад“.
- „Се уште има надеж“.
- „Се уште не е се изгубено“.
- „Ни една цена не е превисока ако се плаќа со здравјето“.
- „Богат е оној народ кој има многу шуми“.
Уредувачки тим на билтенот „Еко - Природник“ Печатењето на билтенот финансиски било поддржано од Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа(РЕЦ)[1]- локлна канцеларија во Скопје. Уредувачки тим на 12 месечните билтени биле:Руска Мицева, Зоран Стојановски, Билјана Ш.Манаскова, илустрациите ги уредувала Руска Мицева лектор Александра Стојановска а ликовен соработник бил Трајче Михајлов, компјутерска обработка на Милан Орловиќ . Билтените се печателе во ПРИНТ ПОИНТ-Скопје.
Историја
уредиВо 1990 година поради општо позната еколошка состојба во град Велес од група ентузијасти е формирано Еколошкото друштво „Вила Зора“ во Велес. Основна цел на ова Еколошкото друштво било подобрување на животната средина во најзагадениот град[2] во Р.С.Македонија па и пошироко. Во рамките на ЕД „Вила Зора“ во Велес функционирал и подмладокот, кој претставувал основна движечка сил на друштвото, чии членови со својот дух, ентузијазам, идеи и одговорност се иднина на општеството. Друштвото од оснивањето до денес активно работи на полето и заштитата и унапредувањето на животната средина.
Галерија
уреди-
Еко Билтен Еко- природник
-
Корица на Билтен Еко природник
-
Корица на Билтен Еко- природник
-
Еко природник, дел од сорджините