Потсетник за таблети
Потсетник за таблети е секој уред што може да ги потсетува корисниците да ги земаат лековите. Традиционалните потсетници за апчиња се контејнери за таблети со прикачени електрични тајмери, кои може претходно да се постават во одредени периоди од денот за да се вклучи алармот. Пософистицираните потсетници за таблети исто така можат да детектираат кога се отворени, и затоа кога корисникот е отсутен во времето кога требало да ги земе лековите, ќе биде потсетен за тоа кога ќе се врати. Овој потсетник може да биде изработен и во форма на светло, што им помага и на глуви или лицата со оштетен слух.
Понов тип на потсетник за таблети е мобилна апликација која го потсетува сопственикот да го земе лекот.[1] Некои од овие апликации може ефикасно да го поддржат придржувањето на пациентите кон земање лекови.[2] [3]
Поврзано
уреди- Дозер за апчиња
- Организатор на таблети
Наводи
уреди- ↑ Tabi, Katarina; Randhawa, Abnashi Singh; Choi, Fiona; Mithani, Zamina; Albers, Friederike; Schnieder, Maren; Nikoo, Mohammadali; Vigo, Daniel; Jang, Kerry (2019-09-11). „Mobile Apps for Medication Management: Review and Analysis“. JMIR mHealth and uHealth (англиски). 7 (9): e13608. doi:10.2196/13608. PMC 6786858. PMID 31512580.
- ↑ „Apps to help patients take medication on time need to be evaluated in a consistent way“. NIHR Evidence (Plain English summary) (англиски). National Institute for Health and Care Research. 2020-06-02. doi:10.3310/alert_40365.
- ↑ Armitage, Laura Catherine; Kassavou, Aikaterini; Sutton, Stephen (30 January 2020). „Do mobile device apps designed to support medication adherence demonstrate efficacy? A systematic review of randomised controlled trials, with meta-analysis“. BMJ Open (англиски). 10 (1): e032045. doi:10.1136/bmjopen-2019-032045. ISSN 2044-6055. PMC 7045248. PMID 32005778.