Продолжен кабел – блок електрични приклучоци што се наоѓаат на крајот на флексибилен кабел (вообичаено со приклучок на другата страна) кој овозможува напојување на повеќе електрични уреди од еден електричен приклучок. Продолжните кабли се користат кога повеќе уреди се наоѓаат блиску едно до друго, на пр. аудио, видео системи, апарати, електрични алати и светилки. Честопати продолжните кабли се опремени со осигурувачи чија цел е да ја прекине електричната струја во случај на преоптоварување или краток спој. Некои продолжни кабли се опремени со заштита од електрични пренапони.

Продолжен кабел со прекинувач и шуко приклучоци под 45°
Осветлен прекинувач на продолжен кабел

Видови

уреди

Продолжните кабли може да се поделат на:[1]

  • со пренапонска заштита
    • стандардни
    • интелингентни
    • за лаптопи
  • без пренапонска заштита
    • без прекинувач
    • со прекинувач
  • со макара

Наводи

уреди
  1. „Продолжни“. Логинг електроникс.