Преспански грунец

видови риби

Преспански грунец (Преспанска писа) (Rutilus prespensis) е слатководна риба од фамилијата Циприниди. Оваа риба е опишана како независен вид од едно езеро на Балканот, Преспанското Езеро, кое се протега на три земји: Албанија, Грција и Северна Македонија .[1] Се јавува во близина на бреговите и во плитки, мочурливи области на езерото [2]

Босна Херцегов., Мочуриштата Хутово Блато, јуни, 2011 г., од Бранко Гламузина

Опис и распространетост

уреди

Преспанскиот грунец има странично сплескано, тенко и издолжено тело покриено со крупни лушпи. Телото е релативно високо, очите релативно мали. Главата е кратка и потесна од телото. Подопашната перка е мала. Устата е мала, долна, Телото на горната страна е темно обоено, додека стомачната е посветла. Преспанскиот грунец е ендемичен вид и го населува само Преспанско Езеро и притоките.[3]

Основни биолошки одлики

уреди

Половата зрелост кај машките претставници на преспанскиот грунец настапува во втората година (најчесто во третата година од животот), додека пак кај женската популација една година подоцна. Грунецот во Преспанското Езеро се мрести од мај до јуни обично на температрура на водата од 16-18 степени. Полага релативно мал број ан икра. Икрата има мал перивителусен простор. Икрата е леплива и се прилепува за подлогата. Развојот на ембрионите во јајцата трае околу една седмица. Максималната должина на преспанскиот грунец изнесува 20 см. Месното население во зависност од возраста и големината има два термини (имиња) за претставниците на овој вид. Помалите единки се нарекуваат преспански грунец, а поголемите (над 15 см) преспанска писа. Преспанскиот грунец добро го поднесува варирање на температурата на водата како и влошувањето на квалитетот на водата па затоа се среќава и во студени води на притоките на Преспанското Езеро како и во самото Езеро. Освен тоа го имаи во оние делови на езерото каде водата е со полош квалитет. Живее во мали јата, особено помладите единки, кои се среќаваат при површината на водата. Преспанскиот грунец се храни скоро со секаква храна (растителна и животинска.[3]

Значење

уреди

Преспанскиот грунец има големо стопанско значење и е доста битен за развојот на рекреативниот риболов на Преспанското Езеро.[3]

Наводи

уреди
  1. Crivelli, A.J. 2005. Rutilus prespensis[мртва врска]. 2006 IUCN Red List of Threatened Species. Downloaded on 19 July 2007
  2. Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2006). "Rutilus prespensis"FishBase. април 2006 г.
  3. 3,0 3,1 3,2 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 г.