Пред да кажеш ало
Пред да кажеш „ало“ (италијански: Prima che tu dica „Pronto“) — збирка раскази на италијанскиот писател Итало Калвино, објавена во 1993 година.
Содржина
уредиЗбирката содржи раскази од повеќе периоди од творештвото на Калвино:[1]
- Апологии и раскази (Apologhi e racconti 1943-1958)
- Блесок
- Кому му е добро
- Совест
- Црна овца
- Љубов далеку од дома
- Ветрот во еден град
- Очите на непријателот
- Генерал во библиотеката
- Племето што гледа во небото
- Ноќен монолог на еден шкотски благородник
- Еден убав мартовски ден
- Големи риби, мали риби
- Раскази и дијалози (Racconti e dialoghi 1968-1984)
- Меморијата на светот
- Пред да речеш „ало“
- Леденото доба
- Повикување на водата
- Огледало, мета
- Сеќавањата на Казанова
- Последниот канал
Осврт кон делото
уредиЗбирката дава пресек на целата раскажувачка историја на Калвино, откривајќи дека на почетокот тој бил ученик, а најпосле станал книжевен волшебник. Така, оваа збирка покажува како почетниот реализам во расказите на Калвино постепено се одликува со одреден формализам и станува облагородено со фантастиката, а некогашниот политички ангажман еволуира во прекрасен книжевен херметизам. За чудо, во текот на таа еволуција, расказите на Калвино стануваат сè поблиски до читателите. Сепак, збирката нема чисто археолошка вредност, зашто расказите на Калвино, независно од кој период потекнуваат, секогаш го носат неговиот неповторлив печат што се одликува со елеганција и со хумор. Расказите во оваа збирка се однесуваат на љубовта и отсутноста, на љубовта и осаменоста, така што може да се каже дека цело време се раскажува за истото, но на илјада различни начини. Кај Клавино, секој од тие начини се одликува со посебен мирис и вкус, а збирката претставува галерија на мали настани кои писателот ги претворил во чудо на големиот живот.[2]