Преспанска гомнушка
Преспанска гомнушка (Alburnoides prespensis) е рибен вид од семејството Циприниди. Домородец на Балканот: Преспанското Езеро во Грција, Македонија и Албанија. Бентопелагична умерена слатководна риба, до 9 см во должина.
Опис и распространетост
уредиТелото на преспанската гомнушка е издолжено, страничносплеснато, покриено со ситни лушпи. Карактеристично е што на лушпите во страничната линија се забележуваат две реда паралелни црни точки кои формираат темна линија по целата должина на телото, по што лесно се распознава. Бојата на грбот е светлокафеава а стомачната страна е светлосива покриена со црни точки. Окото е релативно крупно. Грбната перка е релативно долга Грбот е со темнозелена до темносина боја, а страните и стомакот сребрено бели со седефаст сјај. Гомнушката од Преспанското Езеро е ендемичен вид и се среќава само во Преспанско Езеро и притоките.[1]
Основни биолошки одлики
уредиПреспанската гомнушка полово созрева во третата година од животот, на должина од 6-7 см. Се мрести порционо во долг временски интервал, од мај до јули, во плитката крајбрежна зона на Езерото. Икрата е леплива и се прицврстува за ситен песок и чакал. Ембрионалниот развој е краток и трае 4 - 5 дена. Просечната големина која ја достигнува белвицата изнесува 8 -10. Живее и во стагнантни олиготрофни, но и во еутрофни екосистеми, а и во бавно проточни екосистеми. Живее во помали или поголеми јата и главно се задржува во крајбрежниот регион на Езерото. Популација во Преспанското Езеро е многу мала и нема стопанско значење. Многу лесно се лови на секаков мамец и често ја ловат рекреативни риболовци почетници. Возрасните единки се хранат со зоопланктон и со инсекти.[1]
Значење
уредиПреспанската гомнушка нема економска вредност а исто не претставува вид кој што е интересен за рекреативен риболов.[1]
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Фрез, Рене и Поли, Даниел, уред. (2012). "Alburnoides prespensis" — FishBase. november 2012 г.