Прекрасниот волшебник од Оз

Прекрасниот волшебник од Оз е роман за деца од 1900 година, напишан од авторот Л. Френк Баум и илустриран од В. В. Денслоу. [1] Тоа е првиот роман од серијата книги Оз. Дороти е девојче од една фарма од Канзас која заедно со нејзиното куче Тото, завршиле во магичната земја Оз откако циклон[2] ќе го однесе нивниот дом. По нејзиното пристигнување во Оз, таа дознава дека не може да се врати дома додека не ја уништи Злобната вештерка од Западот. [2]

Книгата првпат била објавена во САД во мај 1900 година од компанијата Џорџ М. Хил. [3] Во јануари 1901 година, издавачката куќа го завршила печатењето на првото издание во 10.000 примероци, кое брзо било распродадено.[3] Книгата била продадена во три милиони примероци до моментот кога влегла во јавна сопственост во 1956 година. Често се препечатувала под наслов Волшебникот од Оз, што е наслов на успешната музичка адаптација на Бродвеј од 1902 година, како и на играниот филм од 1939 година.[4][5]

Револуционерниот успех и на оригиналниот роман од 1900 година и на мјузиклот од 1902 година го поттикнал Баум да напише тринаесет дополнителни книги за Оз, кои служат како официјални продолженија на првата приказна. Повеќе од еден век подоцна, книгата е една од најпознатите приказни во американската литература, а Конгресната библиотека го прогласила делото за „најголемата и најомилена домашна бајка во Америка“.[6]

Наводи

уреди
  1. Baum & Denslow 1900.
  2. 2,0 2,1 Greene & Martin 1977.
  3. 3,0 3,1 The New York Times 1900a.
  4. The New York Times 1903.
  5. Twiddy 2009.
  6. Library of Congress: Oz Exhibit 2000.