Правна норма
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Под правна норма се подразбира правило за поведение на луѓето пропишан и санкциониран од страна на државата. Секоја правна норма е составена од три елементи:хипотеза, диспозиција и санкција. Хипотеза е оној дел од правната норма во кој се предвидени условите и околностите што треба да се исполнат за да може да се примени диспозицијата на правната норма. диспозиција е оној дел од правната норма во кој е пропишано самота правило на поведение.Овој дел од правната норма е суштествен.Тоа е дел за кој, всушност, постојат другите делови, т.е. хипотеза и санкцијата. санкцијата е оној дел од правната норма во кој се определени последиците, санкциите што би настапиле за субјектот поради непочитување на диспозицијата.
Поим на правна норма
уредиПравната норма како вид општествена норма, претставува дел од нормативниот елемент на правниот поредок.Притоа би рекле дека правната норма претставува правило за поведение на луѓето заштитена со државниот апарат на принуда.Таа е најважниот, основниот елемент на правото кој не може понатаму да се разложува на попрости елементи кои сами за себе би можеле да претставуваат право.Што значи елементите на правна норма сами за себе не претставуваат право туку тие стануваат право при нивно соединување во правна норма.
Составни елементи на правната норма
уредиКај правната норма разликуваме три елементи (хипотеза, диспозиција и санкција).
Хипотеза
уредиХипотезата е оној дел од правната норма во кој е содржан описот на фактите, збиднувањата, условите кои доколку настанат ќе може да се изврши главниот елемент на правната норма – диспозицијата. Хипотезата сама по себе не е норма ниту пак има правен карактер.Со неа сè уште немаме правило за поведение, туку само опис на условите за примена на вториот, односно третиот елемент на правната норма.
Диспозиција
уредиВториот елемент на правната норма е диспозицијата.Зборот диспозиција потекнува од латинското име disposito што значи расположение.Со диспозицијата како дел од правната норма се пропишува правилото за поведението на луѓето во одредени ситуации.За разлика од хипотезата, диспозицијата има нормативен карактер. Диспозициите според нивниот надворешен облик, односно според тоа како се обраќаат на субјектите можат да бидат:наредувачки, забранувачки и овластувачки. Наредувачка диспозиција е онаа со која му се наредува на некој субјект нешто да стори (родителите се должни да ги воспитуваат и издржуваат своите деца). Забранувачки диспозиции се кога на субјектите им се забранува одредено поведение (се забранува убивање, нанесување на штета на друг, измама и слично). Овластувачки диспозиции се оние со кои одредени субјекти се овластуваат на одредено поведение(граѓаните имаат право на молба,жалба итн.).
Според степенот на одреденост диспозициите можат да се поделат на два вида: апсолутно одредени диспозиции и релативно одредени диспозиции. Апсолутно одредени диспозиции содржат т.н. категорични норми.Тие претставуваат правила за поведение на субјектите чие барање е точно одредено (пример диспозиции со кои се одредуваат рокови). Релативно одредени диспозиции им овозможуваат на субјектите на кои се однесуваат да извршат избор на поведението и одлучувањето со цел да се приспособат на стварната состојба, односно со цел да се приспособат на решавањето на правните односи на соодветмни случаи, независно од нивните посебни обележја.
Санкција
уредиСанкцијата како трет елемент на правната норма настојува да се обезбеди извршување на диспозицијата.Таа е правило за поведение кое е упатено, од една страна, на прекршителот на диспозицијата на правната норма и од друга страна , на државниот орган кој е повикан да примени принуда против прекршителот. Квалитетот и квантитетот на санкциите во правото се соодветни со тежината на прекршокот – деликтот.Доколку општествената опасност на противправното дело (прекршокот) е поголема дотолку и правната санкција е потешка.По правило санкциите имаат имптеративен карактер, а само по исклучок можат да имаат диспозитивен карактер (на пример со т.н. договорна казна во имотното право). Според видот на деликтот санкциите можат да бидат: казнено-правни,управно-правни и дисциплински. Според критериумот на доброто што од нив се одзема се делат на: телесни, материјални и морални. Според степенот на одреденоста на санкцијата разликуваме: апсолутно одредени, релативно одредени и неодредени.
Видови на правни норми
уредиСо оглед на одделни нивни одлики правните норми може да се поделат на повеќе видови.Основна и најважна поделба на правните норми е поделбата на општи и поединечни правни норми. Општи правни норми се оние што се упатени на неограничен број субјекти, т.е. оние правни норми што е должен да ги почитува секој субјект кога ќе се најде во условите утврдемни во хипотезата на правната норма.Таква е на пример нормата: Секој е должен да плати данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон. Поединечни правни норми се оние што се упатени на точно определен субјект, т.е. оние чија диспозиција се однесува на еден субјект.Пример лицето М.Н. се обврзува да плати данок на имот во износ од 10.000 ден. Според содржината правните норми се делат на: императивни и диспозитивни. Императивни правни норми се оние правни норми во кои се дадени правила за поведение, по кои мора да постапи субјектот ако сака да предизвика одреден правен ефект, односно ако сака да избегне примена на соодветна санкција.Таква е на пр. Нормата од Уставот на РМ каде што се вели: Секој е должен да ги почитува Уставот и законите. Диспозитини правни норми, им допуштаат на субјектите и друго поведение од она што е утврдено во диспозитивната норма.Имено, тие можат да го изберат поведението пропишано во диспозитивната правна норма или да изберат друго поведение. Што значи диспозитивните правни норми имаат супсидијарен карактер,т.е. се применуваат ако субјектите не одлучиле друго, односно не предвиделе ништо.