Премин (добротворна организација)
Премин (анг: The Passage) — добротворна организација основана во 1980 година, го води најголемиот дневен центар во Лондон од волонтерски сектор за бездомници и ранливи луѓе, помагајќи им на повеќе од 200 луѓе секој ден да пристапат до различни услуги, вклучувајќи ги и примарните услуги (тушеви, пристап до облека, итн.), совети за домување и социјална помош, здравствени услуги и услуги за вработување и обука. Премин имаат тим за поддршка од работници наречена Улична врска (анг: Street Link) кои воспоставуваат контакт со бездомници за да видат како може да се помогне. Управуваат со хостел со 48 кревети, Премин Куќа, од 1 март 2000 година. Премин, исто така, раководи со Монфорт Хаус, кој содржи 16 самостојни гарсоњери со поддршка од персонал на лице место за луѓе подготвени за самостоен живот.
Вид | Добротворна организација |
---|---|
Место | Лондон |
Премин била поддржан од бројни организации и поединци, вклучувајќи ги Чери Блер, Сер Стјуарт Роуз, [1] Маркс и Спенсер и Хард Рок Кафе.
Премин станала првата добротворна организација што принцот Вилијам ја посетил со неговата мајка, принцезата Дијана во 1993 година. Оттогаш, тој направил бројни јавни и приватни посети во организацијата.[2][3] На 13 февруари 2019 година, принцот Вилијам станал покровител на организацијата.[4][5] На крајот на 2023 година, тој го посетил Премин за да им помогне на волонтерите да служат ручек на забавата на нивните клиенти.[6]
Во 2023 година, Премин отворила центар за бездомници во соработка со Бентли Хаус, обезбедувајќи поддршка за 225 лица кои се соочуваат со бездомништво. Пасиџ Хаус располага со 37 соби со тоалети и обезбедува услуга за брз одговор за оние кои штотуку се соочиле со бездомништво, со цел да се спречат поединците да останат заробени во уличен начин на живот[7][8]
До 2021 година, Премин им помогнала на повеќе од 135.000 луѓе во криза.[3] Премин работи со ресурсен центар во Викторија, заедно со проекти за домување и преселување, теренски и здравствени услуги, иницијативи за спречување на бездомништвото и иновативна програма за упатување за модерното ропство.[3] Секој ден служи повеќе од 150 ручеци за оние на кои им е потребно.[4]
За нивната 30-годишнина, Премин создале изложба, ТРИЕСЕТ на ТРИЕСЕТ.[9] Изложбата прикажува 30 портрети од луѓе како што се Чери Блер, Рори Бремнер, Сер Стјуарт Роуз, Џон Варли, министерот за домување Грант Шапс и архиепископот Винсент Николс само за да именува неколку - како и голем број клиенти, колеги, волонтери и поддржувачи.[10] 30 различни фотографи, вклучувајќи ги Боб Вилер, Алан Махон, Пол Венам-Кларк и Том Хантер ги направиле овие фотографии
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Photography, Philanthropy and the Corporate Website http://www.corporate-eye.com/blog/2011/01/photography-philanthropy/
- ↑ „William says Diana would be disappointed at level of homelessness“. BBC. 2023-03-15. Посетено на 2023-12-29.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Perry, Simon (2021-09-30). „Prince William Celebrates a Cause Princess Diana Inspired Him and Prince Harry to Support Decades Ago“. People.com. Посетено на 2023-12-29.
- ↑ 4,0 4,1 „Prince William named Royal Patron of Catholic homelessness charity“. The Tablet. 2019-02-15. Посетено на 2023-12-29.
- ↑ „Prince William Becomes Patron of Homeless Charity Princess Diana First Took Him To“. Etonline.com. Посетено на 2023-12-29.
- ↑ „Prince William Puts on an Apron and Prepares Food at a Christmas Party“. Hola!. 2023-12-12. Посетено на 2023-12-29.
- ↑ „Live updates as Prince William opens London homeless shelters“. My London. 2023-02-23. Посетено на 2023-12-28.
- ↑ Henni, Janine (2023-02-23). „Prince William Returns to Homelessness Charity He First Visited as a Boy with Mom Princess Diana“. People.com. Посетено на 2023-12-29.
- ↑ „THIRTY by THIRTY“. Архивирано од изворникот на 2011-02-10. Посетено на 2011-01-25.
- ↑ Face to face http://www.designweek.co.uk/home/blog/blog-archive/face-to-face/3022512.article