Празнинска галаксија
Празнинска галаксија — галаксија сместена во вселенска празнина.[1] Во празнините има само малку галаксии; највеќето се листовите, ѕидовите и нишките кои ги обиколуваат празнините и суперпразнините.[2][3] Многу празнински галаксии се поврзани низ празнинските нишки[4] или пипки,[5] полесни верзии на обичните галактички нишки околу празнините. Овие нишки обично се поправи од обичните поради отсуството на влијание од околни нишки.[4] Ваквите нишки може да бидат доволно содржајни за да образуваат сиромашни галактички групи.[6] Самите празнински галаксии претставуваат недопрени примери за галактичкиот развој, со малку соседи и настанати од чист меѓугалактички гас.[7]
Образување
уредиМногу астрофизичари сметаат дека празнинските галаксии се образуваат кога галактички нишки под дејство на гравитација од големо суперјато се извлекуваат од погустите подрачја, предизвикувајќи зголемување на празнини како Воловарската. Ваквите појави понекогаш зад себе оставаат галаксии како MCG+01-02-015.[8]
Список на празнински галаксии
уреди- Напомена: Списокот е нецелосен.
Галаксија | Празнина | Нишка | Навод | Коментари |
---|---|---|---|---|
PC 1357+4641 | Воловарска | [9] | оддавнолиниска | |
IRAS 14288+5255 | Воловарска | [9] | рендгенски извор од АГЈ | |
G 1432+5302 | Воловарска | [10] | ѕвездородна галаксија | |
G 1458+4944 | Воловарска | [10] | ЈПНОЛ-галаксија | |
G 1507+4554 | Воловарска | [10] | ѕвездородна галаксија | |
G 1510+4727A и G 1510+4727B | Воловарска | [10] | замоделувачки галактички пар | |
BHI 1514+3819 | Воловарска | [9] | ||
FSS 1515+3823 | Воловарска | [9] | ||
G 1517+3949 | Воловарска | [10] | ѕвездородна галаксија | |
G 1517+3956A и G 1517+3956B | Воловарска | [10] | замоделувачки галактички пар | |
IRAS 15195+5050 | Воловарска | [9] | рендгенски извор од АГЈ | |
Маркарјан 845 | Воловарска | [9] | Сејферт 1 (рендгенски извор) | |
CG 547 | Воловарска | [9] | оддавнолиниска | |
CG 637 | Воловарска | [9] | оддавнолиниска | |
CG 922 | Воловарска | [9] | оддавнолиниска | |
MCG+01-02-015 | [11][12][13][14] | LEDA 1852 (Риби) | ||
Риби A | Месна | [15] | ||
Риби B | Месна | [15] | ||
NGC 7077 | Месна | [16] |
Наводи
уреди- ↑ Rien van de Weygaert; Platen, Erwin; Tigrak, Esra; Hidding, Johan; Thijs van der Hulst; Aragon-Calvo, Miguel A.; Stanonik, Kathryn; Jacqueline van Gorkom (17 декември 2009). „The Cosmically Depressed: Life, Sociology and Identity of Voids“. Galaxies in Isolation: Exploring Nature Versus Nurture. 421: 99. arXiv:0912.3473v1. Bibcode:2010ASPC..421...99V.
- ↑ SchmidtFirst1=K.-H.; Bohm, P.; Elsasser, H. (февруари 1997). „On the emptiness of voids“. Astronomische Nachrichten. 318 (2): 81. Bibcode:1997AN....318...81S. doi:10.1002/asna.2113180204.
- ↑ Astronomy and Astrophysics, "Results of a search for faint galaxies in voids", Kuhn, B.; Hopp, U.; Elsaesser, H.;, 'v.318', 02/1997, Bibcode: 1997A&A...318..405K
- ↑ 4,0 4,1 Park, Daeseong; Lee, Jounghun (декември 2009). „The Bridge Effect of Void Filaments“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 400 (2): 1105–1108. arXiv:0905.4277v2. Bibcode:2009MNRAS.400.1105P. doi:10.1111/j.1365-2966.2009.15524.x. S2CID 16612240.
- ↑ Alpaslan, Mehmet; Robotham, Aaron S. G.; Obreschkow, Danail; Penny, Samantha; Driver, Simon; Norberg, Peder; Brough, Sarah; Brown, Michael; Cluver, Michelle; Holwerda, Benne; Hopkins, Andrew M.; van Kampen, Eelco; Kelvin, Lee S.; Lara-Lopez, Maritza A.; Liske, Jochen; Loveday, Jon; Mahajan, Smriti; Pimbblet, Kevin (1 мај 2014). „Galaxy and Mass Assembly (GAMA): fine filaments of galaxies detected within voids“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 440 (1): L106–L110. arXiv:1401.7331. Bibcode:2014arXiv1401.7331A. doi:10.1093/mnrasl/slu019.
- ↑ "Studies of Selected Voids. Faint Galaxies in the Direction of the Void 0049+05", G.T. Petrov, L. Slavcheva-Mihova, V. Kopchev, 2007' '
- ↑ arXiv, "Cosmic Voids: structure, dynamics and galaxies", Rien van de Weygaert, Erwin Platen, 16 декември 2009, arXiv:0912.2997, Bibcode: 2009arXiv0912.2997V
- ↑ Dvorsky, George. „Behold the Boötes void, the spookiest place in the cosmos“. io9 (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-05-15. Посетено на 25 август 2019.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 9,8 The Astrophysical Journal Letters, "Detection of X-Ray Emission from Galaxies inside the Bootes Void", Chulhee Kim, Th. Boller, Kajal K. Ghosh, Douglas A. Swartz, Brian D. Ramsey, 'Volume 546, Number 2', 10 January 2001, doi:10.1086/318868
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 10,5 The Astronomical Journal, "Spectroscopy of Galaxies in the Bootes Void", Shawn Cruzen 1, Tara Wehr, Donna Weistrop, Ronald J. Angione, Charles Hoopes, 'Volume 123, Number 1', 2002 January, doi:10.1086/324739
- ↑ „The loneliest of galaxies“. Hubble Space Telescope. 9 ноември 2015. Архивирано од изворникот на 2015-11-12. Посетено на 10 ноември 2015.
- ↑ SIMBAD, MCG+01-02-015
- ↑ Sci-News, "NASA’s Hubble Space Telescope Focuses on Lonely Galaxy", 9 November 2015
- ↑ SpaceDaily, "Hubble Views a Lonely Galaxy", 18 November 2015
- ↑ 15,0 15,1 „Hubble Sees Two Dwarf Galaxies in Pisces“. Sci-News. 15 август 2016.
- ↑ Tully, Brent. „The Local Void“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-18. Посетено на 2022-12-10.