Предизвик (филм од 2017)
Предизвик (англиски: The Challenge) - долгометражен документарен филм од 2016 година, во режија на Јури Анкарани (Yuri Ancarani).
Содржина
уредиДејството на филмот се одвива во Катар, за време на еден викенд, кога во пустината се одржува турнир во соколарство. Главните протагонисти во филмот се млади, богати шеици кои ја негуваат страста кон ловот со помош на соколи. Притоа, во филмот може да се видат кадри од типот на: шеици кои возат златни мотоцикли, приватни авиони за превоз на питомите соколи, луксузни резиденции и шеик кој го вози своето „Ламборгини“ додека на совозачкото место седи неговиот миленик - гепардот. единствената жена која се појавува во филмот е една странска туристка на камила.[1]
Осврт кон филмот
уредиКарактеристично за филмот е тоа што речиси нема дијалози, ниту пак раскажувач кој го објаснува дејството. Филмот започнува со бавно движење, во епски манир. Фотографијата во филмот го одзема здивот, а сугестивната атмосфера е збогатена со креативниот амбиентален звук. Во точката на кулминацијата, режисерот пристапува кон бескомпромисна стилска апстракција, наративно лимбо коешто прераснува во комедија на апсурдот. Филмот завршува со нема и црна одјавна шпица. Инаку, филмот бил сниман во период од три години.[1]