Прангли
Прангли (шведски: Vrangö) ― естонски остров во Финскиот Залив.
Црквата во Прангли | |
Географија | |
---|---|
Место | Балтичко Море |
Координати | 59°37′28″N 25°01′15″E / 59.62444° СГШ; 25.02083° ИГД |
Површина | 6,44 км2 |
Највисоко место | 9 м |
Држава | |
Естонија | |
Округ | Харју |
Демографија | |
Население | 151 |
Густина | 23 /km2 (60 /sq mi) |
Првите записи се од 1387 година кога се викало Ранго. Првите доселеници дошле од Шведска. Естонската култура била ширена на островот во 17 век.
Прангли е дел од општината Вимси. Во Келнасе се наоѓа пристаниште кое е поврзано со траект до Лепнеме на копното.
Растителноста, особено на истокот на островот е главно ела.
Пранглишкиот светилник бил изграден во 1923 година.
Во 1941 година, естонскиот пароброд Естиранд бил потопен покрај брегот на островот Прангли по германски воздушен напад. Естиранд бил дел од флота бродови кои носеле советски трупи кон Ленинград за време на советската евакуација на Талин.[1] Естонскиот екипаж и регрутите успеале да го разоружаат советскиот воен персонал на бродот и да ја преземат контролата над островот, кревајќи го знамето на Естонската Република на високо борово дрво.[2] Буната спасила приближно 2.700 регрути, од кои повеќето биле Естонци, да бидат мобилизирани во Ленинград. По војната, на островот бил поставен споменик во чест на оние кои ги загубиле своите животи во трагедијата.
Галерија
уреди-
Домот на култура
-
Мештанска продавница
-
Пристаништето Малги
-
Келнаското пристаниште
-
Пранглиевиот ноќен светилник
-
Музеј
-
Брод Хелге
-
Глацијални непостојани
-
Спомен место по чест на Естиранд
-
Куќи во Прангли
-
Колиба
-
Крајбрежје
Наводи
уреди
- ↑ Taylor, Neil (2014). Bradt Travel Guide: Estonia. Bradt Travel Guides. стр. 128. ISBN 9781841624877. Посетено на 16 март 2021.
- ↑ Rikken, Kristopher (24 август 2011). „1941 Steamer Tragedy, Revolt Remembered“. Eesti Rahvusringhääling. Посетено на 16 март 2021.
Надворешни врски
уреди- Пранглиска естонска евангелска црква, Пранлиска Свети Лауренциева парохија Архивирано на 6 септември 2008 г.
- Leuchtturm Прангли
- Прангли